Kaко се справувате со женкарите?

Дискусија во 'Канта' започната од sillygirl, 28 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Има повеќе случаи каде што мушкото е женкариште тешко по кое сите девојчиња паѓаат на гз а, вие, неговата женска ужасно се нервирате за тоа...
    Мојов е таков и ми ги кине живците но незнам како да се справам со тоа, на секои две минути гледам дека некоја незнам ти која му постирала на wall и незнам како да го спречам тоа, како да му го свртам вниманието само кој мене...
    A најлошо од се е тоа што тој на сите тие девојки им вракја со мнооооогу љубов... Свесна сум дека е мушко и дека колку и да е заљубен неможе да не фрли око на други но ова е претерано...
    Верувам дека има повеќе форумџики кои имаат искуство со скопскиве фраерчиња..
    Ве молам... совет!
    Благодарам однапред!
    :)
     
  2. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Кога си го знаела како „ Женкариште “ Зошто воопшто, си фаќала работа со него ?
    Ако започнуваш нешто со таков човек, би требало да си свесна за последиците.
    нај веројатно си мислела, токму поради тебе ке се промени! но нема, надворешен изглед се менува карактер не.
     
  3. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Па, верувам дека ќе успеам да променам нешо у него пошо се другари со братучед ми и коа зборував со него ми кажа дека сум била прва шо несакал да ја мота уше коа се видовме првиот пат, туку сакал со мене да иде побавно и веќе 8 месеци идеме бавно... И од пред 3 недели сме официјално дечко и девојка.
     
  4. Lajt

    Lajt Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Silly Girl па тој твојот е голем скот.Зарем за него да си ги кинеш живците?Тој едноставно ужива во вниманието на другите девојки на фб а тебе не те ни погледнува,глупаво зарем не!Мислиш останал само на постирањето на ѕидот ма 100% има и нешто повеќе.Со таков неизживеан мочко да си немаш работа,од каде при тебе за девојка да има и други девојки-пријатели на ФБ,мислам работава нема логика.Да го пратиш право во градинка кај дечињата!
     
    На macole и sillygirl им се допаѓа ова.
  5. Lajt

    Lajt Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Да одите бавно???????? :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Леле глупост на деценијата,тој нема искрени намери со тебе
     
  6. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    Sillygirl, немој да бидеш silly.
    Не велем дека на дечкото не му значиш ништо, но таквите машки се на таков Дон Жуански живот научени, и не се менуваат баш лесно.
    Тој може да збори што сака и на кого сака, не значи дека е вистина.
    Прво, ако мислиш дека стварно те сака, кажи му отворено дека ти сметаат сите тие постови и дека уште повеќе ти смета тоа што тој враќа на нив, како ти да не постоиш. Ако го направи тоа, девојките ќе видат дека тој е со тебе и само со тебе, и кога тогаш ќе оладат.
    И на крај краева, зошто се замараш толку со фејсбук? Веројатно пола од тие женски не ги ни познава, само се занесуваат на фб. Заедно сте веќе 8 месеци, би требало да знаеш која ја знае, за која што мисли отприлика.
    Ама ако видиш дека си тера по свое, немој да останеш со него и немој да те влече за нос, ти ќе останеш повредена, а тој веќе ќе си има резерви. ;)
     
  7. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    283
    eve jas nemam iskustvo so skopski fraeri ama vo ista situacija sum kako tvojata samo sto jas se nerviram od samata sebe oti znam kako da mu zavrtam pamet na mnogu povozrasen od mene a na onoj mojov 4 god postar mislam deka ili ke go ubijam ili ke poludam.toj si leci kompleksi i nemu mu e interesno toa sto privlekuva vnimanie no veruvaj bidi malku posamouverena i ne pokazuvaj ljubomora i nemoj da pravis sceni toj e tolku opien od slavata sto moze vo sekoj moment da rece kraj neznam kolku vi e ozbilna vrskata no eve sega zboram malku i od moe licno odnesuvanje.skoro site sme bile nekogas vo oblaci da priznaeme,svrti ja situacijata i razmisli ti koga bi bila vo negova koza.flertovi udvaraci site te posakuvaaat centar paznja.e jas bi go uzivala toa ama ako toj do mene veruva vo sebe i mi rece AKO MISLIS DEKA KE NAJDES PODOBAR ODI znaes onaka ladno pa neznam kakov flert da e i kakvi postovi da se mene bi mi se vrtelo u glavata deka seto toa e zabava i nebitno daj malku da pazam da ne ja izgubam licnosta do mene.znaci bez sceni i ne se glupiraj u javnost da mu zboris nesto mislam da mu prefrlas nasamo prasaj go so tocno saka u zivoto saka mivka ili ZENSKA u prava smisla na zborot.mene mi donese uspeh ti posakuvam i tebe
    [mod-kirilica:1ay7glmx][/mod-kirilica:1ay7glmx]
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    9.924
    Пол:
    Женски
    Да те сака и да има сериозни намери, веројатно за овие 8 месеци ќе било друга приказна. |(
    Батали!
     
  9. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Butterfly-itgirl4s фала ти на советот
    А женски не идеме 8 месеци, толку време се знаеме и се запознававме... за тек сега јас да наседнам на неговите ветувања...
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.421
    Не се справувам јас со нив....ги одјебувам лагано.....неможе он да биде женкар, колку јас што можам да бидам кучка........... :devil:
     
    На loveme-4ever, badgirl2, AnaKlarc и 7 други им се допаѓа ова.
  11. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Не е баш така коа ќе се заљубиш... :D
     
  12. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    283
    hhahahahahahahhahaha се согласувам енца.69 :D силли немој да се нервирас те молам крени ја главата и не го ставај толку на срце времето ке показе не го форсирај биди малку опустена смири ги страстите он ако не е иззивеан немозес да го сменис ама ако те сака како сто викас знај дека неверството не е забава и не дозволувај да те прави будала ако е лјубов нека е лјубов а не детски игри само опустено со такви не се затрескувај ма не 8 месеци колку сака нека е биди малку со резерва :*
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.421
    Па играј паметно....не се заљубувај во таков....се роди заљубена во него??????или свесно се заљуби и покрај се???????
    Се сакаш повеќе себеси или него????????? :fubar: Просто прашање, одговорот на истото е логичниот тек на настаните понатаму....
    Неможам да сакам некој што така се однесува кон мене...точка....во мојот свет јас сум ЈАС сите останати се :?: ....останати.... :lol:
    Девојките ,,кучки,, како милуваат да ги кажат, мада јас го мразам изразов...ги имаат најдобрите дечовци и мажи....факт...јас сум еден од живите докази...а има многу....мажите нејќат лигли, нека заигра и ќотек ако треба.... :ninja: :ninja:
    п.с. не се шалам
     
    На Keep..Smiling и sillygirl им се допаѓа ова.
  14. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    528
    Јас знаеш како би се справила со женкарите?
    Би им бапнам по 5-6 клоци по газето женкарско и би им кажала аааајт..

    Како тоа колку и да е вљубен во тебе, не може а да не фрли око на други девојки???
    Да те прашам јас тебе..
    Ти сигурна си дека дечко ти те сака, дека е вљубен во тебе и дека те почитува?
    Јас мислам дека дечко ти воопшто не се грижи за твоите чувства.
    Место да си ги губиш нервите со овој твојов "фраер" најди си некој што ќе те почитува.

    И мојот дечко е типче има убава насмевка, прекрасни зелени очи, секси газе и добро градено тело. Свесен е за тоа, свесна сум и јас ама тој никогаш не ме ставил во ваква ситуација.
    Знаеш зошто? Зошто ме сака и ме почитува.
    Овој твојов ужива во вниманието на другите девојки и сеедно му е како ти се чувствуваш поради тоа.
    Ако те сака (како што ти велиш) тогаш не гледам причина зошто не би му биле доволни само твоите љубов и внимание?!
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.963
    Допаѓања:
    151.594
    Пол:
    Женски

    Ова е најголемата заблуда на жените - дека со својата љубов ќе успеат да го променат мажот кој го сакаат. Мажите не се менуваат под влијание на љубовта од одредена жена - се менуваат кога сами ќе го посакаат тоа, и ако го посакаат ;)
     
    На kate21, srcekrsacka, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Ахх и мојов бил женкариште ако тој е називот за таа категорија, значи си го живеел животот максимално, многу девојки, различна секој втор ден, алкохол, излегувања и сето тоа.
    Се додека не се запознавме и не почнавме да комуницираме и каде е сега, сега е во врска или поточно е верен со мене.
    Пред да ја официјализираме врската и нему му пишуваа пораки и слични работи но тој сето тоа го игнорираше, со изговор дека сака да биде само со мене. Мене не ми пречеа поради тоа што беше искрен со мене секогаш, а и никогаш не направил нешто што би ме направило љубоморна.
    А неговите „пријателки“ со тек на времето сфатија дека повеќе не го интересираат и се откажаа.

    Сакам да ти кажам дека дечкото треба да сака самиот да се промени, а не ти да мислиш дека ќе го промениш, тој е навикнат на таквиот начин на живот и на сето тоа внимание и сега му пречи што треба да се огради од тоа и да ти се посвети тебе. Според неговото понашање мене не ми изгледа како да сака да се смени, зашто имал доволно време да го направи тоа а не да си ги одржува своите контакти, можеби тој не планира да те изневерува но како женско те сфаќам како се чуствуваш и мислам дека треба да поразговарате искрено и да му кажеш што тебе ти пречи.
     
    На wiyezci, macole, Blondydevil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.389
    Пол:
    Женски
    И мојот порано имал така повеќе “пријателки“ кои го замараа дури и кога им кажа дека е со мене за сериозно. Тој ги игнорираше, ама имаше една упорно што му пишуваше, тој упорно ја игнорираше и јас еден ден му викам „Има жени кои ако не им кажеш ништо мислат дека имаат уште шанса со тебе.“ И тој се изнервира и прати порака ... ама онака ептен депресивофрлачка :lol: (изразов ми е ... :rofl: ) и оттогаш има година и више да чукнам у дрво како грдоно не го замара. Инаку засега ништо нема скриено од мене, не ни излегува мн мн без мене...ама и од моја страна е исто. Додека ги игнорира, нема потреба од тревога


    Инаку да ми се претставеше како женкар, одма црвен картон ќе му дадев. Општо ме нервираат сите кои се прават дека се нешто посебно и изводат а на прво место ми се женкарите и тие т.н. заводнички :lol:
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Прашањето е како карактеризирате еден женкар? Јас имам колега женкар. Има 40 години, сингл и си го живее животот како сеуште да има 20. Згоден е, добро ситуиран, забавен, паметен. Во вистинско време знае да направи вистински муабет. Флертот го вади не само од секој ракав, туку од секој џеб и секоја слободна пора. И морам да кажам дека неговите зборови навистина магично функционираат кај поголемиот дел од жените. Што ќе се лажеме - еден комплимент на место, и одма сме меки ко тесто за кифлички. Можат да не обликуваат после како сакаат.
    Не сака да се врзува, не сака да се жени. Сака да мува, сака да е слободен, сака да НЕ Е со една жена.
    Вака некако јас би го дефинирала женкарот. Они можеби се смируваат на некое време со една, но верувајте, ако им е тоа во крв, ние може и стој на раце да направиме, нема да ги смениме. После некое време газето веќе почнува да ги чешка и одат во поход.

    Анат убаво рече - а јас само ќе додадам, дека нема поголема глупост од онаа „јас него го променив.“ Демек види ме мене силната женска, која моќ ја имам. Се заљуби во мене и сега не смее да писне.
    Ја мајката. Карактер не се менува туку така. А уште помалку ние ја имаме моќта да промениме некој кардинално и од самата основа.

    Е сега ова модерниве женкари кои си постираат по фејсбуци и ѕидови, не ги знам. Изгледа ќе да е некоја нова дефиниција :)
    А како се справувам со нив? Па интересни ми се :) Сакам долги сексуално набиени двосмислени муабети со нив, сакам да ја играм играта. Ако сум јас најубавата жена на светот со две очиња ко пелистерски езерца, може и тој да биде месечината која ја осветлува оваа темна и таинствена ноќ се до моментот кога ќе му посакам убава вечер и ќе си заминам :) Од друга страна пак, добри се за една работа, за сериозни врски - не се залажувам. Така да во стилот на слатките фрази - No, I wouldn't rearrange the alphabet, and NO I wouldn't put U and I together :)
    Кој го знае, може еден ден ќе сфати некој од нив дека беше доста, дотогаш, не ми се предизвик ниту гаранција за сигурен и блескав живот. Чисто онака, генерално земено. Од кај да знам - можеби баш утре ќе ми се падне исклучокот за инат на мојава теорија :)
     
    На srcekrsacka, vaga95, barbie-hilton и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Ако сакаш да си „раат“, да си немаш нервози и секирации, подалеку од женкари. Јас имав другарче кое, како што викаше, многу ги сакаше сите жени, греота било да се одлучи за една :) . За другар супер, за дечко... :puke: Една вечер го гледаш со една, утре се појавува со друга, ама и таа си ја гушка како единствена на свет да му е, после три дена ете го со трета... И со сите фин, љубезен, на вечера, ваму-таму... Уште и сам се зафркаваше, вика „Ни мене не ми е лесно, сам човек толку може. Оди стигни на сите места“ :) . А имаше и некои баш ОК девојки, ама џабе... Со тој памет-толку. И ако се заљубиш во некој таков и ако сакаш врска со него, само проблеми ќе си направиш. Бегај на време, мој совет. Има нормални машки на светов, најди си некој таков :!:
     
  20. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    73
    Јас година се нервирам со еден таков..нема што да се прави со нив..батали го..Нема друга опција .Еден ден ќе сватат какви биле и што изгубиле..ама до тогаш ќе биде малку доцна нели?? ;) ;) Јас се откажава..веднаш не ќе можеш да го заборавиш,но обиди се.. ;) ;)
     
    На wonderful1 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.