Glow, нова серија на Нетфликс за која велат дека е подобрата верзија на Orange Is the New Black. Дејството се случува во 1985 година, Лос Анџелес. Главниот лик е пропадната актерка по име Рут (Alison Brie) која по низа неуспешни аудиции дознава за една необична можност (& it's not porn). Не сакам да ви пишувам спојлери, само ќе ви кажам дека Рут набрзо ќе се најде меѓу жени кои баш и не се вклопуваат во вообичаениот „шаблон“ на холивудската убавина. Инспирација за оваа приказна се девојките од GLOW: Gorgeous Ladies of Wrestling, познато шоу од 80-тите во кое жени се маскираат во суперхерои/негативци и се борат меѓусебе во ринг. Сите 10 епизоди од вчера се достапни на интернет. Јас се воодушевив од 38-минутниот пилот па морав да ја споделам со вас.
Ја гледав Алисон Бри по ток шоуа како ја промовира серијата, али судејќи во какви филмови (комедии) она глуми, не ја сфатив сериозно и за серијава. Може ќе ја почнам, али многу серии се, не може и да сакаш се да изгледаш.
Се заразив со серијава. Симнувам 5та епизода додека го пишувам коментаров. Јас пак ја сакав Алисон во Комјунити и некако ептен ми е срцка. Едвај чекам да почнат борбите
Има нова сезона излезено. Јас сум до 4та епизода. Спојлер Ме нервира многу Рут со тоа нејзиното понизно однесување, сакам малку заби да покаже, аман.
Мене оваа ми е следна на листа за гледање, долго време ја имав забележано и сега се решив дека ќе ја гледам штом за ја завршам моменталната.