Ја започнувам темава со оглед на тоа што го донесоа овој бренд за шминки во East Gate Mall. Девојки, споделете некои ваши омилени производи Јас им се мерачам на пудрите, се надевам дека конечно ќе најдам соодветна нијанса
Одамна памтам странските јутуберки многу ја фалеа една маскара на кико, арно ама тогаш ги немаше кај нас, ако на некоја од вас и текна за која зборам нека ме просветли плс Вака како бренд изгледат океј, можеби ќе земам нешто, освен маскарата сакам и јас некоја пудра Нека помине фамата со молов и ќе го посетам
Јас имам молив за усни и сум задоволна,остава боја баш со едно исцртување. Летово гледав еден бронзер праска боја ептен ми се допадна на рака и не знам зошто не го земав,сега вечен непробол ми е. Конкретно вака што сум гледала кај нив имаат доста пристапни цени (барем во Малта) и пигментирани сенки и кармини. Едино четките за шминка им се скапи.
Долго време ги користам, првите производи ги добив како подарок. Сега имам неколку пудри и кармини, значи омилени ми се!! Земав неколку пудри за да ми траат долго време, само пофалби имам за брендов најискрено
За сите што покажаа интерес за Адвент календарот на Kiko Milano 2021, еве ги продуктите од првите 4 дена: 1) Glow Fusion Highlighting Drops 02 Sweet Dreems - 6,99€ 2) Smart Color Eyeshadow 05 Matte Moka - 3,49€ 3) Smart Shading Brush 202 - 6,99€ 4) Power Pro Nail Laquer 14 Cold Gold - 4,99€ Цените се од официјалниот сајт на марката, во моментот кога јас ги проверував, а ги напишав информативно, за да си направите споредба за вредноста на календарот т.е дали и колку се исплати, во случај да сакате да го купите. Се извинувам за лошиот квалитет на сликата, се двоумев дали да ја објавам. Обично сликам на дневна светлина, но поради обврските од една страна и кратките зимски денови, од друга - ова е најдоброто што можев. Се надевам следните да се попрегледни во однос на боите. Лично мислење: до сега сите продукти се стварно солидни, без преувеличување. Хајлајтерот и сенката ги пробав само на рака, ќе почекаат уште некоја недела (до одбројувањето ), но лакот и четката се одлични. Да, лакот е златна боја, но нималку кичест, напротив - делува елегантно, дискретно и празнично. Најчесто носам nude лакови (понекогаш coral во лето и deep red во декември), значи доста конзервативна сум за лаковите, но ова е боја која би ја носела во празнични прилики. Четката е од синтетички влакна, но многу мека и густа, погодна за нанесување на крем сенки и такви во прав, а можеби и коректор. Следува продолжение
Ден 5 - 8 : (втор обид, скратена верзија ) 5) Smart Fusion Lip Pencil 507 Rosewood - 2,99 € 6) Smart Fusion Lipstick 407 Rosewood - 3, 99 € 7) Smart Colour Eyepencil 05 Matte Brown - 2,99 € 8 )Smart Eyeliner Brush 202 - 6,99 € За разлика од претходните, уште не сум ги пробала продуктиве. Карминот (мириса прекрасно) и моливот за усни најверојатно ќе ги подарам, затоа што веќе имам доста слични. Но, ми се допаѓа што се иста нијанса и може да се користат во комплет, а не се само рандом одбрани продукти, колку да пополнат кутивчиња. За ова имаат . (Rosewood е убава нијанса, но ако моите слики не ја доловуваат, сигурно на нет има подобри swatches. Истово важи за сите производи. Затоа и ги пишувам со цело име на продукт и број ) Моливот за очи е кремаст и доста пигментиран, па најверојатно ќе го задржам, додека четката за гел ајлајнер малку ми е чудна т.е не личи дека е погодна за прецизно нанесување. Повеќе одговара на smudge четка.
Го има адвент-календаров кај нас? Сè уште не сум била да видам што имаат, имаше едно руменило што многу ми се свиѓаше и во план ми е да го земам. Дајте предлог за маскара некоја.
Ден 9 - 12: 9) Вештачки трепки - A Holiday Fable. Не се редовен продукт, па не успеав да најдам цена на сајтот. 10) Pure clean wipes mini - влажни марамчиња за отстранување шминка - 2,99 € 11) Smart Colour Blush (руменило) 05 Coral - 5,99 € 12) Power Pro Nail Laquer 23 Cherry - 4,99 € Не носам вештачки трепки, па немам многу искуство, но од тоа што имам видено, сметам дека овие се со пристоен/просечен квалитет т.е не изгледаат ко чиста пластика. Не доаѓаат со лепило. Влажните марамчиња се во мало, компактно пакување, 10 бр, згодно и за во мала чантичка, ама составот е . Непотребно долга листа на состојки. Руменилото е (нијансата не се гледа убаво на сликата), а лакот иако е црвен, ми има некој ладен подтон спореден со друг сличен што имам.
Ден 13-16 : 13) Make up Blender. Овој не е во редовна продажба (нема цена), но тие што ги има - почнуваат од 6,99 €. 14) Smart Colour Eyeshadow, Metalic Rosy Sand 12 - 3,49€ 15) Чупалица 16) Smart Colour Eyepencil, Metalic Anthracite 16 - 2,99€ Сунѓерчето е стандарден блендер со мермерен ефект во дезенот. Влегува во редовна употреба, иако главно преферирам четки. Нијансата на сенката за очи е добро опишана во името и е толку универзална што би им се допаднала на девојки и со топол и со ладен подтон. Чупалицава ми е второто разочарување во календаров, после четката за ајлајнер, а моливот за очи засега не го отварам, се двоумам дали да го задржам. Но бидејќи се од иста линија со кафеавиот - претпоставувам дека е фин.
Како сте задоволни од пудрите на KIKO? Сум за некоја лесна немасна пудра, за комбинирана кожа. Дали имаат таков производ?
Доколку не си нашла уште, ти ја препорачувам оваа за комбинирана кожа е, ја користам веќе неколку месеци по ред и омилена ми е. Ептен е хидратантна не се брише не се пренесува, не е масна и ми трае по цел ден на работа. Сум приметила нема ни потреба да ја сетирам не ми светнува челото после некое време а и баш има некој убав финиш. А за цена ја земав на попуст беше околу 300-400 ден ме фати.
@do-re-mi Чекаме уште постови. Јас го имам coloured lip balm-от, нијанса Almond, до сега најубава нијанса на лабело, арно ама не негува многу, тенко-мрсничко е (не знам како да го опишам) и дава сјај многу. За цената е фино.
@Калатеа од календарот ли?! Не сум заборавила, само мислев дека е малку излишно откако поминаа празниците. Штом има интерес, ќе гледам деновиве да ги сликам и останатите производи.
Тоа прашував. Мене за подлога ми е новата hydro гел крема од Нивеа со хијалуронска киселина што ја користам секојдневно. Не користам често пудра па не знам дали би било океј и под оваа да ја користам истата крема, затоа ме интересира што ставате пред да нанесете квалитетна пудра. Следно идење у Еast Gate ја купувам обавезно, ме убеди.