Happiness For Beginners [2023]

Дискусија во 'Филмови' започната од Евроазија, 11 јули 2023.

  1. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    2.372
    Пол:
    Женски
    Филмов се уште не е излезен,би требало да излезе на 27јули годинава.Направен е според книгата со истоимениот наслов од Кетрин Сентер.Книгата е пред некој ден преведена и издадена на македонски јазик, а како што пишува на самата корица,ќе има и филм на Нетфликс.

    Еве го официјалниот трејлер.

    Филмот е романтичен,хумористичен и многу забавен,исто како што и е книгата.Во моментов ја читам,и викам да ги видам ликовите и да ги споредам со онакви какви што јас ги замислував.
    Прво,Хелен некако ја замислував со многу пеги на лицето,со жар црвена коса,подруга форма на лицето,и сосема друга фаца,нормално :D
    Џејк,цело време го замислував како Џејкоб од Твајлајт,бидејќи прв на памет по името ми падна тој.Ама во филмов испадна многу симпатичен го направиле,убав актер избрале.
    Винди,во книгата ја опишуваат како слаба,русокоса,но во филмот е црнкиња.|(Мора секогаш барем кај некој лик да има некој недостаток,или да не се сложува исто како во книгата.

    Какви се вашите очекувања за филмот?
    Сте ја прочитале ли книгата?
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.936
    Допаѓања:
    105.498
    Пол:
    Женски
    Ми ја купија вчера од Стооомак за 199 ден. План ми е да ја читам па да го гледам филмот.
     

    Прикачени фајлови:

    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    2.372
    Пол:
    Женски
    Исто и на мене ми е од Стокомак.:)
     
    На GirlLove и nena2010 им се допаѓа ова.
  4. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    12.211
    Пол:
    Машки
    Немам читано ама бидејќи глуми Ellie Kemper ќе го погледнам.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Книгата не би ја читала, ми здосади авторкава, а книгава и е од постарите па мислам дека воопшто нема да ми биде по вкус и нема да губам време со неа. Ќе преминам веднаш на филмот. :D

    Малку ме потсеќа на Wild со Рис Витерспун, доста слични точки имаат на прв поглед. Но мислам дека овој на Нетфликс ќе биде доста полимунадест за разлика од Wild. За ладење мозок, веројатно таман ќе биде. :lol:
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.424
    Допаѓања:
    14.932
    Пол:
    Женски
    Ја читам книгава, на почеток е супер.
    Не сакам ни трејлерот да го гледам.
    Едвај чекам да ја прочитам.
     
    На simoncelicius, Евроазија и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    @Mishela, го гледаше филмот?
    Дојдов специјално да најдам тема за да го искажам разочарувањето од филмот :D
    Ја прочитав книгата, почетокот воопшто не ми се допадна, се чудев како може да е материјал за филм. Е, ама, потоа не можев да ја оставам дури не ја дочитам, па останав будна цела ноќ, дури и со по некоја солза :tmi:
    И вечерва дојде ред на филмот. Ретко да бендисам филм после прочитана книга, ама ова беше ептен разочарување :(
    Може требаше да знам подобро кога видов дека е Нетфликс, не сум фан.
    Од писателкава е ова прва книга што ја прочитав, препорачуваш некоја?
    И зошто била во Стокомак 199 денари, а јас сега за 400 ја купив :doh:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Даа, го гледав кога излезе и делам мислење. Некако ме разочара и мене, а книгата не ми е читана и не знам дали да ја читам зашто не знам ни дали има поента кога веќе ликовиве апла ми се во глава со лик од глумциве. :D
    Знам дека и е од постарире книги па некако што знам, се прашувам дали е добра како другите нејзини книги зашто јас ги читав поновите и веројатно малку се доизградила до тогаш.

    Ама како и да е, читани ми се How to walk away (многу ми се допадна) и Things you save in a fire која исто ми се допадна и ги препорачувам и двете да ги ѕирнеш. Мислам дека баш ќе ти се допаднат.
    Вторава е исто така преведена од Бата Прес, насловот е Љубовта не гори во пожар. И неа ја имаше во Стокомак за 199, одма кога ја пуштија во продажба имаше акција. :D
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.