Ништо ново за позната личност што веќе не е релевантна. Мора да станат спротивното од тоа по кои биле познати цел живот, за да го активираат шок факторот и да се најдат ете вака на некој подкаст и да има уште некоја вест за нив. Во 2000ти и рани 2010ти еден од најпознатите тату артисти во Лос Анџелес. Имаше и своја емисија и бренд за шминки. Се рчна со Џефри Стар кога он беше во пикот и си ја расипа кариерата. Сега се пресели во некој рандом стејт и е небитна.
Некако реакцииве ми се искрено тажни. Па пуштете го видеото ако ве интересира, едноставно личност со доста трауми, тешко минато, зависник од дрога и алкохол, мислам дека и промовираше и окултното и е јавна личност, се откажува од сите пороци, разбира за своите гревови и го прифаќа Исус за нејзин спасител. Ако тоа не е за радување незз што е. Плус има влијание врз младава популација со нејзиниот животен стил
Младата популација погрешни влијанија имаат изгледа. Цела тема како некој го пронашол Господ и се откжал од сите пороци, секој си ноаѓа различен начин за откажување од пороци, за некои тоа е религијата, не знам која е потребата толку да се возвишува токму женава, мислиш прва и последна е, топла вода измисли.
Realno Neka slusaat popovi ili nuns ako im e za sledenje na religija. Realno ja ni Mesi sho se vika ne bi go slusala za religijal
А што да правиме? Небитна за нас личност, убаво за неа што се пронашла некаде било тоа религија. Али не гледам причина да се воодушевуваме и цела тема да има за тоа.
Темава може да се преименува и да биде за било кој што "преминува" односно се пронаоѓа во христијанството. Или не мора да е само за христијанството. Макар што, не знам што би се дискутирало. Секако дека е убаво човек да си го најде мирот во Христос. И убаво е да знаеме и да тагуваме и да се радуваме за другите. Зарем некој би имал нешто против вакво пронаоѓање? Повеќето само не ги ни интересира. На небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење. (Лука 15;7)
Леле, по изглед ја помешав со Dita Von Teese и си реков од каде бе оваа со христијанство. Ах, тешко мене.
Редовно и ја гледав емисијата за тетовирање, линијата за шминки и беше ултра популрна и успешна и ја снема. Зошто, што се случи?
Знам, затоа искоментирав. Женава е другарка со Менсон и го брани за сите многу лоши обвиненија за насилство проив него, ама некако во конзервативниот дел на Америка на сето тоа се замижува и побитно е тоа што си ги покрила тетоважите па ете добива пофалба дека се продуховила....