1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Jessica Jones (2015)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LilacWine, 27 ноември 2015.

  1. LilacWine

    LilacWine Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Нова серија на Netflix, приказна за женски супер херој, работи како приватен детектив. Правена е по стрип на Марвел и изгледа ветувачки. Ја прати некој?
     
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Не сум ја изгледала, ама во план ми е. Читав убави критики дека се разликува од останатите.
     
    На LilacWine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Бидејќи син ми е љубител на Марвел, гледаме се од нив, така да сигурно и оваа ќе ја гледаме!
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Моја препорака, да си седнете, да си ја изгледате. Netflix Господ да ми ги поживее што пуштаат цели сезони, 13 епизоди се и навлекуваат максимално.

    Приказната е одлична и доколку се мислите дали да гледате затоа што е Марвел и не сте фанови на суперхерои (нормални ли сте бре :)) да ви кажам дека доста минимален е делот со супермоќи, не се ни споредува со филмовите.

    Одлична приказна, таман распределено дејство низ епизодите и феноменални глумци. Дејвид Тенант мене ми е стара љубов, ама тука само ми се потврдува колку е добар како глумец. Многу ми се допаѓа делот што има силни женски ликови, баш скоро со другарка дискутиравме дека обично женските ликови се многу полошо претставени во серии, но тука дефинитивно се погрижиле, не само главиот лик туку и останатите женски ликови да добијаат соодветна репрезентација.

    Препорачувам.
     
    На calliope, 1209, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LilacWine

    LilacWine Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Бев голем скептик пред да почнам да ја гледм серијава, баш од прилина шо не сакам приказни за супер херои, но оваа навистина е подруга приказн.. Ми се допадна и ја изгледав буквално во еден ден. Глумата извонредна, приказната добро осмислена за ниту во еден момент да ме е досадна.
     
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Баш се навлеков на серијава. Ми го задржа вниманието толку многу што занемарив и учење и се, тотално неодговорно од моја страна (facepalm) Еве се тешам уште 13та епизода ми остана па раат ќе бидам после.

    Инаку да, интересна приказна, добро оформени ликови но не ми е јасна врската Џесика-Хогарт. Може некој да ми објасни?
    На почетокот се чудев како се запознале Џесика и Триш, но тоа е објаснато понатаму во серијата и сега е ок. Но Џесика и Хогарт како се поврзани уште не ми е јасно.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Хогарт ги користи услугите на Џесика како приватен детектив. Инаку Хогарт е женско во серијава, а машки лик е во другите приказни во универзумот.
    Сепак, иако тука е прикажан како женско тоа е само анатомски, во суштина нејзината приказна е стара колку и времето во машкиот свет. Моќен адвокат кој се разведува од својата сопруга поради тоа што нашол помлад модел.
    Иако Венди ја издржувала додека учела тоа не ја спречи да ја шутне. Мене ликот на Хогарт ми беше одвратен на крајот. Ама сепак одлично прикажан и актерката прекрасно го долови.
    Целиот кастинг е за пофалба, Килгрејв шармантен, на моменти да го жали човек, иако е чудовиште.
    Ритер улогата на Џесика не можела подобро да ја долови, цинична, ладна на изглед, а сепак инстинктот на херој е закопан длабоко во неа.
    Не сум некој фан на Марвел, затоа може и серијава толку ми се допадна, не е over the top, поприземјена, а сепак со успешно вметнати натприродни елементи.
    Едвај чекам втора сезона.
     
  8. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    А каде ја гледате серијава?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.842
    Пол:
    Женски
    Јас си ја спуштив, обично сите серии ги спуштам од нет преку торент.
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Има торенти на kickass за сите епизоди.
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Ако е мал синот не ја гледај со него, има експлицитни сцени.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Па сега, има 15 години, ќе може ли да гледа?
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Може, не е ништо што не видел веќе. :D
    Не е толку експлицитно. На почеток има така по 2-3 минути секс сцени со Џесика и Лук (али не се снимени со не знам колку покажување голотија), после натака чат-пат ќе се најде, али пократко и со усул е.
    Не знам, може заедно да гледате, ќе ви се непријатни тие моменти, ама приказната е доста добра, што нема ни да ви текнува на секс сцените после.

    Јас ќе ја влечев демек серијава од што ми е јака, ама џабе, издржав само три дена да ја ситнам.
    Ми ја фалеа Дердевил дека е подобра, али од неа и по 2-3 дена се дешава да не пуштам епизода, за разлика од оваа. Што знам...
    Фино би било и Триш да ја вметнат ко Хелкет во нареднава сезона, а се надевам така и ќе е пошто имаше некои hints, според тоа како се развиваше карактерно. Тогаш ќе е уште појако.

    Не ја знам приказната во стрипот нешто многу, али имаше некои пропусти и многу тупења каде комотно можеле да вметнат уште позадинска приказна според стриповите.
    Просечно ми беше и самото финале. :?:
     
    На LilacWine и tace73 им се допаѓа ова.
  14. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за „извештајот“, ако не првата епизода и посебно може да ја гледаме :))
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Епа сега, на тие сцени ќе станете ќе одите до вц, вода ќе пиете, ќе гледате во таванот:D
    Како без тие трауми од детството, не е интересно.:rofl:
     
    На calliope, tace73 и do-re-mi им се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    :D Точно.
    Добро па и не е толку мал, јас мислев 8-9 години има :lol:
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Излезена е втората сезона. Ја гледа некој? Јас сум до 4тата епизода, ама некако првата сезона беше подобра. Оваа приказна ми е малку...мех.
     
    На Scott Weiland и 1209 им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    21.268
    Ја утепаа серијава со втората сезона. Колку што беше интересна првата, толку беше тапа вторава. Ептен лигле ја направија Џесика. Ми изгуби сјај некако. Па и заплетите не беа кој знае што. Наредната сезона ќе биде решавачка, или ќе ја осежат некако или ќе ја доутепаат.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.