Hip Dips - дали може да се ослободиме од нив?

Дискусија во 'Фитнес' започната од MarijaMi90, 23 април 2021.

?

Дали вие имате Hip Dips?

  1. Да

    39 глас(а)
    55,7%
  2. Не

    20 глас(а)
    28,6%
  3. Не сум забележала

    11 глас(а)
    15,7%
  1. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    19.871
    Пол:
    Женски
    Ако е темава дупла нека оди во канта, ама мислам дека не е.

    Што се hip dips?

    Hip dips “или„ колкови на виолина “се однесуваат на вдлабнатините околу кривината од колковите до бутовите. Овие вдлабнатини може да се појават кога кожата на страните на колковите е поцврсто прицврстена на трохантерот, подлабок дел од коската на бутот.

    Распределбата и количината на маснотии на нашето тело може да направи овие вдлабнатини да бидат помалку или повеќе забележителни.

    Анатомски нема ништо лошо во падот на колкот. Тие не претставуваат никаков медицински ризик. Но на некои луѓе спуштените колкови им влијаат на самодовербата.

    За да е појасно еве и слика во прилог:

    20210423_113818.jpg

    Јас на пример имам испакнат задник, широки колкови и тесен струк. Но, воопшто не ми се допаѓа како ми стојат фустани уз тело затоа што ја имам оваа вдлабнатина. Како кога те сечат гаќите. Сум пробала со мидер и shaping хулахопки, ама имаат многу малку ефект.
    Во животов сум имала, откако сум девојка, најмалку 50 а најмногу 72 килограми. Огромна разлика знам, ама ова е во поголем временски период, не е нагло. Сакам да кажам дека и со 50 и со 70 сум ја имала оваа вдлабнатина и мн ми влијае на самодовербата околу физичкиот изглед, особено кога ќе сакам да се дотерам повеќе за некој важен настан. Кога носам пантолони, тесни фармерки, фустанче А форма итн, воопшто не се познава, супер изгледа, но во тесен фустан мн ми смета.
    Периодов почнав мн да вежбам и забележав дека нозете ми се оформуваат. Имам впечаток дека вдлабнатина е помалку забележителна, иако има уште многу простор за подобрување.
    Гледам дека постојат и естетски корекции за овој "проблем" , пластични операции или надополнување на тој дел со филер за да се добие smooth форма, како песочен часовник.
    На Јутуб најдов и мн вежби за ова. Сепак сметам дека ова е едноставно поврзано со анатомската градба на телото и дека не е нешто што може да се смени во целост.
    Во оваа тема би сакала да чујам ваши мислења и да си споделуваме искуства. Дали вие имате вакви вдлабнатини? Дали сте пробале со некои вежби визуелно да направите да изгледаат подобро? Дали имало успех? Сметате ли воопшто дека може да се влијае на нив?

    Секое искуство е добредојдено.:)
     
    На GrimTheReaper и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас ако не прочитав пред некое време дека овие се непожелна работа, верувај немаше на крај памет да ми падне. Напротив, мене отсекогаш ваква градба ми изгледала убаво. Не знам како одлучуваат луѓето што е убава градба на тело а што не е. Особено па кога се работи за форма на коски. Ич ми нема смисла. :D

    Што е до мене, мислам дека воопшто не мораш да се секираш за нив. Носи си прилепени фустани ич да не се мислиш, мене баш секси ми изгледаат hip dips.
     
    На crimson, burthdaykake, piglet1 и 18 други им се допаѓа ова.
  3. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Има на инстаграм да ја изрекламирам се вика Јана Чолович и девојкава е ултра секси баш со овие хип дипс и мене лично како машко да се изразам безобразно јако ме палат (ако неќеш безобразно "ми се допаѓаат")
    Гледам на ова како на предност а не како на мана.
    На последниов американски идол има баш една ваква девојка и баш навивам за неа поради колковите и нејзината сруктура :D (малку пристрасно ама :) )
     
    На Traveler91 и Mr.Mary им се допаѓа ова.
  4. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Брат оваа нема хип дипс... Најдобро од позади се гледаат. Еве сликичка што се хип дипс, се надевам ќе доловам што е уствари тоа.

    [​IMG]

    А оваа Јана има екстра тркалезно газенце.
     
  5. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    А јана има хип дипс или грешка сум?
     
  6. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Па ја колку шо знам Јана има тркалезно газе. И кога имаш такво газе и нормално позираш вака кај бутовите кај шо почнуваат изгледа широко и стварно е привлечно. Оние америве шо ги глеаме позираат, нешо вака за да немаат „дебелки“ нозе, а ако ти е газето тркалезно и убаво мора да изгледа така од напред кога си застанат нормално, а уште по нормално е на маж тоа да му се свиѓа јер природно е, ова во последно време е со овие инфлуенСерки.

    Вака некако му доаѓа позирањето, иако не сум баш упатена, не ја користам техникава, не глеам смисла у ова.

    [​IMG]

    А ова хипдипс е коа девојка ќе има широки колкови ама они се обично високо поставени, па од позади тешко се стига до тој ефект на тркалезно газе и како дупчиња од страна се познаваат, шо не мора да значи дека по дифолт ако се високи колковите и хипдипс ќе има.

    [​IMG]

    Макар шо мене и овие хипдипс ми се многу привлечни и супер ми изгледаат кај девојките. Ми го има тој 80' или 90' supermodel look и баш е природно и привлечно, стварно е многу убаво, онака природно како што би требало жена да изгледа.

    Искрено преку глава ми е веќе од овие инфлуенСерки и високи нереално поставени стандарди за убавина. Само стрес си ствараат жените.

    Кога сме кај мажите на крајот од денот, најпривлечно и најубаво им е природното, ние жениве за џабе сами си се измачуваме и си поставуваме високи стандарди. Тоа од нас никој не го барал.
     
    На inception, Carolin., MarijaMi90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Hips dips првенствено се должат на градбата на телото и распределбата на телесните масти. Тие се дел од структурата на коските и можеш да го подобриш обликот на телото преку вежбање и диета, но не можеш да ја промениш самата структура на коските. Затоа ако природната форма на телото и генетиката се оние што предизвикуваат hips dips, можеш само со вежбање да го минимизираш нивниот изглед или ако ти пречат во физичкиот изглед можеш да носиш облека што нема да ги прави толку многу забележителни. Но, најважно е дека тие се нормална појава, секое женско треба да си го сака своето тело, наместо постојано да се обидува да го промени. :)
     
    На Maria.Fernanda, JoyJoy, LadyLollypop и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Со еден збор сега е во мода да изгледаш анорексично?
    Јас ќе одам надвор од темава ама морам да кажам.
    Приметив дека на едно локално шоу каде се бираат таленти сите со малку поголем вишок килограми ги критикуваат и одма као ослаби (како најголем грев)
    Гледам и американски шоуа и сеа знам дека имаат поголема стапка на гојазност ама никој не им го доведе во прашање пеењето зашто имале килограм плус.Пак доаѓам на заклучокот дека сега е тренд да си фит да идеш во теретани и фитнес центри,да се консултираш со нутриционисти, а девојка без мевце не ми изгледа привлечно.
     
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Прв пат слушам, никогаш не сум приметила дали некој ги има или не, ни сум ни знаела дека постојат.
    Ни привлечно, ни непривлечно ми изгледаат.
    Ми изгледа како сосема нормална варијација на тело (во смисла нели сите тела се различни, ова ми изгледа сосема како да е такво телото на девојката и ко да треба да си биде такво). Не ми изгледа како нешто што треба да се коригира или специјално да се вежба за да не се примеќаат.
     
    На TheGoldenPeach, christinnn, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Да не дојдев на темава нема ни да знаев дека ова постои. И мене не ми изгледа нешто што треба да се корегира. Дури и фитнес индустријава е удрена на униформирање, и воведуваат некои трендови што немаат врска.
     
    На TheGoldenPeach, Irenka90, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам :^)
    Дали е можно после бременоста/пораѓај да се појават !?
    Ако да тие се :)
     
  12. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Ова не се hip dips.Баш ова е тој стандард што го поставуваат многу инфлуенсерки, кој патем поголемиот број го добиваат преку fat transfer а многу помалку го имаат природно.


    Hip dips е делот помеѓу надворешниот дел на ilium од колкот и trochanter major на фемурот-бутна коска и таа вдлабнатина зависи од меѓусебниот агол кој го формираат коските, поточно поошто кажано од широчината на колковите и природната дистрибуција на масти.Не може да се промени, освен како што кажав со пластична операција да се додаде сало или па да се вежба задникот и на тој начин да се минимализира визуелно.Не си набивајте несигурности за џабе.
     
    На Guns N` Roses, Bezimenka90, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Отпосле видов дека сум во заблуда затоа ја ставив оваа слика
    [​IMG]
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Комедии :D
    Хип дипс се најнормална работа. И ако не слушнеш за ова нема да сфатиш дека е нешто поинаку. Всушност и не е ништо поинаку, баш биолошкиот прородна ствари.

    Обидување да се исправат хип дипс е исто ко да се обидеш да ги поправиш back dimples (dimples of venus) или пак да се обидеш да добиеш thigh gap. Едноставно све е природно и све е генетика. Или ги имаш или ги немаш.

    Конкретно за хип дипс, не постои вежба што може да направи да исчезнат.
    На ова место на телото, анатомски гледано не постои никаков мускули, така да не може ни да се вежба. Кај некои луѓе генетски е предодредено тука да складираат масти и затоа ги нема, додека кај други генетски не собираат масти во овој дел.
    Кај некои може да се намали разликата со кило две плус, кај некои можеби со кило две минус, кај други со затегањуна мускулите на нозете да се добие ефект на мускулесто тело. Но да исчезнат не е возможно.

    Ако имаш хип дипс, веројатно сте ги добиле оној момент кога некој ви кажал дека постои ваков израз а пред тоа не сте обрнувале внимание. Ова не е физички недостаток, и дефинитивно не е нешто за што се оди на операција.

    Реално и ова не се хип дипс, ова се love handles, само шо ја има опнато гаќата многу високо...
     
    На JoyJoy, Mr.Mary и ТрагачПоНадеж им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас немам ваква градба на телото, а еве и јас признавам дека да не прочитав дека се сметаат за „недостаток“ немаше ни да знам. Индиферентна сум кога ќе ги видам кај друг, не ми се нешто многу привлечни но отсекогаш сум ги сметала за нешто нормално, дури и секојдневно. Дали може да ги снема, не верувам, сепак станува збор за градба на тело и со помош на исхраната и физичката активност може да се направи да не се до толку истакнати,
    Многу мои пријателки, познанички ги имаат. Јас па напротив, понекогаш им завидувам што немам никакви облини :|
     
  17. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    3.521
    Пол:
    Женски
    Сите ги имаме, природни се. Кај некој повеќе се забележуваат, ако ви сметаат изградете мускулатура во тој дел.
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Неможе да се изградат мускули таму, пошо нема мускули таму :D
     
  19. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Не сум слушнала за ова, а сега когa прочитав сфатив дека и јас имам такви. Во тесен фустан воопшто не си се свиѓам, баш поради тие нерамнини и затоа избегнувам да носам. Вежбам цел живот прилично активно со помали паузи, ама никогаш не ми се корегирало со вежбање. Кога сум послаба помалку доаѓаат до израз.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    А дали можи повеќе да се познаваат од вежбањето?
    Пример:
    20210423_143937.jpg