Од претходната сабота на сител започна да се емитува ново музичко шоу. За Србија не е баш ново, започна да се емитува уште мартот 2022, ама кај нас мислам дека по прв пат го даваат. Баш сега пуштив, изгледав првата епизода и концептот ми се допаѓа само од преѓе се мислам кој ги излажал овие кутри луѓе дека знаат да пеат. Гласовите им се ужас. Заборавив да напоменам, има три коучеви кои се Реља, Беквалац и нашиот Дарко Димитров. Спојлер: Најавата на сител IDJ Show е музичко талент шоу чија нова сезона ќе ја гледаме ексклузивно на ТВ Сител. Се работи за прво регионално шоу фокусирано на новосоздадена урбана музика која е особено популарна на дигиталните медиуми и воедно шоу преку кое се вложуваат милиони во развој на кариерата на нови музички ѕвезди. Учесниците во ова шоу развиваат и своја дигитална платформа, а со самото тоа добиваат можност од микро инфлуенсери да станат големи ѕвезди на јавната музичка сцена. Жирито го сочинуваат Реља Поповиќ, Наташа Беквалац и најголемиот наш хит-мејкер Дарко Димитров. Од над 1.500 пријавени кандидати на аудициите, само 12 од нив ќе добијат шанса да станат ѕвезди. По аудициите и првата студиска епизода, започнува натпреварувачкиот дел, односно епизоди од по 90 минути, со 12 фаворити и потенцијални ѕвезди. По секоја епизода и изведба, учесниците ќе добиваат поени од тренерите, но и од публиката преку нивните кликови, лајкови, споделувања и прегледи. Популарноста на социјалните мрежи е она што ќе ги држи кандидатите во или надвор од играта, па затоа поддржете ги вашите фаворити сѐ до самиот крај на натпреварувањето. Оваа сезона на Сител – потрага по нови регионални ѕвезди во шоуто за нова и модерна музика.
Многу повеќе ми се допаѓа одколку ѕвезде гранда само и мене ми е чудно зошто олку лоши таленти пуштиле да се натпреваруваат, или дека се аудиции па кога ќе поминат тие ќе почне поинтересното.
Претходните сезони одеа да Алфа тв, и беа во многу доцен термин, гледам и сега истото ќе биде и на сител.. Незнам како очекуваат гледаност толку доцна. Инаку за шоуто, го следев минатата сезона највеќе заради Барбара Поповиќ. Од тоа што сфатив по завршувањето, тие луѓе всушност незнаат во живо да пеат. Се тоа е совршено скоцкано во текот нна шоуто така многу не се видливи нивните вокални мани. Но, кога ќе ги видите на некој фестивал на пример да пеат во живо сфаќате дека тоа не тоа што сте го слушале претходно.
таму ги гледав, нема шанси на тв. Ја незнам кој би седнал да ги гледа толку доцна. Ги ставиле после 22ч како да станува збор за филм за возрасни за никој да не ги гледа.
Јас го гледам ова шоу од самиот почеток. Оваа сезона што сега ја даваат е трета. Во првата сезона победи Амна(во тимот на Релја), а во втората сезона победи Џана(во тимот на Наташа). Сега ќе видиме. Иначе може да го гледате секој петок во 21:30 на јутјуб премиера.
Девојчево стана хит на интернет со песнава, ама за жал не продолжи натака со два негативни гласови . А нас ни се смеат за Давид Јоанис отприлеп и за тие сестрите.
Песната или гласот? Гласот и мене не ми се свиѓа. Изгледа ради тремата толку ужасно испеа, кога појде во бекстејџ сто пати подобро звучеше.
Ни песната ни гласот. Не знам ни како стана толку вирална по социјалните мрежи. Да се запрепасти човек од какви глупости стануваат славни главни.
Значи зоштооо хахахахаја Нененеее не зови ме.. а catchy e… Ама зошто ваква песна. И тоа прво ,,Зови ме”, па ,,Не зови ме”… се премислува