Introverts united

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 12 октомври 2019 во 19:56.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    23.237
    Се надевам дека нема ваква тема.

    Како што кажува насловот, посветена е на сите нас, интровертите. Енергијата ја црпиме од времето што го поминуваме самите со себе, не сакаме гужви и не изморуваат честите средби и бучавата. Сакаме да се внесеме во сопствените мисли и чувства, имаме склоност да претеруваме со анализирање и тивки сме, повеќе слушаме отколку што зборуваме.

    Се смета дека во денешното општество повеќе се ценат екстровертите, како покомуникативни и дружељубиви, но интровертноста има многу добри страни, како аналитичкото размислување, темелното размислување и работење, способноста за активно слушање и чувствителноста.

    Дали се пронајдовте? Како се "справувате" со сопствениот карактер и дали сте наишле на осудување од околината?
     
    На SexiLy, GirlLove, MonMon и 33 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.904
    Пол:
    Женски
    Јас сум нешто измеѓу, и од квизови на нет барам помош да ме определат кај сум, секогаш ми излегува 50/50...

    Екстроверт сум затоа што сакам внимание, сакам чести средби со луѓе затоа што тоа ме исполнува со енергија, АМА... луѓе што се баш-Баш екстровертни freak me out. :D
    Секогаш кога ќе запознам некој екстремно комуникативен екстроверт ми фали длабочина во разговорот, ми фалат чувства што еден интроверт може да ги изнесе, а во што се пронаоѓам и јас - имам чувство дека премногу ги согледувам и чувствувам (ако тоа има смисла) работите што се случуваат и зборуваат во даден момент, а тоа се должи на мојата многу многу аналитичка природа (читај: overthinking).
    Исто така што се пронаоѓам кај интровертите е што не можам да водам кежуал разговор да си го спасам животот, најсериозно мразам кога ќе сретнам некого и проаѓаат оние зборови ,,Еј, како си ------- Добро, ти?", не знам како да се однесувам. :rofl: А во длабоки разговори сум добра.

    И има уште што се пронаоѓам кај вас интровертите ама има шанса да сум само екстроверт со анксиозност. :D Ама сакав да се изјаснам во темава, се надевам во ред е. :angel:
     
    На ku4ence, Blue.Sky, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    2.282
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. И јас спаѓам во групата на интровертни луѓе! :wasntme:
    Но не сум срамежлива!
    Само мразам гужви и ука бука. Си сакам по интимни атмосфери. Затоа и пре пре пре ретко одам по клубови.
    За зборување сум доста молчалива, и во група луѓе јас сум таа што најмалку збори (освен со најблиското друштво), ама пак ќе кажам, тоа не е ради дека ми е срам или се плашам дали нешто погрешно ќе кажам, напротив, баш ме заболе. :P
    Зборувам малку бидејки ме мрзи, ми претставува непотребно заморување. Дури и ако сум во некој муабет или дискусија знам цело време да сум ко -да, да, да, така е, зошто после се чувствувам заморено. А и немам никаков ќар.

    Сакам тоа што го имам на ум да го кажам во најкратки множни црти и ако некој не ме разбере или дослушне првиот пат, ретко повторувам по втор пат. Ме мрзи. Ме исцрпува.
    Многу често ми се случува ако почнам да кажувам нешто и бидам на кратко прекината и после кога ќе ми речат -И што сакаше да кажеш? јас да речам ништо, заборавив, иако не сум заборавила, ама веќе ми поминал меракот за зборење што би се рекло. :D

    Повеќе сакам да слушам и да "купувам". :)
     
    На Purplelilac, Blue.Sky, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.
  4. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    937
    Пол:
    Женски
    И јас не сакам гужви, поточно не сакам воопшто луѓе затоа што секаде пишти лицемерие но тоа е веќе друга тема.
    Одбегнувам собири, одбегнувам места кај што има дешавки, фестивали, курци палци, секогаш кога ќе налетам на повеќе група луѓе на улица, бегам на друга страна. Претпочитувам тишина во последен период, не дека нема да ми штети друштво но радо би била со ограничен број на избрани луѓе, затоа што почнав да одбирам со кого разговарам и со кого се дружам.
    Сакам тишина, претпочитам повеќе од времето да го поминувам во тишина.
    Инаку не сум намќор, брзо се здружувам и зборувам во друштво доколку некој ме прашува нешто, ќе дискутирам ако е тема по мој вкус, ама потоа брзо се повлекувам и набљудувам.

    Јас би се опишала - ќути си - прави си. :D
     
    На Blue.Sky, sj *O*, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    44.505
    Пол:
    Женски
    :rock:овде сум и јас.
    Чудна сум за околината.
    Кафето сама дома ми е најслатко, одам излегувам се дружам, но длабоко во себе си знам дека сум интроверт, и го обожавам тоа.
     
    На Purplelilac, sj *O*, Sweetlove_0312 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Убаво ми беше во младоста кога пронајдов други интровертни луѓе како мене кои ме разбираа.
    Но
    Како што општеството повеќе ги цени екстровертите, тоа е точно,
    така сум забележала дека и интровертите ги подценуваат екстровертите.
    Доста често интровертите знаат да кажат дека екстровертите не ги бива за длабоки разговори или емоционални поврзувања. Тоа не е точно, сум сретнала екстроверти кои толку длабоко го доживуваат животот, и интровертни кои не можат да прават емотивни разговори.
    Ниту едните ниту другите се погрешни или за поправање. Само се различни.
    За осудувања од кај да почнеш, кај да завршиш. Прво од родителите, не можат да сфатат зошто детето не сака да им се гушка со сите и зошто не збори. Они го препишуваат на срамежливост и го тераат да не биде срамежливо, и кога мајка ти и татко ти не те разбираат како ќе те разбере останатиот свет.
    Мислам, останатиот свет дури и подобро ќе те разбере, али кога си мал мислиш нема шанси.
    Со текот на годините станав дрска со луѓе што не можат да сфатат дека не се сите луѓе екстровертни и не сакам секој да ми досаѓа. Во продавница влегувам, се улетува кон мене продавачката и ме удави. Она мисли услужлива е, јас вртам поглед и одговарам најкратко со ахам, или да и не. Па прочитај меѓу редови да му се невиди. Продолжува да ме дави и јас и се вртам и и велам, извини али многу си ми нападна, дали ќе може да разгледувам сама, ќе те викнам ако нешто ми треба. Без збор си замина, се увреди. Епа се увредуваат пошо општеството ги цени екстровертите, и другите не се нормални. Ако продавачката мисли дека интровертноста е сосема нормална, нема да се увредува. Али шта чеш, не е ни она крива
     
    На sj *O*, nightingale, Sweetlove_0312 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    487
    Епа здраво дечки :)
    За жал, денеска луѓево имаат погрешна претстава за нас интроверти.
    Не сум срамежлива, често работите ги гледам од поинаков агол, доста анализирам, сакам deep муабети за кои можам да зборувам со часови.
    Не сакам гужви, имам определен круг на пријатели со кој одлично функционирам. Сакам да поминувам време сама со себеси, уживам во мирни места, тишина и едноставно тоа ме полни со енергија.
    Ретко се отварам пред луѓе, можеби делувам на прв поглед како незаинтересирана или дигната хаха но не секој ја разбира интровертноста. :)
     
    На Purplelilac, sj *O*, Sweetlove_0312 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    44.505
    Пол:
    Женски
    Дигната, ладна, сериозна, "од високо гледа", свој стил е, ако ја прашаш нешто ќе сватеш дека сосема е нормална, ниту е дигната ниту ништо од наведеново.

    Помала кога бев се докажував дека не сум лоша, само несакам "цици-мици", лигавења, гушкања.
    Лицемерни ми се некогаш екстровертите-најискрено (извинете ако некој се навреди), но не е можно секогаш да си кул, и да сакаш да си близок со некој кој го гледаш дури 1 час.
    Сега нит се докажувам што сум, нит ме интересира. Битни ми се моите најблиски, битен ми е домот, битно ми е моето хоби, книгите кои ги читам, битна ми е природата, авантурата додека ја истражувам. Во друштво со 100 луѓе, може да се чувствувам најосамено, а со двајца или тројца=целосно исполнета:)
    Чудно ли е ова?-не би рекла, и несакам да ме закачкаат за ова, немам сили да се објаснувам.
    Нека научат и за различните од нив, како што јас ги почитувам, така и тие-мене:)
    Се расприкажав...
     
    На SexiLy, LejlaD, Dadusicka и 19 други им се допаѓа ова.
  9. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Не знам во која група спаѓам и не можам да се одлучам..али еве ќе кажам

    Додека одев во школо основно/средно бев срамежлива и воопшто не зборував, не сакав гужви и такви ствари.
    А после тоа животот ми се сврти за 360 степени..И сега сакам понекогаш да сум во центар на внимание и само мојот глас да се слуша, а имам моменти и кога слушам некакви глупави муабети па тогаш знаам уста да не отворам. Бидејќи навистина не ми се зборува. Исто и со групите и гужвите..се зависи од тоа како се чувствувам. Има луѓе мои познаници кои не ги сакам и со нив не сакам ни едно здраво да кажам, едноставно не ги сакам. Има луѓе кои ги сакам и со кои нонстоп би зборувала (зборувам за познаници само).. Зависи каква енергија од човекот чувствувам така и се однесувам према него. Имам моменти кога сакам само да сум излезена, а има моменти кога сакам 3-4 дена да сум само дома и да уживам со себеси. Сакам луѓе кои знаат да водат длабоки разговори за се и сешто.А ако видам дека некој ми зборува некои глупави муабети веднаш ми станува одбивен. Во мојот град не сакам да одам на места каде познавам некои луѓе што не ги сакам.. итд итд..Ете така као некој изрод сум јас хаахах

    П.С. Сум видела и проживеала свашта и секакви луѓе и мислам дека не е срамота и не е ништо погрешно да си интроверт. Се додека УЖИВАШ сам во свое друштво. А тоа што кажуваат луѓето воопшто не е битно. Битно е на секој да му биде убаво.
     
    На sj *O*, Sweetlove_0312, nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Браво за темата. Се приклучувам во клубот .Порано ова не го сакав кај себе. Но како пораснав и научив повеќе за себе и (не)луѓето, научив како да го прифатам и го користам во моја корист. Не можам да поднесам усти што постојано галамат,зборуваат а немаат ништо битно да кажат и неможат да функционираат затворени. Додај на тоа и себичност,лажливост,поквареност,малоумие,некултура,примитивизам,трачарење Нека фала. Живеам како сакам,и апсолутно не ме интересира кој што ќе каже(зошто би ме интересирало што горенаведени профили уопште мислат) Се повеќе сум селективна со какви луѓе сакам да се опкружувам и се околу мене, до мене сакам или квалитет или ништо друго Енергијата не ја давам на било кого и на енергетски вампири на изволте да ја повампират нити да ја користат мојата чувствителност и мош мислит човечност. .Горда сум на себе за напредокот по ова прашање . И да насловов на темава ме потсети на ова
    United we stand :D

    introverts-unite-e1472018729952.png 2102244_0.jpg
     
    Последна измена: 13 октомври 2019 во 05:05
    На Purplelilac, sj *O*, M.B. и 9 други им се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Проверив веќе има тема екстроверт или интроверт таму можете да пишувате и пишувате ви екстровертите колку сакате оваа може да биде наменета само за интровертите ко што и стои насловот.
     
    На sj *O*, nextredstyle, afrodita94 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.636
    Допаѓања:
    78.119
    Пол:
    Женски
    Јас не сум сигурна за интроверт бидејќи се менувам па би рекла 50-50.
    Тоа е така затоа што идам и во клубови т.е.додека бев дома идев само во еден клуб, почесто одев на кафе, поретко кафани.
    Во младоста касно почнав и дискотеки да вртам.
    И денес сакам да се измешам со луѓе ама приметив дека бргу почнува да ме гуши, повеќе од. 2-3 сати не можам.
    Повлечена сум, мирна и тивка ама многу галамам кога има неправди.
    Еве оваа нова година ја планирам за домашна атмосфера додека претходните години дома не ни сакав да седам.
     
    На sj *O*, Sweetlove_0312, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    10.120
    Колку само не можам да ги разберам и сфатам луѓето кои 24/7 се некаде отидени, шетаат, скитаат, што на гости кај некого, што на кафе. Јас сум личност која ужива да го поминува времето сама со себе, да слушам музика, читам или чепкам нешто низ интернет. Собиранки во 90% од случаите избегавам, освен оние неопходните. Мразам гужви, кога излегувам веќе 3-4 години не посетувам дискотеки. Уживам во тишината. Кафето најслатко ми е кога го пијам сама. Понекогаш знам и на парче хартија да ги пренесам мислите што во моментот ми се вртат во глава, па да размислувам потоа со часови за напишаното. Анализирам и правам неколку сценарија за тоа како треба да постапам или како требало да постапам. Ова можеби и до некаде не е баш препорачливо, ама ете таква сум.
    И моите родители се како мене, така што целосно ме разбираат. Од друга страна пак, баба ми често знае да ми рече дека сум "дива лига", ама да бидам искрена ич не ми е гајле. Знам дека не сум дива, само не сакам да комуницирам со секого.
     
    На Purplelilac, Blue.Sky, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.625
    Допаѓања:
    86.764
    Јас себеси се смеам дека сум лажен екстроверт. Во суштина, јас сум интроверт, кој нема проблем да излези и да се дружи со луѓе со кои му е згодно, ама не често пошто ми треба време за себе. Па знај да се случи еден ден цел да го планирам со различни луѓе, за да „си поминам од редот“ и после да земам неколку дена со ред „слободни“ без да се осеќам виновно дека немам излезено извесен период со некој. Ама ова чисто се случва од кога ќе ми стани згодно со некој. Дур да стигни да ми е комотно околу некој можи да трај долго време. Со другарите кои се дружам уште од средно, ги запознавав еден по еден, секој викенд чоек плус и през неделата нели пишевме и се запознававме за сега да знам кои ми се допаѓаат, а кои не и од кои сакам да се држам подалеку пошто од ко ќе запознам некој доволно и се опуштам околу него можи да сфатам дека воопшто не ми се допаѓа и дека тој некој го неќам во близина. Yeah. Од друга страна, дечко ми се задружи пред две години со ново друштво, и јас од нив само со еден зборав, и не е веќе МКД тој. Со новиот најблизок другар негов почнав да зборам, после седење во иста соба и исти друштва, да му зборам после точно една година. Сега многу си го сакам и го сметам за пријател.

    Од таму, можи да се речи дека сум интроверт со повремени екстровертни испади. Не дека то ме прај екстроверт, напротив. Едноставно од самец почнав да сум опкружена со луѓе и го прифатив то дека ете, се случва. Блиски пријатели имам малку и гледам со нив да излегвам. Овие другите со кои излегвам еднаш на два- три месеци, гледам да ги држам во та временска рамка, дури на еден начин како планирано. Единствената другарка од средно со која седевме во иста куќа, излегвам на интервали од еден месец. Колешка од работа, излегвам на интервали од два месеци. Другар со кој имавме пауза во дружењето, изгледвам еднаш до два пати месечно, не поќе, не помалку. Со другарка ми и дечко ми се гледам во многу почести интервали и се обидувам со најдобриот другар да имаме почести интервали ама е тешко оти сме од различен град. Да си пишиме на сите социјални мрежи и чатови кои ги користам - би била посреќна него вистина да излезам од комфортот на мојот дом и кревет и да се социјализирам со некој. То мислам дека можи да се види.

    Во дискотека бев само еднаш или два пати, не се сеќавам, во средно. Видов дека ме гуши и не ојдов пак. Е сега во средно бев навлезена во метал и симпа ми беше еден тапанар па се жртвував и одев на метал свирки, залепена на ѕид, испраена како стап и само гледав кон бината. Другарка ми и уште едно девојче со кое одевме, дивееја напред, јас, се разбира, не бев со нив. Од сегашен аспект ги сакам свирките кои се држат во Порта Џез пример, и каде можам да си резервирам маса на тераса и да седам и да гледам кон бинатата, а околу мене да има малку луѓе пошто сите сакат да се долу и да се диват.

    Се шо е мирно и приватно со луѓе кои ги познавам и бројот на присутни е максимално ограничен е ситуација во која би си поминала добро. Во група не се снаоѓам иако често излегвам пошто сакам, како шо напишав горе, да си поминам од редот па да не морам да го прам то извесен период, туку да можам да излегвам со само чоек- два плус, уште поприватно, уште потивко. Кај да е ќе почнам да пишам дека ќе одржвам Halloween забава. Ви ветувам таа е најмирната забава од овој тип која се одржува. Храна, тивка музика, атмосфера на фамилијарна вечера. И после то земам пауза неколку дена за полнење батерии.
     
    На Purplelilac, sj *O*, Sweetlove_0312 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    23.981
    Пол:
    Женски
    Еве тема ко за мене. Ви се приклучувам на клубот. :inlove:

    Се согласувам со тоа дека интровертите се потценети, а екстровертите се поприфатени (да не заборавиме и побројни). Мислам дека е заради тоа што луѓето треба да вложат повеќе енергија од обично за да се зближат со некој интроверт и за да може тој да си излези од школката. Повеќето не сакаат да се замараат до толку кога полесно е со small talk да си поминуваш. Епа интровертите сакаме повеќе, сакаме да создаваме подлабоки врски што ќе траат, врски што се повеќе од зборувањето за какво е времето или последниот трач. :D
    Ама еднаш штом успееш да запознаеш подобро интроверт, да погледнеш подалеку од површното (дека се ни е досадно и сме горди па затоа не зборуваме толку) ќе ве цениме засекогаш. :)

    За мене би рекла дека сум интроверт со карактеристики на амбиверт (тоа е фактички 50% интроверт, 50% екстроверт). Како мала бев премногу срамежлива, сега не толку. Не сакам гужви, многу луѓе околу мене, многу зборување. Ми ја цица енергијата и ми треба време сама за да се вратам во нормала. Во голема група луѓе јас сум таа што најмалку зборува. Но (клучното но), не можам предолго да сум сама. Склона сум на осаменост. На overthinking. Не можам предолго сама со сопствените мисли, мислам дека ќе полудам. Сакам да се дружам, да излегувам, само сум селективна околу тоа. Мене најидеално ми е круг од 3-4 луѓе покрај мене, покрај кои се чувствувам комфорно, кои ме прифаќаат онаква каква што сум. Знам дека сум поинаква од мнозинството. Не поднесувам ноќни клубови, прегласна музика, гужви, ама затоа би уживала до бескрај во некој лонџ или пица бар во сабота навечер, со добра храна и пијалаци, со добри луѓе.

    Летово се зближив со еден пријател екстроверт со интровертно минато. Многу ми годи човекот, иако е екстроверт, муабетите му вредат најмногу од се. Мислам дека го вадеше најдоброто од мене, она што сум заборавила дека го имам. Како да се "балансиравме" меѓу себе. Тој ми помагаше да зборувам повеќе (без да се плашам дека ќе ми суди и ме прифати како поинаква бидејќи и тој е поинаков), а јас него да слуша повеќе. :D

    За разлика од него, поранешните пријатели сакаа да го форсираат екстровертниот живот врз мене. Ви се верува дека буквално ми се дереа пред други луѓе дека требало повеќе да зборувам? Дека сум била ко дух, ко одделена? Се нервираа, другите нивни пријатели мислеле дека ги мразам дека кога биле тие тука не сум зборувала. А никој, никој од нив не проба да ме запознае подобро, да ми се доближи. Е*ати екстровертите си велев во себе. Да пробаа да ми пристапат, којзнае, можи ќе пронајдев најдобар пријател во нив.

    Се изнапишав, ама има многу што да се дискутира на темава. :)
    Бидете горди на себе, интровертноста е една од најдобрите карактеристики. :l:
     
    На Purplelilac, Blue.Sky, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  16. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    487
    Треба вака да си се собереме ние интроверти овде од форумот и да се изнамуабетиме :rofl::rofl::rofl:
     
    На Purplelilac, Blue.Sky, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    6.497
    И јас ко Амели и некои други. Екстровертен интроверт. Порано тивка, сега сум таман
    Ми треба Me time секој ден по малку, сосем самс со мислите. Обично при патување од точка а до б во бус или метро или дома во спална.
    Маженс сум со интроверт и имам мало интровертче, се трудам дс ги отворам ама тешки школки. :bow:.
    Не би рекле многу што ме знаат во последно време дека сум интроверт, ама кога ќе се споредам со брат ми на пример, сум. Не ми смета. Ако ми фслат луге го уклучувам мини екстровертот во мене и фурам. 70% од време , I'll keep to myself.
     
    На Purplelilac, sj *O*, nightingale и 10 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.625
    Допаѓања:
    86.764
    Еми каде инаку? Во живо? Ију. :D
     
    На sj *O*, Sweetlove_0312, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    10.120
    Исто исто исто. Еден ден само за дружба и после во зимски сон :$.

    А најмногу мразам кога ќе испаднам со некој и после не им е доста дружбата па утредента пак ми се јавуваат за кафе, па морам да смислам некаков изговор за да не отидам, бидејќи ако им ја кажам вистината не можат да ме разберат :D.
     
    На Blue.Sky, sj *O*, GoodGirl45 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    :D
    meme_3_lines_700-5bac8a9dd6e33__700.jpg
     
    На Purplelilac, sj *O*, Sweetlove_0312 и 10 други им се допаѓа ова.