Серијата ми беше добра, на Софија некако имав цело време осеќај дека улогата воопшто не и прилега. Многу усилено и вештачки ми делуваше..
Исто. Иако ја сакам Вергара, преубава ми е и интересна во комедии, за оваа улога беше очигледно несоодветна. Не само заради физичкиот изглед, туку и карактерно не го долови ликот. Покажа слаби актерски способности.
Да го гледате филмот со Кетрин Зета Џонс за Гризелда и да направите споредба со Софија Вергара.. Филмов е многу подобар од серијава.
Јас сум до пола, немам време баш многу за да ја изгледам одма цела. Но, мене ми се допаѓа. Ако гледаме дали е иста со реалната Гризелда и сето тоа-океј, се согласувам дека не е исто. Но, јас, како некој што не е запознаен со вистинската приказна, потполно уживам во секоја сцена. Мене Софија ми е одлична и тука, баш ми го доловува она што треба да се долови: мајка, жена, страв, паника, сигурност, блефирање, издржливост, упорност, сигурност, цврстина, слабости, емоции...
Јас ја изгледав за два дена На моменти ми беше и језива, ама сепак убава серија. Филмот го немам гледано, ниту бев запознаена со приказната искрено, ама Софија не ми се допадна како глумеше, доста вештачки на моменти, не и "легна" според мене улогава, или дека сум навикната да ја гледам во поинакви улоги, не знам
Серијава ја изгледав во едно седнување. Мене лично баш ми се допадна. Со вистинската приказна не сум запознаен, за да направам паралела дали нешто е пропуштено, или недоволно доловено, баш ќе го погледнам филмот што сте го предложиле погоре, меѓутоа во генерала ми се допадна. Доста сурова, на моменти и сериозно вознемирувачка, со неколку емотивни моменти. Ми се допадна и тоа што не се обидуваат Гризелда да ја направат допадлив карактер, ко што често знаат режисерите да прават со вакви ликови. Глумата на Софија Вергара мислам дека е солидна, меѓутоа мислам дека пречка е протетиката на лице. Тој момент малку ја ограничува во улогава и мислам дека подобро би било кога воопшто не би се обиделе да ја доловат фацата на Гризелда, бидејќи мислам дека не е ни толку битен фактор. Или ако веќе мислат дека тој момент е пресуден, да нашле некоја што е физички послична со реалната личност. Меѓутоа, сѐ на сѐ, ми се допадна и не ме остави рамнодушен серијава.