,,Првиот брак на Џорџи и Менди" е нов спиноф на ситком серијата Young Sheldon која и самата е спиноф на TBBT. Премиерата на серијата е закажана за 17 октомври (другиот четврток). На нетфликс како по обичај не верувам дека ќе ја дадат одма, 7-та сезона од Young Sheldon се уште ја нема, така да на нетфликс да ја очекуваме кон средината на 2025 претпоставувам. Очекувам доста од серијава, иако мислев дека Шелдон е врвот, очекувам баш оваа да постави нов врв. Се надевам и дека некои ликови нема да се изоставени, на пример ако ја нема meemaw, колку и да е добра серијата нема да има потенцијал (според мене). Дали планирате да ја гледате и дали имате високи очекувања?
Сега гледам трејлерот и ми се сруши филм, пак ставиле laugh track. Ужас бе, не сме уште 2005 па тоа е да е фора и интеренсо. Се разочарав до крај, а баш очекував нешто.
Има торенти на 1337х, ја изгледав. Не сум задоволна, не ми се допаѓа вајбот на серијава. Ко вештачка атмосферата, не тече природно ни глума, ни дијалози, ништо. Не знам дали ќе продолжам да гледам, штура ми е многу некако.
https://flixtor.nu/watch/tv/13658843/georgie-mandy-s-first-marriage/season/1/episode/1 Многу лошо. Па тоа насловната, толку беше out of place, немам зборови. Ќе и дадам шанса, ама ако продолжат вака, ништо.