INKTOBER'21

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од theowndemon, 29 септември 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    162.727
    Пол:
    Женски
    Како и секоја година, така и оваа, ја отворам темата за Инктобер и да се дружиме цел месец низ ликовни задоволства. Темата ја отворам малку порано (29.09) иако ја имав споменато уште од почеток на Септември, за да имаме сите време да се спремиме и да служи како потсетник за тоа што следува.

    Што е Inktober?
    • Инктобер е цртачки предизвик каде во текот на месец Октомври, на дадена тема, се црта со мастило ( стило, туш итн) и со своја интерпретација за дадениот збор.
    Правила:
    1. Се прави цртеж со мастило ( можи да се црта од долу со молив, па од горе да се помини со мастило).
    2. Се поставува некаде. Во официјалните правила пиши дека можи да се постави на некоја социјална мрежа, ете форум како тука, или пак на фрижидер дома. Целта е некој да види дека си направил, шо си направил и слично.
    3. Ако е на социјални мрежи каде се бара под # се означува со #inktober и #inktober2021.
    4. Се повторува секој ден.
    Адаптации:
    Има 3 начини на кои можи да учествувате на овој предизвик.
    • Се црта цртеж на дадена тема према календарот секој ден.
    • Се црта секој втор ден со секој втор збор од календарот.
    • Се црта еднаш неделно со зборовите: 1, 8, 15, 22, 29.
    Често поставувани прашања:
    Дали можи да почнам покасно со предизвикот?
    • Да. Избери дали ќе го прајш секој ден, секој втор ден или еднаш неделно и обиди се да ги стигниш другите за да е колку- толку синхронизирано. Сепак ова е за забава и колку поќе цртежи - толку подобро.
    Какво мастило се користи и дали мора да е црно- бело?
    • Се користи какво сакате стило/ пенкало со каков било вид мастило. Важното е да е мастило и да покрива. Од таму можи да се користи и мастило во боја, но препораките се тоа да е минимално и повеќето да се држат до црно- бела уметност. Лично, користам гелни стила и такви препорачвам.
    Од кога до кога е предизвикот?
    • Официјално, предизвикот е од 1 Октомври до 31 Октомври со 31 различен збор на кој се црта. Неофицијално, доколку помини 31 Октомври и уште не сте готови ради разни причини, секогаш можи да се доврши покасно. Накратко, многу флексибилен и глобален предизвик е и баш зошто е толку глобален е толку флексибилен. Пред 2016 немаше официјални листи и секој на свои зборови црташе и едино правило беше да се црта со мастило, а после 2016 се правилата од горе и има официјални листи. Покрај официјалните листи има и неофицијални листи кои можите да ги пратите на различни теми, најчесто: witches, supernatural, pets, plants etc.
    Дали можи да се црта дигитално?
    • Према официјалните правила - да. Предизвикот е почнат со традиционално цртање со мастило, ама подеднакво е важно и дигиталното и од таму се смена да можи и дигитално да се црта.
    Дали мора да се користи листата со зборови по редослед?
    • Не, правилата се поќе препораки ама седат така за некој шо сака да се држи до правила. Има многу други календари, и пак постои можност секој да црта со свои идеи и зборови. Ако сакате да прајте некоја приказна или некако да ги спојте зборовите, секогаш можи да се измешат.
    Потребно ви е:
    • молив
    • гума
    • стило или друг вид на мастило ( туш, обично стило, гелно стило)
    • хартија ( големина по избор)
    Линк до официјалните правила и страна.
    Линк до FAQ од официјланта страна.

    Годинешната официјална листа на теми/ зборови:
    [​IMG]

    Дури да дојди 1 Октомври, во коментар можи да продискутираме какви стилца и опрема генерално ќе користиме за да можи поќе луѓе да видат и да се спремат за темата соодветно иако не е проблем ако се почни покасно, ама ја сфаќам потреба да е нешто навремено.

    Со среќа на сите учесници. :hug:
     
    Последна измена: 29 септември 2021
    На Briar Rose, tiggyboy, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Попрај 21
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    162.727
    Пол:
    Женски
    Готово. Де види и ти, две очи подобро гледат, од правила надолу да не е утната годината оти то го копирав од лани. :D И шо прибор ќе користиш, да почниме да се спремаме денес и утре за да можиме да почниме.

    Имате идеи?
    Каков прибор ќе користите?
    Дали воопшто ги имавте видено зборовите?
    Како ви се допаѓаат?


    Јас сега ќе сликнам стилцата. Дип нови се уште по ќеф ми се. :wasntme:
     
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Зборојте ги разгледав уште на почеток кој ја објави сликата :D за некои немам идеа уште ама ќе биде.
    Прибор утре ќе купим дај кажи кои стила и кај ги зеде :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Јас сум спремна, преспремна :D
    Унапред цртав, чекам само да почнеме да ги ставам сликите :D
    Гелни црни пенкалца од 0.5 и 0.7 користам, и туш и перо.
     
    На LadyLollypop и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    :D не си сама и ја почнав ама само со молив.
     
    На theowndemon и Celltica им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    162.727
    Пол:
    Женски
    @LadyLollypop
    Мака ми е да станам, и 0.4ка имам, а денојве се думам да видам шо големини има во Пинк, Битола да доземам. Ептен ми се допаднаа, прв пат сега ги зедов и добро се држат. И еден гри алкохолен маркер сакам да имам при рака, имам чувство дека ќе ми се најди.
    Screenshot_2021-09-29-00-44-52-409_com.miui.gallery.jpg
    Прв пат имам вистински скеч бук, исто од Пинк, малиов околу 120 беше. Јас прам и Фејктобер, не можев да дочекам и некои денови ќе ги дуплирам, цртани во Септември, боени, и една црно бела верзија ќе прам во Октомври.
    Screenshot_2021-09-29-00-44-54-374_com.miui.gallery.jpg
    Screenshot_2021-09-29-00-44-55-996_com.miui.gallery.jpg Screenshot_2021-09-29-00-44-58-559_com.miui.gallery.jpg
    Фејктобер постои за мене оти сум:
    1) Нестрплива
    2) Никако неќам да користам боја за време на Инктобер, а периодов сум фиксирана на алкохолни маркери.

    Дупла работа си отворив, ама мислам дека вреди. :D
     
    На Oneo, Briar Rose, SStasia и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Да почнеме? :wasntme:

    Едит: Не сфатив, нели и лани имаше со боја цртежи?
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    162.727
    Пол:
    Женски
    Да, смеј и со боја. Инктобер генерално нема правила, туку препораки. Јас ставав ептен кога "морав" зошто на сред Инктобер ми стигна нарачката на гел стила. :D Ама годинава ќе го терам црно бело како годините претходно, не како лани. Ама понекогаш ќе ставам и истиот збор нацртан два пати - еднаш во Септември и еднаш во Октомври. Да речиме дека јас си ставам строги правила на себе. :D :D
     
    На Celltica и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Почекај до петок
     
    На Celltica и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    118.732
    Пол:
    Женски
    Јас немам време да цртам, но редовно ќе ве:hug: следам, одвај ве чекам.
    :clap:
     
    На Осе, Celltica и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.847
    Пол:
    Женски
    Колку што ќе бидам способна да нацртам нешто за дадените теми, толку ќе учествувам. xD
     
    На theowndemon и Celltica им се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Барем малце подобро да знаев да цртам, ќе се приклучев.
    Вака нема смисла да се страмам :D
    Во секој случај, ќе ве следам сигурно :)
     
    На Осе и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Абе не сум ни јас нешто профи, ама убаво е за занимација. Јас и лани пишав, поинтересно ми е како е зборот интерпретиран, отколку како е нацртано :) Ајде, придружете ни се, не е битно да се совршени или најубави цртежите :)
     
    На x-MajaEsposito-x, LadyLollypop и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.847
    Пол:
    Женски
    И јас не знам ама ќе се плеткам малку. Ајде, добро е на нешто и да се насмеат. xD
     
    На x-MajaEsposito-x, LadyLollypop, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.216
    Допаѓања:
    162.727
    Пол:
    Женски
    Нема врска како личи. Башка, многу се учи од шкрткање секој ден. До крај на Октомври ќе видиш како ќе бидиш импресионирана од себе. :l:
     
    На x-MajaEsposito-x, LadyLollypop и Celltica им се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Не е битно дали убаво црташ или не. Битна е дружбата :D И ја не знам да цртам многу ама интересни ми се предизвиците.
     
    На theowndemon и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Мора да е само со пенкалца во црно?? Јас имам пенкала во 18 бои дали ќе може да ги користам??
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да учествувам годинава, се надевам ќе имам време. Ме интересира од кои гелни пенкала сте задоволни да си купам утре
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Јас велам да :D Не верувам да има некој против, можеш најголем дел да е црно бел, а другото да е во боја детали.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.