1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

H&M

Дискусија во 'Мода и стил' започната од guitar, 20 јуни 2012.

  1. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Ви се допаѓа ли маркираната обека на H&M? Би сакале ли кај нас да ја има оваа марка и дали би купувле од неа? Кои парчиња најмногу ви се допаѓаат, палта или фустанчиња, сакоа или маички?
    Какви се вашите впечатоци и искуства со облеката од оваа мара и дли веќе имате некое вакво парче? :)
    Мене лично многу ми се допаа и кога бв во Виена ќе заспиев во бутиците. Сон се. :rock:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Еве некои од оваа летна колекција
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Имам една блузичка што ми ја купи мајка ми кога беше во Шведска од оваа марка. Имаат добри парчиња и ми се допаѓаат, а сликите и обие купачите многу ми се допаднаа. Штета што нема кај нас :(
     
  4. Champs.Elysees

    Champs.Elysees Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    117
    Имам купувано од бутиците на H&M од Герм. и Грција.
    Морам да кажам дека квалитеот е одличен за тие пристапни цени. Вреди да се купува на попуст затоа што цените се пониски и од кај нас.
    Многу ми е криво затоа што нема вакви бутици кај нас , но се надевам дека ќе дојдат во новиот трговски Сити мол . ;(

    Колекцијата Fashion against AIDS

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. simce11

    simce11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам H&M и ZARA од септември доаѓаат во Македонија,во новиот шопинг центар,имаат преубави работи и квалитетни,од Словенија имам купено фустани,мини сукњи беа на попуст за 1 евро,не ми се веруваше :) мантилче од 100 евра беше на попуст на 20 евра,фармерки,долна облека преубав е матријалот,едвај чекам да дојдат и кај нас :clap:
     
  6. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Мислам дека е замо Зара, за Х&М немам слушнато дека ќе го отворат во Ск... ама ете дајјјјј Боже да ни го донесат и нас :) има се, за сечиј вкус, пристапни цени (иако во последно време имаат некои лоши материјали на некои работи), имам доста работи од нив, едноставно ја обожавам оваа продавница :inlove:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    H&M за жал не доаѓаат во новиот Сити мол, од некоја причина не се заинтересирани за Балканот - ги има само во Хрватска и Словенија колку што знам, и нормално во Грција.
    Ама Србија и Македонија ја заобиколуваат :|

    Јас ги обожавам. Квалитетни а евтини парчиња. Издржливи со години, што и да имам од нив, не ми се распаднало, ниту искривило. Едноставно се за мене најдобри и најмногу ми се допаѓа што имаат за секој вкус по нешто, од бизнис облека до спортска. Ма цел да се скоцкаш од глава до петици за секоја прилика. Шо се вика од папуча, до - сунѓерче за пунџа правење (ова ми текна дека сега видов дека ги продаваат) :lol:
    Ми се допаѓа што соработуваат и со звучни дизајнерски имиња (освен Версаче - таа колекција им беше стварно утка) и го додржуваат правилото на пониски цени.

    Сега во Виена глава ми се сврте кога видов дека се веќе започнати попустите, панталони за 5 евра, фустанчиња спуштени на 3 евра, големи плетени чанти за 7 евра. Муко моја! Нормално дека не одолеав, грабнав неколку парчиња и без да ги пробувам, правец каса :D
    Е затоа ги сакам уште повеќе. За време на попуст, кафе ќе те чини поскапо отколку едно парче во Х&М, плус што знаеш дека стварно вреди за тие пари. Ма вреди и за почетната цена. Марка со која сум најзадоволна. Браво стварно за Швеѓаните!
     
    На LittlePinky, guitar и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Мислам дека на есен ќе се отвара во Белград во Делта :) блазе си им..
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Еј да! Сега читам :)

    Хм, само болдираниот дел ми мути вода... Епа ајде Македонија е на ред. И онака целиот свет стана униформирано глобално село. Сега нема веќе, кај нас кај вас, секаде е истото и не гледам причина зошто Х&М би ја заобиколил Македонија. И онака имаат луѓе кои шијат за нив во Струмица колку што знам - под амблемот, Made in Bulgaria :|

    Едино можеби би избегнале ради феноменот на македонската жена која е спремна да направи покољ во првите денови на отварањето :lol: Ама на нив тоа само им одговара.
     
  10. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа облеката од H&M. Имам неколку парчиња облека што ги имам купено во Солун и Рим. Баш би сакала да отворат и овде во Скопје ама колку што сум информирана сега за сега не верувам да има во Скопје сити мол.
    Баш вакви сакам да си купам, ехх да имаше тука...
    [​IMG]
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Добри 50посто и повеќе од мојата гардероба се од Х&М.
    Сe заборавам кога и да влезам во H&M по едно 100 евра на секоа влегување оставам таму.
    И секогаш се опремувам за цела тековна сезона.
    Не паметам еднаш да имам влезено а да немам купено нешто.
    Фармерките не им се нај издржливи, ама за ефтини им се.
    Мислам дека пресудно е тоа што има премногу попусти на се.
    Имам земено прекасни штикли за 30 евра симнати од 80, тоа е повеќе од 50 посто.
    Кошулите имаа најубав крој, прекрасно се струкирани лежа на тело совршено, посебно на струк.
    Фустанчиња исто имаат секакви модели од елегантни до поспортски и тоа се за багателни цени.
    Џеперите и сите плетени работи им се преквалитетни а можат да се начекаат за 10тина евра.
    Имаат грдероба за различни стилови од елегантни до спортски.
    Колециите што им беа во соработка со Вераче, Ланвин итн.. и беа сон, ама за жал експресно се потрошија и не беа баш по пристапни цени.
    Накитот ми прави посебно мерак, т.е прстените.
    Стилот на H&M премногу ми одговара и се совпаѓа со мојот.
    Немам купено единство купачи од таму, овој август морам да земам барем еден.
    Последно во германија кога бев скоро се што земав зеамв од H&M и дури ми дадоа поклон гифт кард, ама штета што само во Германија може да се корити. Барем ми ги краси новчаникот :D
    Омилени ми се зашто за не многу пари се облекувам од глава до пети и тоа онака како што јас си имам замисла.
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Зини земјо голтни ме и поврати ме во H&M со 500 евра в џеб.
     
    На LittlePinky, Hipster, SmilerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  13. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Сум била во H&M во Италија и Словенија, и навистина бев воодушевена. Не само од ниските (пристојни) цени, и можноста да си дозволиш добро парче облека туку и од културата на продавачките (тоа ти се вика љубезност и услужност, а не овде кај нас не дај Боже да и се обратиш ќе те утепа ). Дел од облеката ми е од таму, и оној кој бил во H&M продавница надвор од Македонија знае колку квалитетот на облеката е поголем, и како во Еуро Азиа во Скопје ги претеруваат цените, а го носат само „џанк-от“ од облека. :tmi:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Преубава облека,навистина многу би сакала да ја има кај нас... :)
     
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    За жал Х и М нема во скоро време да ги има во Македонија, мој близок пријател е постојано во Шведска, неговиот брат живее таму и разговарал со некој од главните за отварање на Х & М во Македонија, нивниот став бил НЕ во скоро време бидејки оделе само на сигрурен терен и сигруна близнис клима, а не во земја на транзиција.. |(
    И мене и пријателот ова не зачуди чудно бидејки нашиве горни се фалеа како нудат сигурна бизнис клима и многу поволности.. ни ете за жал нивното мислење е такво. :o
     
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Обожавам да купувам од Н&М! Секогаш кога одам во Холандија, куферот го враќам полн со парчиња од Н&М. Значи се ми се допаѓа од кај нив, СЕ!
     
  17. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    H&M и Zara ми се целата облека , уште да не ја знаев! Кај и да одам прво овие две продавници ги барам , да си изнакупам што ми треба па после може да се шета и по други . :D

    Ама луѓе па сериозно, кој ви дава во Македонија преубаво фустанче за на плажа за 60 денари ? Или сандали и апостолки за 300 денари? Или преубави летни парчиња воопшто по тие цени ? Па не само летни , H&M секогаш е во добри снабдувања , а стварно евтини цени. Во споредба со тоа што е бренд , марка , убаво ти е да се пофалиш дека нешто си купил од таму , а е толку џабе , тоа е совршенство за сите нас. Сите луѓе може да си најдат во H&M , за сите возрасти , сите вкусови , сите стилови . Па и материјалот е одличен за таа цена. А, да не зборуваме за колкав избор на купачи и долна облека има ! И по какви цени се! :x :clap:
     
  18. Sarah123

    Sarah123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    18
    обожавам да купувам од H&M, некако ми е легната маркава, ми одговараат парчињата, и поише од пола плакар дома ми е исполнет со парчиња од H&M.. последно што купив е пред една недела, бев во германија.. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.png
      untitled.png
      Големина на фајлот:
      70,3 KB
      Прегледи:
      213
    • 1.png
      1.png
      Големина на фајлот:
      152,2 KB
      Прегледи:
      213
  19. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Најзастапени парчина во мојот плакар. Ма немаат грдо парче, не се наоѓа. Незнам, ептен ја сакам маркава и уште повеќе одговара на мојот стил. И не се премногу скапи.
    Во наредна прилика ќе постирам нешто од мојата облека од H&M :)
     
    На pupi.girl и Sarah123 им се допаѓа ова.
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски

    Те молам постирај. И јас имам неколку блузиња ќе ги постирам хахаха :*