Го немам забележано ова кај нас ама одамна не сум влегла да гледам. Јас го користам ова Lash And Brow Gel Mascara и е доста солидно Како ти се допаѓа?
Сега го купив пред една недела, уште не сум почнала да го користам. Ќе го почнам деновиве па ќе пишам мислење
Мислење за новите палети на Есенс? Денес баш ги загледав , преубави нијанси имаат сите да не знаеш која да избереш
Јас ваква имам и преубава е. Општо на Есенс сенките ми се преубави. Ако е слична на оваа од Ариел тогаш сигурна сум дека е преубава палета. Ја разгледав сега новата од Ариел што им е многу слични нијанси има, само плавите се сега плус. Би требало значи исто добар квалитет да има. Добив желба и ја да си купам сега од овие некоја. Само не знам што ќе ми ја, кога од оваа ниедна сенка немам истрошено, не па нова да купам.
Лани сакав да ја купам палетата што ја имаш ти ,ама додека се наканив , се истрошија секаде. Прееска прередувајќи низ фиокава видов дека две палети што ги имам на Too faced боите се исушиле (ги имам околу 6-7 години сигурно ) па ќе морам да се збогувам со нив. На нивно место ќе дојде некоја од палетива, баш се топ сите нијанси и општо сум презадоволна од квалитетот на Есенс палетите