1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ice bucket challenge

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од skinnylove, 24 август 2014.

  1. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Сигурно сте виделе видео со наслов "Ice bucket challenge" на фејсбук или јутуб. Овој "тренд" го почнаа селебрити фаците со цел да донират пари за луѓето заболени од ALS (Amyotrophic lateral sclerosis) што претставува прогересивна дегенерација на моторните на моторните неврони од централниот нервен систем, што доведува до губење на контролата врз одредени мускули и парализа на истите. Истураат вода со лед на главите и предизвикуваат други луѓе да го направат истото со цел да им дадат до знаење на луѓето колку е опасна болеста и да се донираат колку што може повеќе пари за да спасат нечиј живот. Истото почнаа да го прават и рандом луѓе низ светот да прават вакви видеа. Трагикомично е што 99% од дечкиве што ги прават видеата немат појма за што станува збор. Доколку не сте виделе еве некои видеа

    https://www.youtube.com/watch?v=FTNeGMf2-HI

    https://www.youtube.com/watch?v=Hk5tSro90UI

    и некои видеа што не завршиле баш среќно

    https://www.youtube.com/watch?v=WQlvW0aFnKo

    Незнаев кај да ставам темата, може требаше во Насмевка ама ако има потреба, модераторите си ја знаат работата.
     
    На Heartbeat и LittlePinky им се допаѓа ова.
  2. MademoiselleB

    MademoiselleB Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Колку си во право...

    Се вртам доле од смеење.
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ги глеав повеќето, и супер е за забава и све тоа али оправдано ми е само за тие шо донираат. За познативе шо ќе испратат фина сума на трансакциска за заболените од АЛС.
    За сите тука кај нас шо почнаа да си истураат кофи со вода и мраз за заебанција и чалам, а не донираат пошо тоа го праат стрикно за забава иам да кажам дека не се интересни, уопште.
    Поентата е преку тој Ice bucket challenge да се прошири веста за болеста и да се крене свеста кај народот у цел свет за да се донира, пошо денес за да рашириш нешо треба глупост да напраиш за да ги интересира луѓето, али иам забелешка шо го нема на видеата бројот на трансакциската сметка отворена за донации. И онака у преден план иде забавата, на грб на поентата дека све е тоа за донации. Е тоа не ми се свиѓа.
    Иначе така поголем впечаток ми остаија Џеј Ло као смешна реакција она беше меѓу првите шо ги видов и Бастијан Швајнштајгер као фина досетка, онака интересно смислено. Не дека нема други добри, има многу али овие сеа ми текнуваат.
    Она на Кончита Вурст е многу паметно "Donate twice, instead of ice" и ја сум за тоа, али он тоа го кажа и пошо нејќеше да истури кофа врз него пошо ќе му се размачкаше цела шминка на фаца и ќе се видеше каков хорор е уствари он, а сепак глупо беше да не се јави на предизвикот а више беше предизвикан.
    Чарли Шин шо ќе го коментирам истура кофа со пари онака, баш својствено за него.
    Вин Дизел со цел памет го предизвика Путин :rofl: важи дека ќе се приклучи на глупоста видете му реакција коа го чул тоа :D им се уби од смеење на Американциве еј.
    Хммм други, други... не знам многу изглеав, али за нашиве ко Сара Мејс, Боки 13ка и уше некои таму ако има нема да коментирам. Онака... ај реков не коментирам. :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ваков - таков, 10.000 долари донираше. А другиве се убија од поливање и вриштење.
     
    На Elennaa, eliesaab, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  6. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Чарли Шин и Кончита, царови невидени :D Чарли ја доби мојата почит назад со ова што го направи, алал да му е на човекот. И Кончита, каква таква (каков таков maybe? :?: ) е добра личност под сите тие торти, колачи и цели слаткарници од шминка на неа. Јас баш утре ќе се разгуглам и ќе видам каде може да се донира, без да правам било какви видеа бидејќи е глупо и непотребно.
     
  7. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Ок ги сфаќам славните, донираат, + ги сакаат луѓето, треба да им бидат интересни на светот, ок некако има логика, ама овие рандом луѓе, дечиња шо се поливаат? Шо донираат тие? Се кладам дека повеќето не ни знаат зашо си фрлаат кофа вода со мраз врз глава. И преку ова дознав кој знае англики, а кој не.. Тие шо не знаат само ги снимале како се полеваат и го ископирале текстот од некаде, тие шо знаат, зборат, ама ружен им е акцентот на повеќето..
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Абе само да се шлапат со вода.Деца без работа :D Ама ајде да не судам,ако му е интересно нека се бањат :D И да,пола и повише немат поима зошто му текнало на некој да си истура вода врз главата.Ние па тука во Неготино вода имаме само сабајлето и кај 5 саат,а пак има деца шо се ''тушират''.Абе МРШ,за џабе вода трошите.
    Еве кој го почна ''лудилото'' :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Се убаво тоа што се донира.
    Ама некој да ги предизвикаше фармацефтските компании да ги откријат лековите за сите болести кои ги покосија луѓето,а лековите ги кријат.
     
  11. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Тој изгледа е единствениот што ја разбрал поентата :lol:
    Другите за џабе вода трошат |(
     
  12. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам со вас трите :wasntme:
    Значи половина моја генерација почна да се полива со вода,а појма немат за што се работи.Ми иди да ги прашам колку имат донирано,ама ќе ми речат ќути мори ти што знаеш. :^) Почетната замисла му е ОК,ама ова ги помина мерите :^)
    Eве ги цело семејство Бекам се полеа со вода.Мене Круз ми е најсешен :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=TeKc2kRCBYA
    Мене и Барак Обама ми беше смешен. :!: Путин го номинира :rofl: :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=yOX6JF9gABU
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Навистина убава, интересна и оригинална идеја да се поттикне свеста за оваа болест и притоа да се поттикнат истражувања да се најде лек. Но, меѓутоа кај нас ова е само еден циркус, што сите што се полеваат ова го сфаќаат нешто во стилот на правење селфи, еден тренд, а ниту знаат што е АЛС, ниту знаат за што е предизвикот, ниту донираат, а само се глупираат за внимание. Сите јавни фаци и сите не славни. А и без разлика, оние што не се полеваат оваа го карактеризираат како глупост, бидејќи и тие толку прочитале, до таму е.
     
  14. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    се согласувам со ова а исто како што гледав на видеата што ги прават во водата нема лед речиси на повекето :^)
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.723
    Пол:
    Женски
    ^Само што тоа не е Обама. :D
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Да сме реални 80% од овие славните личности не би ни донирале нешто , него видоа сега дека овој предизвик може да има позитивно влијание врз нивната кариера и ете ....

    А другиве желни за фацебук внимание и лајкови ако треба и со бензин ќе се полијат


    За недела дена кога ќе помине трендот , ќе се објави дека лекот е во тек и сеуште се истражува и толку , сите ќе заборават , никој нема да го интересира нити пак ќе се полива , тие донираните пари може ќе отидат за пронаоѓање на лекот , можеби кај некој у џеб ...... после доаѓа на ред друг тренд каде што луѓето ќе прават будали од себе си .... се прашувам што ќе биде....
     
    На Elennaa, eliesaab, MademoiselleB и 2 други им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    34.720
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, што трошите вода за џабе, кога не ја разбравте поентата на ова.
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Ај, што не прошло со учество на неинформирани дебили желни за внимание, па и ова.

    Убедливо најјакото досега!
    Најверојатно изрежирано однапред, бар тоа со кацигата, but who cares? Срцка е!

    http://www.youtube.com/watch?v=YOa7ZjxRuKM
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.760
    Допаѓања:
    162.816
    На страна тоа што некои наши го искористија за публицитет и занесување за да се биде во тренд, а всушност не знаат зошто е тоа.

    Баш мислам дека е убав начин да се пооди еден чекор во туѓи чевли со тоа што не мора ни да се снимаш, пробај под туш сам, дома... Со тоа што донирај 5 пати од мобилен потоа.

    Пишав и во СДК и тука ќе пишам, бедно ми е сега што некои наши селебретис почнаа со донирање бедни 100 денари на рандом број и за нив е тоа предизвик.
    Полиј се, донирај 5 пати, 10 пати колку ти е воља, ЗАТОА Е ПРЕДИЗВИК. Предизвикот и онака важеше и за оние кои не учествуваат во него, ама донираат по 100 долари, па наши драги селебретис, ќе се брукате со по 100 денари? Живеете на висока нога, дајте 1000 денари, уштедете на Алиекспрес нарачка од 20 долари и ете ти.

    Прееска пишав, донирав 500 денари и вчера си се полив под туш (грч ладен, па уште и после пуштена машина за перење, белите дробови ми се залепија за ребра ми се чини :lol: ), подоцна ќе го направам пак, ама овој пат имам температура...па да ја подсимнам. Може и имам температура од ладниот туш...хммм :D


    http://www.mtv.com/news/1904680/ice-buc ... nge-rules/

    Така што пред да им држите лекции на поливачите и да се пафкате и фалите со вашите донирани 100 денари... не бидете негатори, игнорирачи, расипувачи драги наши селебретис, особено вие интернет селебретис кои впрочем и ништо битно у животот немате направено освен што лаете по социјални мрежи. Дојде ред 100 денари да ви се предизвик...
     
    На Elennaa, eliesaab, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.