INKTOBER 2020

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од theowndemon, 30 септември 2020.

?

Дали имате претходно учествувано во предизвиков?

Анкетата е затворена на 7 октомври 2020.
  1. Да

    19,0%
  2. Не

    81,0%
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Неќам да зборам за то колку Октомври е совршен месец и да ја фаќам темата на далеку ама од утре почнува 31 дневен предизвик за цртање со мастило на зададена тема во склоп на предизвикот: Inktober. Мене ми е трета година како цртам и морам да признам дека е доста интересно. Сега ќе пишам како се официјалните правила и често поставувани прашања шо ги имало во другите две теми за претходните години.

    Правила:
    1. Се прави цртеж со мастило ( можи да се црта од долу со молив, па од горе да се помини со мастило).
    2. Се поставува некаде. Во официјалните правила пиши дека можи да се постави на некоја социјална мрежа, ете форум како тука, или пак на фрижидер дома. Целта е некој да види дека си направил, шо си направил и слично.
    3. Ако е на социјални мрежи каде се бара под # се означува со #inktober и #inktober2020.
    4. Се повторува секој ден.
    Адаптации:
    Има 3 начини на кои можи да учествувате на овој предизвик.
    • Се црта цртеж на дадена тема према календарот секој ден.
    • Се црта секој втор ден со секој втор збор од календарот.
    • Се црта еднаш неделно со зборовите: 1, 8, 15, 22, 29.
    Шо е до мене тука можи во неделното да се избери на која тема да се прај него да е стрикно, али правилата се овие. На форумов низ годините сме имале адаптации наши.

    Често поставувани прашања:
    Дали можи да почнам покасно со предизвикот?
    • Да. Избери дали ќе го прајш секој ден, секој втор ден или еднаш неделно и обиди се да ги стигниш другите за да е колку- толку синхронизирано. Сепак ова е за забава и колку поќе цртежи - толку подобро.
    Какво мастило се користи и дали мора да е црно- бело?
    • Се користи какво сакате стило/ пенкало со каков било вид мастило. Важното е да е мастило и да покрива. Од таму можи да се користи и мастило во боја, но препораките се тоа да е минимално и повеќето да се држат до црно- бела уметност. Лично, користам гелни стила и такви препорачвам.
    Од кога до кога е предизвикот?
    • Официјално, предизвикот е од 1 Октомври до 31 Октомври со 31 различен збор на кој се црта. Неофицијално, доколку помини 31 Октомври и уште не сте готови ради разни причини, секогаш можи да се доврши покасно. Накратко, многу флексибилен и глобален предизвик е и баш зошто е толку глобален е толку флексибилен. Пред 2016 немаше официјални листи и секој на свои зборови црташе и едино правило беше да се црта со мастило, а после 2016 се правилата од горе и има официјални листи. Покрај официјалните листи има и неофицијални листи кои можите да ги пратите на различни теми, најчесто: witches, supernatural, pets, plants etc.
    Дали можи да се црта дигитално?
    • Према официјалните правила - да. Предизвикот е почнат со традиционално цртање со мастило, ама подеднакво е важно и дигиталното и од таму се смена да можи и дигитално да се црта.
    Дали мора да се користи листата со зборови по редослед?
    • Не, правилата се поќе препораки ама седат така за некој шо сака да се држи до правила. Има многу други календари, и пак постои можност секој да црта со свои идеи и зборови. Ако сакате да прајте некоја приказна или некако да ги спојте зборовите, секогаш можи да се измешат.
    Потребно ви е:
    • молив
    • гума
    • стило или друг вид на мастило ( туш, обично стило, гелно стило)
    • хартија ( големина по избор)
    Линк до официјалните правила и страна.
    Линк до FAQ од официјланта страна.

    Официјална листа на зборови, ете календар ќе ја наречам:
    2020promptlist (1).jpg

    Неќев темата да ја отворам прерано па да не е во најнови активни теми кога баш треба да привлечи луѓе кон предизвикот, па ја отворам ден порано за секој кој сака да учествува и да почни од ден 1 да можи да си обезбеди што му треба и воопшто да размисли за предизвикот. Пишав и потсетник во темата за цртежи.

    И то е то, let the hunger games beg-- ова, со среќа во цртањето, ако имате да споделите шо материјали користите дур дојди утре и препораки за шо да си набави некој друг - добредојдено е!

    Јас моментално немам слики ама ќе кажам дека користам A+plus Liquidly црно и можи да го најдите во Џамбо паковано со уште две сини слични стила и едно црвено. Не е најдобро али уште немам одено во книжара да купам нови па решив прво да ги дотрошам сите стари. За пополнување темни површини, многу те течно ова Focus Noki 0,5 дебелина, ролерпен. Ова мора да се почека малку да засуши инаку ќе се размачка ама после темната површина е рамно црна, не се познаваат линии онака. Ова мислам го земав од Офис плус. Ова другото е најобично шо ќе го најдите стило Gel- ico 0,5 исто, зошто не е толку течно како претходното има поќе можности на користење. Околу 25-30 денари е, ефтинко. Ама највисоко препорачувам unipin fine line гелно стило, водоотпорно меѓудругото. Уште 0,4 и 0,7 ми се останати и за жал не можам да ги најдам поќе. Ако некој знај кај се продават Битола, преблагодарна ќе ви сум за та информација зошто подобро гелно стило немате фатено. Ова е поскапо, околу 60 денари е од прилика. Centrum plasma и едно lea и тон кинески букви, ако земите многу тенки доста добри се за шејдин. Центрумот е околу 30+ денари, ова второто е најефтино гелно стило шо го имам најдено, на рамно 20 денари. И за крај delistar 0,3 е многу потенко од обична 0,3 и немам најдено друга дебелина за да споредам и одамна немам земено па не памтам цена. Ако не ме мрзи од се ова ќе пробам да ставам слика, ама да бидиме реални - ме мрзи. И за крај цртам со технички молив од Faber Castel 0,5 дебелина. Прво не вервав дека технички молив е подобар ама I stand corrected. Од овој технички шо го имам, е ефтин околу 130 денари во Џамбо, не е од оние фенси шменси.

    Не мислам дека остана уште нешто важно да спомнам сем ете и вие кажете шо земавте и шо препорачвате некој да земи, од шо сте задоволни, и од утре да почниме да пуштаме цртежи.

    Со среќа!
     
    На Sweetlove_0312, S.W.A.G, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    @theowndemon беше доволно влијателна за годинава и јас да се приклучам на предизвиков, без никаков талент.

    IMG_20200928_211620.jpg

    Пенкалцата и ливчињата ги земав од Џамбо, двете по 70 денари. Денес или утре ќе купам дополнително молив и гума.
     
    На S.W.A.G, LittleChili, SStasia и 12 други им се допаѓа ова.
  3. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    5.891
    На пример за првиот збор Fish, треба од самиот збор да се нацрта нешто од неговите букви или треба да има риба во цртежот? Може е глупо прашањево ама не разбрав убаво а и не сум запознаена со предизвикот, иначе ептен изгледа интересно:)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Можи шо те асоцира, можи буквално риби, можи да е некој лик. Се сеќавам лани ќе да беше Swift зборот и јас ја цртав Taylor Swift. Целосна слобода имаш на интерпретација на зборот.

    Инаку ден 1 од мене:
    IMG_20200925_231455.jpg
     
    На Ava.84, Purplelilac, SURF и 36 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    54.744
    Пол:
    Женски
    Inktober day 1: Fish
    IMG_20201001_145856574~2.jpg
    Трет пат учествувам годинава и верувам дека пак ќе биде забавно. :inlove:
     
    На kim.k, Ava.84, SURF и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    IMG_20201001_161103.jpg
    Inktober ден 1
     
    На Ava.84, SURF, tirkenbal и 29 други им се допаѓа ова.
  7. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.046
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам :hai:
    Инаку, еден месец се спремав и на крај пак не сум спремна. Реков ова година знам како треба ама не бе...не знам оти мислев дека нема да цртам глупости.

    Ден 1 - Fish
    PicsArt_10-01-05.11.54.png
     
    На Ava.84, Purplelilac, SURF и 29 други им се допаѓа ова.
  8. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Ден 1: fish
    IMG_20201001_164624.jpg
     
    На Ava.84, Purplelilac, SURF и 31 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.826
    Овде сѐ сте биле уметници, јас не сум ни приближно колку вас погоре :$
    И за малце ќе се премислев дали да ставам слики тука, ама за да охрабрам други непрофесионалци, се решив моиве ептен амстерски цртежи сепак да ги ставам :D

    1. Fish
    [​IMG]
     
    На Ava.84, SURF, Роберт 7 и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    24.755
    Примате антиталенти за цртање? :?:
    Секоја година кога го читам воведот на @theowndemon добивам мотивација да учествувам, ама уште од прв ден кога ќе ви ги видам цртежите се демотивирам. :rofl:
    Ај да пробам годинава.
    Day 1:
    20201001_213042.jpg

    20201001_213337.jpg
     
    На Ava.84, SURF, tirkenbal и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.046
    Пол:
    Женски
    Утрешното зборче некој да ми го објасни? Не знам шо треба да цртам :$
     
    На злоба и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  12. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    На официјалната страна пишува дека означува мал дел или количина од нешто
    IMG_20201001_233517.jpg
    Можеби означува конкретно за влакно или малку чад. :?:
     
    На theowndemon и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    @Estranged ама нема оти демотивирање! Инктобер е идеален ако некој сака да се подобри. Јас знам благодарение на него колку се имам подобрено. :D За приборот само ќе речам, жал ми е дека нема за еден лист да ти стигни. :rofl:

    IMG_20201002_002623.jpg
    Јас по ова twisted bunch/ piece имам на ум. То едино можев да го адаптирам на то прво шо замислив.

    Инаку на сите ви се преубај цртежите преќеф сум дека воопшто некој пушта и се надевам ќе се дружиме цел Октомври. :* :l: И покасно да почните не е проблем така да тие шо не почнавте со ден 1 вчера, можите кога сакате. ;)
     
    На Celltica, Blue.Sky, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    IMG_20201002_111917.jpg
    Ја освен пенкало и молив немам друго дома :D не знам дали ќе успеам секој ден да цртам ама ќе пробам кога ќе имам слободно време малку да поцртам.
    Во тек е цртежот за второто зборче. Подоцна ќе ставам слика.
     
    На Ava.84, Purplelilac, SURF и 24 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Ден 2
    IMG_20200925_231512.jpg
     
    На Ava.84, SURF, Роберт 7 и 32 други им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.826
    2. Wisp
    [​IMG]
     
    На Ava.84, SURF, tirkenbal и 27 други им се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    не знам очи да цртам (facepalm):D
    IMG_20201002_135642.jpg
     
    На Ava.84, SURF, tirkenbal и 22 други им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    26.780
    Јас со лајкови ве мотивирам и ви се восхитувам.
    Сите сте одлични :wasntme:
     
    На Hellobeautiful, candy.cane, pdb123 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Дружи не и ти и ќе те мотивираме и тебе со лајкој. :l: ;)
     
    На GirlRose, candy.cane и Celltica им се допаѓа ова.
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Јас заборавив вчера да ставам слика ама рибата реално не е за гледање. :rofl: Ќе ја ставам заедно со другата, се надевам не е проблем. :wasntme:
    Ии се надевам до крај барем малку ќе се подобрам во цртањето. :smirk:
    Ден 1, Fish:
    20201001_180711.jpg
    Ден 2, Wisp:
    20201002_141346.jpg
     
    На Ava.84, SURF, buba4e89 и 27 други им се допаѓа ова.