-не видов дека постои тема за серијава. Имено многу добра серија, за жал има само една сезона од 13 епизоди кои буквално во еден здив ги изгледав и многу се нервирам што нема втора сезона, а би можеле многу добра да ја направат. За серијата: Базирана е на шпанската серија Гран Хотел и станува збор за Хотел Ривиера Гранд на брегот на Мајами, серијата го претставува животот во хотелот, животот на газдите Мендоза и интригите и сплетките во кои се вклучени сите.И вработените и газдите. Според мене интересна приказна има, има некои ептен twisted моменти на кои стварно нема да им го очекувате таквиот крај. Се на се, мене лично ми беше интересна серијата, дури и плачев на една од последните две епизоди..и многу онака ненадејно заврши.Последната сцена беше и мислам дека би било у реду да стават и втора сезона, да се доврши приказната и драмата на Мендоза. Од мене 10/10. Ја гледал некој?Му се виде интересна?
Јас некогаш кога ја фатам на FOX LIFE, ми се свиѓа интересна серија, задржува внимание. Но, каде можам да ја најдам online со превод? Ти на што ја гледаш?
https://serijeonline.net/serije-onl...rand-hotel-sa-prevodom-hd-online-serijeonline еве, сите епизоди ги има овде
На Fox Life и јас ја имам на реклами видено неколку пати, баш ме заинтересирала, ама сега кога гледам само 1 сезона дека има, си велам, вреди ли да се внесам во приказната, кога знам дека нема јасен крај и така да ми заврши Неколку серии така сум почнала, ептен ми се допаднатле, и на крај : cancelled , нема други епизоди, а јас оставена на cliffhanger , мојата имагинација да осмислува крај Затоа се мислам дали може подобро шпанскава да ја изгледам , па потоа оваа на Ева Лонгорија. Па и да си остане само со една сезона, да не му ја мислам, нели колку - толку ќе знам што како е, според шпанскава. Ама па шпанскава да не е нешто апла сапунџиско и драматично ..... дилеми, дилеми
Јас тек кога ја завршив, да проверам кога ќе почне втора сезона сфатив дека имала само една сезона Јас ти предлагам да ја гледаш, интересна е. Се надевам дека ќе извадат и 2ра сезона, многу чудно завршува првава..мора да има некое објаснување
ABC , најверојатно, дефинитивно ја имаат откажано , ако некоја друга компанија ја земе, може и ќе ја обноват за втора сезона Така “воскреснаа“ неколку серии годинава, можеби ќе и се посреќи и на оваа..
Дај Боже, ептен сакам 2ра сезона. Колку серии имаат исфорсирано со непотребни додадни сезсони или епизоди..боље да извадат од оваа уште една сезона.
@mazikeen и другите, обавезно да ја гледате шпанската ако ја најдете со добар квалитет. Јас пред 2 години не можев да прекинам да ја гледам