Форумџика на годината

''Hustle'' култура

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 24 октомври 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.443
    Пол:
    Женски
    Превод за ''hustle'' не знам и сакам да отворам со то. Гугл транслејт ми вика „метеж“, ама мислам дека ако некој знај шо е „hustle culture“ нема да му текни шо е „метеж култура“ кога би го видел насловот. Така да ако имате посоодветен термин за да го едитирам насловот - ве молам споделете.

    За оваа тема ми текна некни. Шо е hustle култура? - Тоа е култура каде по секоја цена го даваме нашиот максимум, и над тој максимум за работна позиција, да се стигни шо понапред во неа, воедно да се работи и поќе од една работа за да можи да се дозволи пристоен живот. Најчесто ваквата култура е во полза на работодавач и често наметнувана од него, а е на штета на вработените. Од друга страна, помладите генерации, почесто избегнуваат стандарден концепт на работа (пример во смени) и сакаат флексибилност и така влегуваат како дел од таа ''hustle'' култура. Но, сепак нејзините корени се каде даваме максимум (и повеќе) на работно место за плата шо би требало да е повисока или за потенцијал за промоција шо уште касни, шо е на штета на работникот, а добива работодавачот. Исто кога некој не успева да постигни финансиски да се притиска или да е форсиран да работи поќе од една работа за да можи да има пристоен живот.

    Hustle културата и баш е како метеж (нашиот превод на зборот). Каде буквално се губи баланс и се дава приоритет на зафатен распоред.

    [​IMG]

    Сега сакам да ги покренам важните прашања за дискусија зошто стварно мислам дека нема можност темава да биди со долг вовед:
    • Дали сметате дека потребна е ваква култура на „продуктивност“ да ја наречам за да можиме да си дозволиме пристоен живот?
    • Колку е важен балансот на работа и приватен живот?
    • Што значи ако некој „не работи доволно“ или „повеќе од доволно“? Дали ваквиот човек заслужува успех и промоција?
    • Како ја разбирате ваквата култура?
    • Дали сметате дека е потребна за напредок на општеството?
      • Ако да - зошто да?
      • Ако не - зошто не?
    • Кои се ефектите на ваквиот начин на живот врз квалитетот на животот?
     
    На Briar Rose, Bezimenka90, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.443
    Пол:
    Женски
    upload_2024-10-24_11-18-41.png
    За мене, ваква култура само го притиска работникот во ќош и го троши до максимум. Пошто ако работам и имам пари, сакам да имам и живот на кој можам да ги користам тие пари. А ваквата култура се заснова на живот кој се врти само и само околу работа. Цел идентитет да е граден околу таа работа. И да речам, мене поважен ми е приватниот живот него работата. Работата е тука за мојот приватен живот да е комфортен.
    • Дали сметате дека потребна е ваква култура на „продуктивност“ да ја наречам за да можиме да си дозволиме пристоен живот?
    Шо најмногу сакам да коментирам за ова појава е фактот дека се потешко и потешко е да можиш да преживејш со една работа и многу луѓе, особено тие кои не живеат во заедница и се самци, мора да работат поќе од една работа за да можи да имаат пристоен живот. И пак ќе речам, каков е тој живот ако 2/3 си на работа и 1/3 спиеш? Секоја една работа треба да е доволна да поддржи живот, а не само преживување на работникот. Воедно, то дека се отвора можност за поќе од една работа дава и поголема можност за експлоатација на работодавците. Како? Едноставно - ќе бара поќе работа за промоција шо веројатно нема и да ја има зошто знај дека работникот не можи да си дозволи да ја изгуби та работа.
    • Колку е важен балансот на работа и приватен живот?
    Неќам пак да речам ако имам пари сакам да имам живот да ги користам тие пари :D зато ќе коментирам од друг аспект тука. Балансот е многу важен. Најмногу шо можи да се забележи кај голем дел вработени кои се преработени дали на едно или повеќе работни места е - burn out. Брнаут е професионално исцрпување ради хроничен стрес и преработеност, се карактеризира со ниска енергија, летаргичност, замор, анксиозни и депресивни епизоди и слично. За мене, се шо би се наплатило со ментално здравје е прескапа цена да се плати.
    • Што значи ако некој „не работи доволно“ или „повеќе од доволно“? Дали ваквиот човек заслужува успех и промоција?
    Тука сметам дека не треба да живееме на работа за да заслужиме покачување и промоција. Ако работните обврски се навремено завршени, ако работодавецот и клиентите се задоволни - повремени покачувања се за мотивација на вработените во најмала рака. Дури и Симс кога играм ако перформансот на симсовите е добар - добиваат покачување или унапредување. Не е можно полоши од Симс да сме во ова. 8-|

    • Дали сметате дека е потребна за напредок на општеството?
      • Ако не - зошто не?
    Лично, сметам дека како општество треба да даваме приоритет на баланс и добросостојба на луѓето во секој аспект. Преработување и прегореност, воедно неможност да се има пристоен живот со една работа - не е баланс и не е добросостојба на луѓето. И ако ги нема то, мислам дека е поќе на штета на општеството него во корист. Оти сите заедно сме колектив шо треба да прај смисла.

    Малку погенерално ќе зборам. Према мене ваквата пракса сметам дека:
    1. Не држи во некој ''mindless labor'' каде не се поставуваат прашања, не се дава отпор туку само се работи и истото се очекува од секој. Јас сметам дека апсолутно треба да сме продуктивни на работа и платата да ја заслужиме. Ама то не значи дека треба да дозволиме и воедно да сме злоупотребени. И ов ане носи до второто:
    2. Други паѓаат „жртви“ на таа злоупотреба ради овие кои своеволно се преработуваат и даваат повеќе, а бараат помалку. Пошто ако некој сам го прај то, свесно или не поставува стандард кој на работодавачот одговара и тој стандард се наметнува на другите. Ама ете, нека не е и на едно работно место. Често онлајн кога гледам некој кога си кажва мака, и се предлага да оди part-time на друга работа. Или да фаќа freelance проекти додека паралелно има една работа. То е буквално она зошто сум толку против ова. Пошто ако ова се форсира, значи стигаме до иднина каде мора да се работи поќе од една работа. И веќе многу брзо се движиме таму. А, то не е ни добро, ни одржливо.
    3. Често кога ваквата култура се промовирана работно место има многу лажни ветувања врзани со неа каде има одлагање на покачувања и бонуси ради „мали грешки“ или „недоволна вложеност“. Или шо би рекла, недоволна вложеност која е пак поќе од то шо веќе некој е платен.
    4. Ваквиот начин на живот не дава можност за приватен живот, било тоа да се релаксираш, за хоби или социјален живот.
    5. Овозможува „нездрава“ конкуренција. Нормално, конкуренција знај да е доста клучна за личен и професионален развој, од друга страна нездрава конкуренција е на штета на работникот.
    6. Креира страв од неуспех шо не спречва да застаниме.
    Како преработување можи да се одрази негативно на работникот?
    • Зголемена можност за грешки во работа (ради премор/преоптовареност)
    • Недоволно спиење и нарушување на сон
    • Физички проблеми (ради не доволно движење или ради преголемо движење во зависност од позицијата)
    • Проблеми по ментално здравје (burn out, анксиозност, депресија)
     
    На see.emily.play, MacenceEna, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Пред десетина години беше пикот на феноменот, или пошо ја се иам сменето, не го осеќам сега.
    Имав период кога и јас се фатив во вртлогот на хасл, хасл, хасл и се глупирав у животот.
    Се убедив себе си дека треба да го давам максимумот од себе за да ја искористам секоја минута од денот за да напреднам во некоја вештина, за да заработам што е можно повеќе, за настрана работата да смислам уште една side hustle активност. А помеѓу сето тоа, да вежбам колку можам повеќе, да јадам најздраво што можам, да излегувам со луѓе што е можно почесто, да стварам конекции, да впивам идеи, да соработувам, бла, бла, бла. Никогаш ништо не беше доволно. Па се споредував со другите на моја возраст, кој што направил, каде патувал, што си купил, што почнал да работи... почнав да се осеќам ко лузер и притисокот стана огромен за хасл, хасл, хасл. Хасл додека си млад. Хасл додека можеш. Хасл пошо што друго ќе праиш, животот е за хаслање.
    А тогаш бев помлада, без фамилија и скоро 0 обврски. И доживеав burnout, се самозамразив. Зошто никад не бев доволно добра во хаслот, секогаш имав чувство дека не го искористувам времето паметно, дека не успевам во животот.
    Поради толку многу мултитаскинг, на работа направив таква глупава грешка што до ден денес се ежам ко ќе помислам. Живеев период на самомразење и посакување да ме снема. Депресија, класична анксиозност и социјална анксиозност. И конечно во еден момент се деси. Пуф - изгорев.
    Баталив сè. Дадов оставка. Скратив ептен на искачање со луѓе, зошто ми требаше одмор од сè. Остаив социјални зошто не сакав да знам ништо и зошто ме поттикнуваа да се споредувам. Почнав да го поминувам поголемиот дел од времето сама, правејќи работи што ме правеа среќна и ментално ме опуштаа. Работи што не ми носеа пари, ниту напредок во кариерата. Сè спротивно од хасл.
    Се лечев година дена, се самомоделирав полека, детално и квалитетно, сменив целосна перспектива во животот, така што денес хасл културата ми изгледа екстремно смешна. Се осеќам ко да сум се разбудила од длабок сон и конечно ги гледам нештата вистински какви што се.

    Животот е многу повеќе од работење. Работењето е само една нишка, дури и да ја имаш најголемата страст за тоа што го работиш, има купишта убавини и надвор од неа. Нормално дека балансот е битен, незапоставување на себе си и на луѓето кои ги сакаш.

    Животот е краток, тоа секогаш треба да се има на ум. Како ќе го поминеш?
     
    На see.emily.play, Angie1432, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Oва не е лоша опција, но ако си млад, здрав, прав, ако си жеден за знаења, сакаш брзо темпо. Но, има луѓе кои едвај се справуваат со една работа, ја работат со некој просечен капацитет, едноставно и тоа ги преморува. За опшеството, па и за поединецот, добро е да имаш такви енергични луѓе, ама да не премине тоа во болест и вештачки да се оптоваруваш, да „прегориш“. Не треба да се форсира, ќе работам тоа што ми прави задоволство и го работам со мерак, а тоа ме одмара делумно, не ме заморува. Животот е краток, треба да се искористи, да се има баланс. Инаку, реално во држава каде кошничката е над 60.000, а платите мали, луѓето мораат да се снаоѓаат и тоа го прават не за да бидат не знам какви кариеристи, туку за да не биде да немаат на крај на месецот за некоја сметка или за некој непланиран трошок. Маката го тера еден фотограф 6 дена да слика во фото студио, а во недела цел ден на нозе да слика свадба на пример. Или ако работи 5 дена, за викенд да работи во бавчата на село итн.
     
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Помина одамна оваа работа, не е ин ич!
     
    На eliesaab и ani23 им се допаѓа ова.
  6. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Ја има во одредени професии. Во дел од нив наметната е и поради дефицит на кадар и за компензација некоја личност или некои личности се нафаќаат на ваков начин на работење. Сепак овој начин на раб. не е за секого и за стално, на непрекинати долги стази, јер е презахтевен и има низа негативни последици спомнале погоре кои се. Така што да носи екстра профит, а секоја паричка е најслатка кога е самостално спечалена макар и одредена фаза на ваков начин, но не сум поддржувачка за долготрајна примена на овој начин на работа колку сакал да носи екстра приходи.
     
    На Tanjamm и ani23 им се допаѓа ова.
  7. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Mislam deka site sme go pominale i nadminale ova vo nekoj del od zivotot ,e posle ko ke pregoris si vikas sto mi trebase so koj pamet sum bil.Ama toa e del od iskustvo sekako.Poznavam i lica sto nikogas ne bile vo ovoj mood, togas ne gi razbirav ama sega se stedam.Najvazno e psihicko i fizicko zdravje sekako.
     
    На eliesaab и Dalene им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Ова не е начин на работа, ова е mindset, начин на живот. Да си убеден дека мора постојано да работиш и заработуваш што е можно повеќе, зошто инаку не си вреден ко човек, џабе го трошиш животот. "Ќе спијам ко ќе умрам" менталитет. Врти-сучи пак се комплекси во прашање.
     
    На Bezimenka90, Angie1432, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Јас за учење така праев. И да ми паѓаше главата, учев. И исто си викам одмор у ковчег само. И тоа шо одбрав да го работам, е стресно плус има и прекувремена работа. Добро се плаќа коа ќе собереш искуство. Ама дотогаш отиде и здравје и сѐ. Така шо за тоа ќе размислам на долга стаза.
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Како и за се' друго во животот, за да нормално протекуваат работите, треба да има баланс. Јас сум фан на hustling, и имам таков мајндсет за практикување, но научив/ учам крајниот резултат да работи за мене и да е во моја полза.

    Сметам дека младоста е приод кога човек треба да проба се' до што има достап и да извлекува максимално искуство и придобивки, па и по некоја лекција.
    Смело можам да кажам дека сум оуверачивар, и иако можеби не секогаш си заслужува трудот, на крајот на денот јас сум ги донела тие одлуки и сум се водела по нив. Ако/ кога требало да попуштам и/или отстапам малку, сум го правела тоа/ можела да го направам every step of the way. Со секое искуство плус, знаеш како и што подобро нареден пат.
    Каде и да сум работела, сум се раздавала. Тоа било согледувано и од надредени и од колеги, и можеби не секогаш финансиски наградувано, но менаджментот знаел за мене.
    И сепак, бидејќи од рекогнишан не се живее, кога гледам дека ништо не се прави во насока на покачување и/или унапредување, и нема реализација во блиска иднина, сум барала нешто ново.
    Не сум открила место каде се гледам лонг терм, и затоа во принцип секогаш сум отворена за нови предизвици ако навитина ветуваат подобрување и надградување.

    Ставајќи фокус на "работа и развивање", послабо време имам за други работи. Но учам како да посветам внимание таму каде треба, со луѓе кои ми се пријатни и ми значат.
    Преферирам помал круг на навистина близки луѓе, одколку да губам време со свет со кои немаме исти интереси. И балансирам да не се затворам супер многу, а да сум отворена за контакт. Ова уште е предизвик.
    Слободна сум, па затоа можеби и во моментов посветувањето на професионалниот живот ми е поважен.

    Еден ден кога би имала опција, би сакала да работам за себе, развивајќи се како што сакам со импакт кој го посакувам за групата луѓе која ќе биде засегната. Т.е. не само некаков бизнес, а поскоро нешто смислено (за мене).
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Ова ѓубре ви го продаваат спакувано ко да ќе ве чека којзнае што на крај. Всушност на крај само имате пари (а некогаш ни тоа, туку само истанчени нерви) наспрема пропуштени битни моменти од животот. Сумирано, нема човек што не се труди. Може не е секогаш во најдобро светло, но не ни треба да се преоптеретува со таквата мисла.

     
    На andromedae и MissChievous им се допаѓа ова.
  12. shekerna

    shekerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Работата треба да го олеснува и збогатува животот, според мене. И да се ужива во нејзините бенефиции, односно што таа работа мене ми дава, а не што ми одзема. Сѐ повеќе е сведено на тоа животот да ти е работа, а тоа е едно такво мизерно место...на секое поле те отапува, грозно и не препорачувам hustle никогаш. Има луѓе што така функционираат, ама верувам дека нивните приоритети не се среќа, уживање,слободно време...туку пари,моќ итн..Така што секој со своите приоритети,но менталното здравје не си го жртвувам за ниедна работа на светов (повеќе).
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ЛеЦ ток абаут секс бејби... :worried: (mooning)
    Да бидам искрена, мислев за порничи се праи муабет и сакав да видам шо "култура" е ова.
    Чао тогаш, ќе се видиме :D

    :hai:(fingers)

    Нешо многу со странски термини муабетите. Кажи си го едноставно "те дупчи главниот, а ти му дозволуваш" култура. Нешто како "кога администрацијата молчи".

    Добро е се додека те плаќа за таа твоја амбициозност. Обично работникот сам се поставува во таа позиција. Му даваш сигнал на "газдата" дека си подготвен да дадеш повеќе, ако те плати. И тука изборот е обично твој. Колку пари толку музика.

    Проблемот е ако работиш "вишок" работни задачи а НЕ СИ платен. Односно работиш како за две работни места, стануваш "АЈ ТИ" стручњак, дури може и "ај ти кафе донеси ми" да извршуваш задачи, само за да задржиш позиција или да те "унапредат".

    Ако ти требаат повеќе пари (куќа, деца, бизнис на страна итн...), ќе си работиш и ќе си молчиш, ако сакаш да имаш.
    Изборот е наш.
    Еве мене ми требаат вишок пари, работната позиција ми е што не можам повеќе од максимумов, а на човек никогаш не му е доволно. Се фаќам како помислувам на некоја онлајн работа од дома. :whew::wasntme:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.