Не видов ваква тема па ја направив. Се работи за некоја марка каде што сите артикли ни коштаат по 5 ЕВРА што е навистина ефитно и зачудувачки со оглед на прекрасните модели кои што ги имаат. имаат прекрасни парчиња фустани , блузи, џемпери , чизми , јакни , и сл. Само незнам дали испорачуваат во Македонија јас им пишам лп па чекам одговор. еве нивна страница доколку е можно да си порачуваме од таму бидејки 5ЕВРА е од прилика 300 ден и помалку а тоа е ништо во однос на моделите кои што ги имаат https://www.facebook.com/JustFor5Pounds http://www.justfor5pounds.com/products/ ... K-IN-STOCK
и јас мислев дека се фунти но ми кажаа дека евра било сепак смешни цени нели ? навистина прекрасни производи имаат гледам и се чудам
незнам колку би коштала испораката .. леле какви чизми имааат ох мајко мила ми иде да чекирам се да ставам во кошничка, но тогаш би требало веднаш куќата под хипотека да ја ставам
На checkout ја пресметува испораката,според тежина.За најлесните,блузи,фустани е 5 фунти колку и производот а за кондури поголема
неможев да се снајдам да пресметам , ке сака некој да пресмета со испорака некој артикл колку ке кошта чисто да знаеме ?
http://raskazuvacka.blog.mk/2009/10/22/paypal/ еве тука ти е раскажано. На кратко,мора да имаш своја paypal сметка за да можеш да нарачуваш од ибеј,а на станава кога ке отидеш најдоле пишува виза,мастер,бла бла.. пишува и paypal. Тоа значи дека сајтов има склучено договор со paypal,исто како ибеј.
Одамна ја меркам странава, едни чизмички што видов уфф Дали има некоја што воопшто некогаш порачала нешто од странава? Има некои работи кои стварно се исплаќаат да ги земеш. Е сега, колку е сигурно Инаку, прочитав некаде дека и во Македонија ќе има paypal, само не знам за кога го најавија, 2014 пишуваше, ама кога точно...
Одете си до checkout значи прво акаунт е си направиш на странав и си бираш производ и ти дава чекор по чекор,ја пресметува цената за испорака според тежина,па на крај ти дава опција да бираш картичка или paypal,и си бираш картичка од кој ги прифака мастер,маестро и виса.
Nana19 имаш една огромна грешка, pounds се фунти- £, GBP, (евра се euro- €, EUR). Поточно 5 фунти се 370 денари (369.57 МКД).