1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Genius (Генијалец), 2017

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од theunforgiven, 2 мај 2017.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.145
    Genius (Гениј, Генијалец) е уште една нова антологиска, историска телевизиска серија.

    [​IMG]

    Првата епизода беше емитувана 25 април, како дел од првата сезона составена од 10 епизоди посветени на генијалецот Алберт Ајнштајн. Тоа значи дека во втората сезона ќе се обработува животот и делото на некој друг историски значаен лик, а тоа ќе биде соопштено и откриено на крајот од првата сезона.

    Серијата е во продукција на National Geographic и се занимава со животот и делото на физичарот Ајнштајн од неговата младост па се` до последните години од неговиот живот.

    Јас ја одгледав првата епизода и сум задоволен. Привлекува и задржува внимание, така што, сигурен сум дека ќе ја одгледам цела прва сезона, а веќе со нетрпение чекам да ја одгледам втората епизода.



    [​IMG]