На еден сајт го прочитав овај наслов, па ме интересира дали досега имате користено нешто за избелување или пак не сте имале вакви проблеми ? Знам дека ретко кој од вас ке се осмели да каже дали има ваков проблем но сигурна сум дека повеќето го имаме, јас лично го имам и искрено многу ме нервира..имам пробано со разни гелови но ништо... Споделете ваши искуства.. патем и еве го линкот за природно избелување ... Спојлер http://fashionel.mk/52681/kako-da-ja-izbelite-temnata-koza-na-preponite/
Како изгледа темната кожа на препоните ? Нормално е таа да е помека и потемна. Па прашувам дали таа нормална кожа некој ја смета за ненормална ? Мене лично, по мое мислење ми е со нормална боја. Постојат и потемни и посветли, ама тоа си е скроз нормално. Со овие избелувања може да се закачат разни инфекции, сепак се работи за осетливо место. Па дури и да ја избелиш, за кого ќе ја избелиш? За дечкото ? Не те прифаќа таква ? Или лично тебе ти пречи ? Од вакви работи не е чудно што се повеќе се јавуваат искомплексирани девојки за скроз небитни работи.
Јас го разбирам тоа дека таму мора да биди малку потемна од самата депилација и растењето на интимните влакна, но од секогаш ме интересирало дали тоа може на некој начин да избели и нема врска дечкото ако не ме прифајкал немало да биди со мене, онолку колку што е, а не е ни ради комплекси, комплекси немам, понекогаш знам да претерам со диета ко ке накачам килце или две но за таа работа нема и зошто. Не напишав никаде дека е битно, значи го видов насловот и ме интересираше мислење а тоа незначи дека одма мора да се напаѓаме без никаква основа.
Извини срцка, не те нападнав тебе, општо мислење си напишав. Па нека се јави некоја која пробала, па да кажи...