1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ischialgia (Ишиjалгија)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од martinuska, 20 мај 2012.

  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Темава ја отворам поради тоа што лани ова време дознав дека имам Lumboischialgia lateralis dexter поради Discopathia L5/S1.
    Причината поради која отидов на испитувања беше болката која ја чувствував од време на време во пределот на кичмата.
    Ми беа препорачани апчиња ако некогаш осетам јаки болки, Б-комплекс, правилно држење на телото и вежби за зајакнување на грбната мускулатура.
    По утврдување на дијагнозата повеќе се заинтересирав на оваа тема и најдов доста материјал со помош на кој дознав многу работи поврзани со оваа болест.

    Доколу и некој друг го има истиот проблем може да сподели тука свои искуства. :)

    Во спојлерот ќе напишам повеќе за ишијадичниот нерв, ишиалгијата, етиологија на болеста, клиничка слика, дијагноза, лекување и превенција.

    Ишијадичниот нерв (лат. n. ischiadicus) е најголем и најдолг нерв во човечкиот организам кој настанува од корените на крсниот сплет на луимбосакралниот дел на рбетниот мозок и се состои од моторни и сензорни неврони кои учествуваат во инервацијата на деловите на телото од лумбосакралната регија па се до завршните делови на долните екстремитети.
    Се протега од лумбалниот дел на рбетот. Од карлицата излегува од foramen infrapiriformae, оди во средината на задната страна на надколеница и во висина на fossa poplitea се дели на две гранки.


    Етиологија:

    Ишијас не е специфична болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од акутни и хронични процеси во грбот, но може да биде и рефлексна реакција која настанува под дејство на промена во стомачната празнина и малата карлица.

    Ишијас настанува кога постои притисок или оштетување на n.ischiadicus. Пребрзото стареење на организмот и дегенеративните промени на меѓупршленските дискуси се главни причини за настанување на симптомите на ова пореметување.

    Во мал процент кај болните причината може да е поинаква од наведените.
    При подигнување на тежина во неправилна положба на телото (погрешно или нагло движење) настанува пукање на фиброзниот прстен на дискусот и излегување на неговиот средишен дел - желатинозното јадро, кој врши притисок на поедини рбетни корени на нервите.
    Постојат повеќе причини зошто нервните структури кои влегуваат во состав на ишијадичниот нерв се поподложни на оштетување од другите нерви.
    Ишијадичниот нерв е многу долг нерв, па со самото тоа е биолошки поосетлив. Втора причина е неговиот специфичен пат и топографски однос со некои органи и различни структури во телото и на крај неговата голема дистрибуција во подрачјето на неговото разгранување во мускулите, зглобовите и кожата.

    Денес се смета дека значотелен број на ишијадичниот синдром (дури и до 80%) потекнува од вертебрална етиологија како последица на промени во рскавичните и коскените структури и лигаментите на рбетниот столб, во кои спаѓаат:
    - спинална стеноза или компресија во внатрешниот дел на рбетниот канал
    - дегенеративна болест на интервертебралниот дискус
    - спондилоза
    - бременост
    - повреди на рбетниот столб како што се фрактури, исчашувања и нагмечувања
    - тумори
    - останати причини: општи инфекции, шеќерна болест, зголемена телесна тежина, рамни стапала, нередовна физичка активност итн.


    Клиничка слика:

    Ишијадична болка
    Интензитетот на болката во ишијасот како главен симптом може да варира од безначајна до многу силна болка. Може да има карактер на благ замор, тапа болка или пецкање, па се до болка која го ограничува движењето на болните.
    Болката најчесто се јавува на едната страна. Дел од болните имаат остра болка во еден дел од ногата и вкочанетост во другите делови.
    Болната сензација може да биде само во пределот на лумбосакралниот дел на рбетот или да се шири се до стапалото. Може да биде површна или длабока. Се јавува обично после подолго стоење, ноќе, после кивање, кашлање или смеење.

    Трнење, парестезии или слабост на мускулите
    Се јавува по должина на ишијадичниот нерв, почнувајчи од долниот дел на грбот па се по должина на ногата се до стапалото.
    Во некои случаи може да се јави болка во едниот дел на ногата, а вкочанетост во друг дел.
    Парестезиите во вид на пецкање или боцкање со игли или губење на чувството често се јавуваат во прстите или во целото стапало.


    Дијагноза на болеста

    Историјата на болеста, а посебно анамнезата од болниот има за цел прибирање на сите релевантни информации, кои се важни за откривање на вистинската природа и причината за тегоби кај ишијадичниот нерв и точно поставување на дијагноза. Анамнезата мора да е целосна и точна.
    Преку објективниот физикален преглед се утврдуваат промените во огранизмот на болниот. Посебно значење се дава на невролошките прегледи и утврдување на патолошки рефлекси.
    Невролошкиот преглед кај ишијас ги опфаќа Лазаревиот тeст, тестот на Ласек, испитување на тетивните рефкелси (пателарниот и Ахиловиот), испитување на сензибилитетот особено по кожата на внатрешната и надворешната страна на стапалото и на палецот на ногата, тестирање на поедини мускулни групи на ногата и анализа на одот на прсти и пета (со воочување на разлика помеѓу левата и десната страна)

    Дополнителни испитувања се прават преку:
    - радиографија
    - компјутерска томографија
    - магнетна резонантна томографија
    - миелографија
    - дискографија
    - електромиографија


    Лекување

    Ишијасот презивикан од дискус херниа може успешно да се излечи и без примена на оперативен зафат во 95% од пациентите во рок од 1 до 12 месеци. Тоа е овозможено со неколку принципи дизајнирани за оваа врста на болест, кои имаат за цел да го забрзаат опоравувањето на болниот и да му овозможат што побрзо враќање на неговите друштвени и професионални активности.

    Болниот треба да се советува за време на лечењето да биде активен и да продолжи со поранешните активности бидејќи привременото мирување (лежење) ги намалува симптомите, но не обезбедува брзо опоравување.
    Бидејќи болеста има акутна и суакутна фаза, лекувањето е различно во двете фази.

    Во акутната фаза треба да се мирува и да се лежи во постела во положба која најмногу му одговара на болниот. Индицирана е т.н Вилијамсова положба во кревет. Болниот лежи на грб со нозете свиткани во колковите и колената, со подигната глава и горниот дел на телото. Може да лежи на страна во непроменета положба три до четири пати на ден по еден час, при што болната нога е горе, свиткана во колкот и коленото и потпрена на перница.

    На тој начин се израмнува лумбалната лордоза и се шират интервертебралните простори со што се постигнува намалување на притисокот на нервните структури, а со тоа и намалување на болката.
    Мирувањето треба да трае од една до три недели во зависност од тежината на клиничката слика, но веќе по седум дена треба да настапи значително подобрување.

    Во исто време се даваат и аналгетици за намалување на болките, НСАИЛ, стероидни епидурални инјекции кои имаат за цел да ја намалат или отстранат болката. Од физикалните агенси во акутниот стадиум може да се примени криомасажа во пределот на крстот, а во втората недела може да се примени и блага топлина. Може да се препорача и носење на лумбален појас, но истовремено со изометриски вежби.

    Кога ќе се смири акутната фаза се преминува на одредени постапки на физикална терапија.

    Во субакутната фаза може да се започне и со примена на вежби.
    Подоцна може да се продолжи со јакнење на природниот лумбосакрален корсет. Јакнењето на оваа мускулатура е воедно и превенција на рицидиви на болеста. Болниот треба да се едуцира дека секојдневно треба да ги изведува вежбите и да применува заштитни положби.
    Хируршката интервенција треба да се избегнува се додека е можно. Пред тоа треба да се исцрпат сите средства за конзервативна и физикална терапија.


    Превенција

    Превенцијата за појава на ишиалгија е често полна со потешкотии бидејќи една од главните причини за појава на ишиалгија е постепено пропаѓање на долниот дел од рбетот, која настанува како природен процес на стареењето низ годините.
    Иако поради стареењето не може во потполност да се спречи, со примена на разни мерки голем број на луѓе можат да се сносат со болеста или дури да ги избегнат симптомите кои би можеле да станат се поизразени и понеподносливи.

    Физичка активност
    Најважна мерка за превенција е зајакнување на мускулите на долниот дел од рбетот, што обезбедува стабилност и растеретување на меѓупршленските простори на тој дел на рбетот.

    Програмата за вежби треба да вклучува една или повеќе ид следниве активности:
    - пешачење
    - трчање
    - пливање
    - вежби со тегови
    - вежби за истегнување и вежби за обликување на телото (гимнастика)

    Останати мерки:
    - да се избегнува кревање на товар во лумбална флексија
    - да се избегнува изложеност на вибрации
    - редукција на телесната тежина кај луѓето со зголемена телесна тежина
    - промена на професијата и стилот на живот, односно навики од кои би можело побрзо да дојде до појава на болеста.
     
  2. Jelenicka

    Jelenicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Jас во моментов лежам поради оваа болест, синоќа ми ставија инјекција 2 аналгин, тродон и пола апаурин, сум заспала како дрогирана, денеска како да ми тнат нозете , грбот, рацете по малку, мислам не е тоа она буквално трнење туку како да ме лазат мрав, како да ме голицка, нервозно е некако, тука пишува трнат стапалата меѓутоа мене од колковите надолу, натколениците во предните делови ми трнат, те ккао ладно, те како топло мо од, дали е нормално?
     
  3. aceja

    aceja Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    lumboischialgia

    Od pred nekolku meseci dijagnosticirana mi e lumboischialgia so zacesteni bolki vo levata noga.Odev na terapija, no ne mi pomogna mnogu. Dali osven fizikalna postoi nekoj poefikasen lek?
     
  4. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Nosenje na pojas za zategnuvanje na diskusot.Fizicka aktivnost,Prevencija od diganje na tesko.