ID е телевизиска програма во која се обработуваат и реконструираат најпознатите злочини во Америка. Лично мене ми е една од омилените и е канал на кој секогаш има нешто интересно да се гледа . Ја гледате ли и вие и која е вашата омилена емисија ?
Investigation Disovery И јас ја гледам, не често, ама чат-пат загледувам, интересни емисии има, имав гледано од тие емисиите во кои се реконструирани злочини во Америка.Почесто ја гледав емисијата за исчезнати лица во Америка, некако интересна ми стана, мистериозни случаи, поради мистериозноста ми стана интересна, додека ја гледав емисијата и сега, се чудам како некои луѓе не ги нашле воопшто, не се знае дали се живи или не, имало и такви кои после неколку години ги пронаоѓале, страшно и многу језиво.Исто чат-пат ја загледувам и емисијата Проколната куќа, со духови што им се појавувале на луѓето и такви работи, но мислам дека премногу се идеализирани во однос на тоа што им се случувало на луѓето, пример духови како фрлаат предмети јас разбирам дека има нешто, но и таква идеализација на истите, премногу филмувано ми делува, штознам...Исто имаат и една емисија на група истражувачи на паранормалните работи, па и таа ја гледам, која за разлика од другата емисија Проколната куќа, ми е пореална.Повеќе овие ги гледам, отколку со злочините во Америка.
Гледам редовно, посебно сега кога веќе немам обврски со факултетов, нон-стоп сум пред телевизор само за ова. Омилени емисии ми се Killer Kids - Број 1, после Deadly Women, Dissapeared, On the Case with Paula Zahn, Scorned - Crimes of passion, Nightmare next door.. сите очигледно Не,стварно,обожавам емисии со ваква тематика и што и да даваат ми е интересно.
Мене омилена емисија ми е Dissapeared . Баш ми е интересна затоа што не секој случај има своја завршница и навистина ми е чудно и бизарно тоа што некои луѓе не се пронајдени дури ни по 10-20 години. Behind Mansion Walls ми е исто така една од по омилените зашто се обработуваат злочините на најбогатите луѓе во Америка и уште еднаш се докажува дека среќата не е во парите . И Killer Kids ми е интересна и по малку морбидна . Еднинствено што не ми се допаѓа е тоа што премногу ги репризираат едните исти емисии и случаи . Исчезнатите секој ден ги вртат едни исти а исто така емисиите на Paula Zahn веќе ги научив на памет . Како и да е и јас исто така обожавам телевизии од ваков тип и речиси и да не менувам канал зашто секогаш наоѓам нешто што ќе ми го привлече вниманието .
Да и јас имам приметено, едни исти ги репризираат, знам едно време кога ги гледав исчезнатите, после ги репризираа, а исто и со таа емисијата Проколната куќа, даваа репризи, а сега скоро мислам имаше и нови епизоди.Освен таа емисијата со браќата што истражуваат паранормални активности и мислам дека имаше и нова емисија иста како оваа со браќава што истражуваат загледав пред некој ден.Сега ми текна на истава телевизија даваа емисија за паранормални активности во Европа, за некои замоци во Англија, чинам беше Малку и страшно е што од тие што исчезнале, уште ги немаат најдено, ни трага, ни глас од нив...
Да, и мене ми делува интересно новата емисија Deadly sins, мислам дека за брзо време ќе почне . Инаку емисиите кои што се за духови и слично ги гледам зашто се интересни ама лично не верувам во ниедна од нив затоа што мислам дека се премногу уфилмани и се далеку од реалноста, но за тепање време се супер. Заборавив да ја спомнам и емисијата за прогонуваните: Stalked: Someone's Watching , интересна е , само што ја нема често или пак јас ретко ја начекувам , тематиката ми е занимлива , до каде се може да оди човековата лудост и опседнатост . Инаку сум гледала и јас емисии за паранормални работи кои што се случувале по Европа , Англија . Конкретно се сеќавам на една емисија за Ирска мислам дека беше и кажаа дека таму биле забележани најголем број на паранормални активности . Се на се, поинтересно ми е тоа отколку оние браќата што истражуваат проколнати куќи.
Скоро сите интересни емисии на Disc Id ги гледам освен таа што врши обдукција Dr G бидејќи ко морници да ме лазат кога ја гледам
А јас не гледам Dr G, затоа што ми е досадно дека е цензурирано. Сакам да покажуваат убаво се. Не ги гледам и оние емисиите со духови, не дека не ме интересираат туку спијам или учам тоа време, не ми одговара терминот. И не сум забележала, почна Deadly sins или уште не?
Ја гледаше некоја од вас Deadly sins ? За што се работи ? Јас сеуште не бев во можност да погледнам ниту една епизода .
Се заразив со програмава. Само тоа гледам. Deadly Sins ни јас уште немам гледано. Интересно изгледа од рекламата. Исто и Killer Kids, ама никако да ја начекам. Инаку, не можам да издвојам, сите ми се омилени Најчесто гледам Disappeared, On the Case with Paula Zahn, Nightmare Next Door... и било што и да начекам.
manja,и јас уште немам гледано, толку го чекав, а никако да гледам. Туку, гледајќи Killer kids не можам да се изначудам колку болна психа може да имаат деца, милион пати поболна од возрасни. Такви монструозни дела немам видено во ниту една друга од емисиите...
Да , и мене Killer kids дури ми е и морбидна , што ли се крие во детската психа за да извршат такви монструозни чинови . Инаку денес гледав неколку реклами за нови емисии , штета што сега немам толку слободно време за да ги следам ама ќе начекам некоја . И сакам нова сезона на исчезнатите да почне , досадно е , едни исти случаи ги научив на памет , ме нервира што едни исти емисии и епизоди ги репризираат по 100 пати а емисиите како Nightmare Next Door , Killer Kids , Deadly Women воопшто не ги репризираат.
Ја обожавам програмава, све гледам. Deadly Woman, I've been married with, Nightmare Next Door, Deadly sins, Hounted House.. ми се едни од позанимливите.
Гледам тоа што ќе фатам во моментот. Не пребирам, затоа што сите емисии им се интересни за гледање, па не осеќам дека времето ми е залудно загубено. Ако некои сцени и случаи ми се морбидни, вртам на друг канал од сличен тип. Не сум јака на желудник, а емисиите со убиства некогаш им се ептен во детали дадени.
и ја сакав да прашам дали го има на Max TV? Вака изгледаат интересни емисииве што ги зборите па би сакала и јас да ги гледам . едит:На страната на T-Home пишува дека овој канал го имаат пакетите 3 Max Start и Comfort.