1.Седнуваш пред компјутер, исправено на удобна столица во добро осветлена просторија. 2. Се логираш на MSN или SKYPE (и обавезно го ставате знакчето за “away’). Си го проверуваш маил-от. 3. Внимателно читаш што се бара во задачата за убаво да ја разбериш. 4. Се симнуваш до продавница за да си купиш чоколадо, бидејќи ти е потребна конценнтрација. 5. Си го проверуваш маил-от. 6. Се јавуваш кај пријател/ка и прашуваш дали е за кафе? 7. Се враќаш во соба, седнуваш повторно пред компјутер исправено во удобна столица и во убаво осветлена просторија. 8. Уште еднаш ја читаш задачата за да бидеш 100% сигурен дека си ја разбрал. 9. Cи го проверуваш маил-от. 10. Ти текнува дека му немаш пишано маил на пријател со кој сте се запознале претходната година. Си велиш подобро е да му го напишеш тоа писмо и да се фокусираш на задачата. 11. Одиш во купатило и си ги гледаш забите на огледало. 12. Симнуваш некоја нова песна. 13. Си го проверуваш маил-от 14. Четуваш на MSN со некој другар и се договарате за идни планови – за летен одмор на пример. 15. Си го проверуваш маил-от. 16. Ги слушаш новите МР3-ки и симнуваш уште нешто. 17. Му се јавуваш на колега од факултет и го прашуваш дали е започнат со пишување . 18. Се симнуваш до трафика по кока-кола и успат си купуваш и списание. 19. Си го проверуваш маил-от. 20. Читаш новости и разгледуваш што има, да не случајно пропуштиш нешто важно на телевизија. 21. Играш една партија solitare. 22. Одиш на ww.bored.com. 23. Одиш во купатило и си ги миеш рацете. 24. Се јавуваш повторно кај колеги и се надеваш дека и тие немаат започнато со пишување. 25. Го земаш фото албумот на цимер ти и го прашуваш за сите луѓе од сликите. 26. Си го проверуваш пак маил-от можеби некој пишал, ги преслушуваш песните што ги симна. 27. Уште само еднаш читаш што ти е задачата. 28. Си легнуваш малку. 29. Удираш во ѕид и кршиш нешто. 30. Си го проверуваш маилот. 31. Мрмориш нешто, пцуеш. 32. 5:00 часот наутро - почнуваш да пишуваш набрзина без запирање, во 6:00 семинарската е готова. 33. Им се жалиш на сите дека цела вечер немаш око склопено поради таа семинарска. 34. Ја предаваш семинарската и не остануваш ни 5 минути повеќе, си одиш дома да одмориш.
Малце фалеше да ти се развикам Примавера, не очекував ова од насловот Како и да е, ме пресмеа А не дека не е така
Хахахахахахха, си помислив дека ќе прашуваш како се пишува семинарска, а ти објаснуваш...колку е само точно...
Е да точно е ова. И јас вак ги пишував моите семинарски, затоа ми требаше цела вечност за да ги довршам. И нормално после викаш дека многу време ти одзимаат. Што да се прави порано кога студирав немав компјутер седев и учев во соба, а сега маил па фб... и отиде времето. Поздрав
ОВИЕ СЕ ********Д БЕСТ ******** 31. Мрмориш нешто, пцуеш. 32. 5:00 часот наутро - почнуваш да пишуваш набрзина без запирање, во 6:00 семинарската е готова. 33. Им се жалиш на сите дека цела вечер немаш око склопено поради таа семинарска. 34. Ја предаваш семинарската и не остануваш ни 5 минути повеќе, си одиш дома да одмориш. Ме изнасмеа, фала ти.........
Колку е се точно Абе у таков момент нема шанси да ти е досадно одма си наоѓаш занимација во се друго само не во тоа што треба. Тогаш се ти е поинтересно освен праење семинарска и презентација.