Двајца хокеј играчи ја почнуваат сезоната како rookies, притоа полека ама сигурно, се заљубуваат еден во друг. Накратко. Надолго, хокејот во серијава е 2 посто застапен, сексот 90 посто. Она што мислам дека ги зграпчи гледачите не е сексот, експлицитните сцени, туку конекцијата која ја имаат, длабоката поврзаност, копнеењето... Нешто што во голема мера им недостасува на многу луѓе во денешно време, и серијава едноставно го допре баш тоа место. Има една сезона, базирана е на книгата Heated Rivalry - Rachel Reid. Сте ја гледале? Ако не сте, да ја гледате, нека не ве залажува хокејот дека е ова спортска серија.
Спојлер Се распаднав психофизички кога збореа на телефон и овој му кажува како го сака на Руски а другиов појма нема што збори. Многу, многу добра серија. Реална, забавна, нема глупи моменти, се си е спакувано како шеќерче, се осеќаш дека двајцата ти се другари, абе П.с гледајте го workout-от на Илчо за газ, elevated rdls, јас ги пробав во теретана, газот ме болеше 3 дена после ама за таква задница вреди
Јас 90% за задникот на Илија гледав Шала на страна, не за џабе е целата фама околу серијава. Мислев дека е спортска ама всушност е длабоко емотивна. Секоја чест на Конор за рускиот акцент, првите епизоди и јас мислев дека е русин
Пола од времето се прашував дали сум хомосексуален маж И секоја епизода си имаше свој шмек, иако е толку експлицитна и има малтене геј порно, пак не е тоа што ја прави толку addictive, туку приказната и хемијата меѓу нив двајца. И Скот и Кип ми беа преслатки иначе, на крајот од 5 епизода вриштев низ куќа не знам дали сакам да има уште, мислам дека ќе ја запустат. Нека си остане вака, како бомбона една сезона. Да не им се задеси Холивуд и да почнат да мислат на пари и да запустат све.
Ќерка ми ми вика ќе била депресивна втората сезона да не ме чујат социјални служби ама со неа ја глеав серијава Скот и Кип се
Последната епизода ми е оставена за вечер. Секогаш кога ќе налетам на серија која ми е ептен добра, се плашам одма да ја догледам, го одложувам крајот пошто брзо ќе ми заврши светот во кој живеам тој период. Од серијава добив желба да станам masculine gay, следен месец у теретана и нема веќе чупање веѓи.
Јас сакав да бидам хомосексуален маж. Сцената со all the things she said едно милион пати ја изгледав. Кога почна, првиот пат кога ја гледав, само го слушнав почетокот, светлото во клубот и знаев дека ќе биде предобра. Со ремиксот после уште едно ниво погоре ја качија. Розанов кога се врти од шанкот и скенира со погледот... @KateKane колку што прочитав авторката најавила нова книга, почнаа паричките. Ќе гледам и втора сезона, и тапа да ја направат, I dont care. И јас немав поим дека не е Русин, баш се чудев кај го нашле. После шлог ме мавна интервјуа кога гледав.
И јас. Кај им текна на песната, алал. Иначе не знам дали знаете, иако имало intimacy coordinator, многу од секс сцените се импровизирани од нив двајца. Буквално правеле онака како што им доаѓало природно, затоа сексот изгледа толку убаво и реално. Маќко, имаш цел workout на youtube. Само да ти напоменам дека е брутален буквално. Јас што сум кондициски во топ форма, одам и дигам тешко, плус трчам погинав. Не можев да се поместам наредниот ден. Да одиш во теретана иначе
Веќе по трет пат ја гледам серијата од почеток, edits-от и песните и самата уметност на паралелите меѓу карактерите... не можам да им одолеам. Како што сум ситничарка за детали, оваа серија си го направи своето да нема loose ends. Патем ја барам книгата да ја купам, но ја нема нигде, друго е физичка копија да се има него pdf верзија.
The best of the best Моментално авторката пишува и трета книга за нив.Имале само 5долари и сон кој стана реалност Ништо одлку добро не сум гледала во последно време.Кој ли ќе чека до 2027 за 2рата сезона? Ја прочитав книгата и немам збор.... Дефинитивно е посекси,повозбудлива но и по депресивна Има книга и за нив(Скот и Кип) Имаат тие уште од сега многу договори.Худсон(Шеин)беше вчера на Модната недела во Милано, беа на Golden Globe,имаа неколку гостувања по емисии и плус многу насловни. А на Инстаграм имаат и двајцата 2м+,а почнаа со по 5,6000
Не ме распнувајте ама овој Илја ќе го прегазам со трактор. Многу ме иритираше однесувањето општо како карактер. Навивав ептен за Скот и Кип, многу подобри карактери ми беа, ми останаа уште две до крајот и едвај чекам нивната приказна да ја видам, надежно со среќен крај.
Можда вистина 2016 се повторва во 2026 зошто ако едно нешто во мојот impressionable раст и развој имав е ... ✨геј фанфикција ✨ Првите две епизоди ми беа поќе за сексот искрено, него за приказната, и ако сите епизоди беа како првите две немаше да оценам серијава високо. Трета епизода ме уби во поим ко ја видов, од слатко шо беше и убавко и невино. Серијава ме потсети дека сум романтичар сепак. Кој би знаел. Остатокот од епизодите влегват ептен во суштината на ликовите и е неспоредливо добро обработено и многу сакам втора сезона ама во исто време ми е страв дека можи ќе ја уништат некако. 10/10
Серијата е заснована на книгите.Авторката и директорот рекоа дека 98%се држат според книгата.Е сега некои дијалози,имиња и предмети се променети поради правни причини.Исто Саша е додаден лик и крајот на четвртата не е така.А да и Илиа според книгата има тетоважа. Џејкоб дал интервју дека сега ја пишува 2рата сезона,и искрено мислам дека нема да ја зафркне.
Ја изгледав цела, омекнав на крај секако, но сепак сметам дека ептен лошо се однесуваше кон Шејн, без разлика на позадинските проблеми. Преубав ми беше моментот меѓу Скот и Кип, дефинитивно ми остануваат фаворити тие двајца.