Здраво девојки, ве следам веќе подолго време и профилов го направив само за да ја отворам темава (бидејќи не најдов ваква некаде). Би сакала и вас да ве прашам дали некој има ваков проблем како мене со кожата. Доколку имате chicken skin ќе можете да забележите мали црвени топчиња на некои делови од телото (раце, нозе, лице..). Значи тоа мене многу ми смета и се сум пробала ама не ми помага и многу ми е непријатно посебно во лето, ептен ми е срам да се облечам во шорцеви, сега ќе полнам веќе 16 и не знам се чувствувам многу грдо кога носам кратки панталони Имате ли некое вакво искуство или нешто слично би сакала ваша помош
Јас имам исто така на рацете над лактите и тоа многу, а помалце на нозете. Ги имам од помала возраст, а сега ми се проширија и на грбот. Ги мачкав со многу работи, но ништо не помогна. Планирам да не јадам глутен да видам дали ке почне да ги снемува, ама уште не сум почнала. Имаш одено на лекар за тоа? Инаку веќе има оваква тема: http://forum.femina.mk/threads/Кокошја-кожа-keratosis-pilaris.9647/
На лекар не сум била, а и мајка ми има такви нозе значи исти сме ама на неа тоа не и пречи толку како на мене (иако она била и на лекар сепак вика дека не и помогнало). Моја грешка, не сум ја нашла оваа тема ти благодарам