1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kallos козметика за коса

Дискусија во 'Коса' започната од Mishela, 20 јуни 2017.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што сè почесто приметувам девојки кои ги користат маските и шампоните за коса од овој Унгарски бренд, мислам дека ваква тема би ни била многу корисна и тука многу полесно би разменувале искуства и информации околу достапноста и цените на овие продукти. :)

    Ова е нивниот официјален сајт и во одделот за коса гледам дека имаат огромен асортиман на производи.
    Се надевам дека наскоро ќе ни бидат достапни што повеќе продукти; јас веќе некое време ја користам маската за коса со кератин и навистина ми се допаѓа ефектот кој го има врз мојата коса.
    Сум спомнала дека имам коса која често се масти, па многу ми е битно маската за коса да не ми ја прави тешка и склона кон уште почесто мастење. По третманот, косата е лесна и лелеава дури и кога не ја третирам со фен или пегла, многу лесно се чешла и добро се справува во негата на сувите врвови.

    Покрај маската со мирис на цреша и онаа со смоква (кои ги видов на сајтот, не знам дали се достапни кај нас), со задоволство би пробала некои од третманите за коса во спреј.
    Ми се допаѓа минималниот и ненаметлив дизајн и конкретно кај маските за коса не ми се допаѓа тоа што се XXL издание и би ми требало подолго време за да ги потрошам, а многу сакам да експериментирам.
    Сепак, со оглед на цената која ја имаат (160-180 денари, за пакување од 1000мл), сметам дека навистина се солиден производ за нега на коса.

    Очекувам да ги споделите вашите лични искуства. :)
     
    На JuLleE, Ginger^, SuperGirl24 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.181
    Допаѓања:
    104.653
    Пол:
    Женски
    Кога бев во Мк (а и од форумов) видов дека се достапни и шампоните за коса , Бубаче89 пиша дека и се допаѓаат мнгоу , ти @Mishela да не ги имаш пробано? :lol: те прашувам тебе зашто имаме и ист тип на коса.

    Јас ги имам пробано маските , кератинската , мултивитаминската и таа со банана и навистина сум многу задоволна од сите , поготово долго време ја користам таа со банана и сум презадоволна. Косата мека , сјајна...
    Гледам и таа со боровинки ја донеле и баш една феминка ја користеше , ама сега ќе гледам прво оваа со банана да ја потрошам па потоа ќе испробувам други. Ме мами и таа со чоколадо ама незнам дали ги има во продажба.
     
    На kikkki, buba4e89, naturally и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Ги немам пробано сè уште шампоните @koritsaki, меѓутоа во план ми е откако ќе ги потрошам овие неколку кои ги користам во моментов и да видам прво кои ни се достапни.
    Нека каже @buba4e89, штом користи секако е поинформирана повеќе околу нив.

    И јас сакав да ја пробам маската со боровинка, меѓутоа се разочарав кога прочитав дека не мирисала на боровинки и се откажав. :lol:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.181
    Допаѓања:
    104.653
    Пол:
    Женски
    @Mishela аа значи ништо од мирисот на боровинка. Па и јас очекував така да мириса како што е со оваа од банана. :)
    @buba4e89 ми кажа дека е задоволна од шампонот , мислам кератинскиот го користеше. :)
     
    На buba4e89 и Mishela им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.926
    Мене косата повторно ми е совршено виткана после добри 4-5 години. Без производи за коса никако не се оставам, виткавите коси се суви по природа, и ако не ставам нешто можам само луѓе да плашам по улица, ама се што пробав никако не ми даваше некој претерано задоволителен ефект. Плус, кадриците секако ми паѓаа, па на секои 2 дена ја миев косата, максимум.
    Од Kallos маските ја купив оваа од кавијар, скептична бев заради цената, ама ве прочитав тука, и вика ај... Едвај чекам да ја дотрошам друга да пробам :sweat: ама не се троши чудово бе. Косата ми е виткава, не се мрси, а кадриците само ги растресам наутро и спремни се.
    Сакам да ги пробам шампоните, ама ако имаат некој поблаг затоа што црвено се исфарбав, неќам да ми паѓа бојата. Под итно ми треба шампон, останав со еден за плава коса, еден против првут и еден машки (од дечко ми останат). Од тој машкиот крадам, при три шампони дома заборавам дека треба да си купам друг :wasntme:

    Ааааа, и да, единствена негативна страна, никако не се пригодни за патување, тогаш едноставно си барам замена, некој регенератор во мало шишенце.
     
    Последна измена: 21 јуни 2017
    На kikkki, sweet-cherry и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Се надевам барем дека онаа од банана навистина мириса така.
    За каква коса е @koritsaki? Да ја планирам за следен пат.

    Јас си префрлам од маската во празна амбалажа од крема за лице, ми доаѓа по мерка за неколку користења. Никако не се делам од неа. :lol:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    А, ја има кај нас?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Ја има, ја видов во Тинекс маркетот пред некој ден. :)
     
    На buba4e89 и blackwave им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.926
    Мене се ми се чини малку ќе ми биде :?: Ич не ја штедам, онака фино си зацрпам и цела коса си ја намачкам.
    И за бричење на нозе ја користам понекогаш, наместо пена/крем за бричење.
     
    На buba4e89 и Mishela им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Јас нанесувам само на врвовите при секое миење, затоа што имам суви врвови и таму најмногу ми се плетка косата.
    Често ми се мрси ако ставам повеќе, па приморана сум да ја штедам. :D
    Еднаш неделно секако си правам некој третман на цела коса (освен корени, за нив само кокосово масло), ама никако да се потроши пустата. Ја имам од октомври сигурно.
    Добар совет @DAngel, ќе почнам да ја користам и како замена за пена за бричење, може ќе тргне ќе се потроши побргу, сакам да пробам некоја нова. :)
     
    На buba4e89 и DAngel им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.181
    Допаѓања:
    104.653
    Пол:
    Женски
    @Mishela за сува коса пишува дека е.. :) инаку и јас не внимавам колку нанесувам , не ја штедам воопшто и можам да кажам дека ја нанесувам на скоро цела коса
     
    Последна измена: 21 јуни 2017
    На buba4e89 и Mishela им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.654
    Допаѓања:
    144.929
    Нешто повеќе од два месеци ја користам Калос со кавијар .
    Уште кога ја отворив и дадов дел на сестра ми и имам уште мнооогу. Како да ми стои во место. :D
    А за штедење ич не ја штедам, само ја нанесувам на врвовите , ама баш обилно.

    Инаку за девојките кои се во Струмица најснабден е маркетот Здравец . Знам дека имаше од банана, боровинка, кавијар , една плава не приметив од што е.:tmi:
    Можеби имаше и други. Ќе проверам деновиве.
    Да ја сменам мојата. Ќе ја ставам на пауза. :D

    Едит: Го прашав чичко гугл, плавата е каратин.
     
    Последна измена: 21 јуни 2017
    На buba4e89 и Mishela им се допаѓа ова.
  13. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.410
    @Mishela @koritsaki Посекако маските немаат лепенка, нели само со капаче се па помирисајте ја оваа од боровинка :wasntme:. Мене убаво ми мириса, иако не е баш мирисот на боровинка.
    За мојава долга, густа коса овие маски се најекономични :D.
    Коритсаки, маската од чоколадо ја немам видено но јас ја имав од ванила. Нешто поскапи се од овие стандардните мириси, а мирисот на ванила нема врска со ванила иако е убав.
     
    На buba4e89, duffi, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.181
    Допаѓања:
    104.653
    Пол:
    Женски
    @naturally баш ќе ја помирисам и таа од боровинка и таа од ванила. Оваа од банана ми мириса баш како крем бананките ти доаѓа да земеш лажица и да јадеш :D
    Не ми е и до толку битен мирисот , важно е што вршат работа и за таа цена се одлични. И искрено , иако не се природни се многу подобри од некои маски што ги имам користено со природни состојки :)
     
    На buba4e89, naturally и Mishela им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Јас случајно наидов на шампонот на Kallos во Тинекс, некаде по групите на фб читав за него позитивни критики.
    Има Кератин, Кавиар, Банана и друго уште едно, не се сеќавам баш добро. Има и маски и шампони.
    Прво се борев со првут кој го имам уште од мала откако се изборив со вошките. ( секој ги имал нема ништо срамно тука). Јас имам бел првут кој не ме чеша туку само се познава со оглед на тоа дека имам црна коса.
    Прво го зедов спрема тоа што го пишуваше на него се мислев и за кавиарот но прочитав дека нема да одговара за мојата коса.
    Калос - кератин:
    Значи јас имам густа коса која тешко се скротува, по боја црна и сува. После првото миење забележав значителна промена и голема разлика, најважно немав веќе првут значи ниту едно бело зрнче. Се изненадив пријатно бидејќи претходно користев од Авон шампон поради кој после 2рото шампонирање се забележуваше разлика.
    Прво кога ја миев со Kallos во текот на миењето имате чувство како да е сува уште во плакнењето, јас мислам дека и така треба да е, кога ќе ја избришев ја чешлав што ми е голема грешка, сега не го правам тоа. Прво ќе ја измијам, па ќе ја пребришам и така не чешлана ја сушам и забележав дека таа саматаа се отплекува и откако ќе ја исушам ја чешлам без да ме кубе или да ми паѓаат влакна. Потоа со голема коцкеска четка ја фенирам. Многу ме изненади ефектот што го дава шампонот, 7 дена не ја мијам и мрснотијата ми е значително намалена, се шишам на 6 месеци и ја фарбам на 6 месеци, а долга ми е до под гради. Ретко ја пеглам зашто немам потреба од тоа. Приметувам некоја блага хидратација и по сушењето е нежна како свила
    Шампонов за ништо не би го менувала, користам 2ро шише и дома сите се миеме, татко ми кажа дека го прашувале пријатели со кој шампон се миел. :lol:

    Е сега кога бев во Прага низ помалите трговски центри наидов на гел за туширање од истата колекција за смешни 50 денари и го немам пробано. Не му имам фрлено мерак.

    За маските не знам, немам користено. И не сакам да користам мака мачам, ми се сплеткува многу и после како груба ми е. Имам пробувано порано и се откажав и затоа не можам да ви кажам мислење.

    Шампонот го користам 3 месеци, доволно е малку да ставите, се прави пена и едно шампонирање е доволно, само кога се фарбам во домашни услови се шампонирам по 2 пати.

    Јас мислам дека и од шампоните ќе бидете задоволни. :inlove:
     
    На kikkki, SuperGirl24, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.181
    Допаѓања:
    104.653
    Пол:
    Женски
    @ivancekitty кога ќе ги пробаш маската и шампонот да ни пишеш :)
     
    На Mishela и ivancekitty им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.433
    Допаѓања:
    54.789
    Пол:
    Женски
    Неколку паковања веќе истрошив од маската од кавијар,и слободно ќе кажам дека е нешто најдобро до сега што сум користела.
    Многу економична е цената и амбалажата,составот е исто ок,косата ми ја прави мека и лесна за расчешлување.
    Е сега,да бидам искрена,деновиве се зезнав самата малку,сакав да сменам онака за проба друга маска,и око ми фати таа со боровинки,ама искрено ме разочара малку,нема јак мирис како кавијарот и плус не ми ја прави толку мека косата.
    Ама тоа е,веќе научив дека освен од кавијар нема да експериментирам со друга маска.
     
    На kikkki, mynameislove, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.317
    Пол:
    Женски
    Немам користено, но сум во план да земам од маските за коса.
     
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Ја пробудивте љубопитноста во мене да пробам некој од производите за коса. :) Имам многу проблематична, нескротлива коса и какви се не препарати користено... Се надевам нешто од ова ќе помогне, ми делува привлечно маската од кавијар :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Девојки шампонот само во Тинекс ли го има?Денеска барав во Веро нема.