Барав ваква тема ама не најдов. Овој ми е најомилениот тинејџерски филм. Ни јас не знам колку пати го имам гледано. Сценариото според мене доста се разликува од голем број тинејџерски филмови особено од тие поновите што се сега, овој ми е дефинитивно незаменлив. Многу ми се допаѓа и таа мода и тој изглед и вајб на доцните 80ти. Ги обожавам постарите филмови, но овој ми е дефинитивно некако омилен. Winona Ryder одлично глуми тука, а Christian Slater во оваа улога ми е еден од омилените негативци во филмовите иако е тежок психо, сепак не секој може да одглуми така добро како тој што одглуми. Омилениот цитат.
Филмов ме потсетува на мајка ми. Неколку пати сме го гледале со неа, еден од омилените филмови и е. Убав филм, Винона била прекрасна во младоста, оваа улога и е многу добра.