Отворив на гугл да видам што е, следен пат убаво е како вовед на тема да се објасни и напише за што ќе се дискутира и збори. Инаку сметам дека нема веза, сите вакви магични работи за слабење за мене се глупости. Ако не се активираш физички и пазиш на исхрана се е џабе. Плус, логиката ми вели дека ако има некоја ваква магична работа ќе биде скапа и нема да биде лесно достапна на 90% од населението
2024 та година од новата ера: Вакцини - ааааау страшно. Процесирана храна - ааааау канцерогено. Бодибилдер - ааааау се боцка со стероиди, ќе си го уништи телото. Вежбање - ааааау не, ќе направам многу мускули. Инекција за вбризгување на течност под кожата која наводно физички го топи салото - ааааау интересно, ова треба да се проба.
Баш го гледав составот на препаратот. Витамин 2 ај витамин е, никоме ништо. Лецитин хм, не дека е штетно но ми е чудно пошо викаат дека учествува во процесот на пренесување на масти. Bromelain кој што е најден во ананасот, и има ензимска активност да ги Разложи мембраните на масните клетки. Искрено мене од овој состав повеќе страв би ме фатило отколку од нова вакцина. Прво самиот препарат делува инстантно. Што значи дека таа ензимска активност треба да е ужасно брза. И да топи се пред себе. Второ, не ми е сигурно тоа дека бромелинот баш ќе е специфичен за мембрани на масни клетки а другото нема да го чепне. Што ако пример за подбрадок стопи и други клетки што не се масни, па ми создаде лузни или некоја друга компликација. Башка како што видов го користат само како case studies за уништување на оштетени клетки при изгореници. Се на се, мислам дека има и некоја друга поагресивна состојка. Патем ФДА не го има одобрено мислам за употреба, ама ај ќе прочепка уште малку па ако треба ќе редактирам. Но секако, во промоиталиа и остали места се троши на велико, не знам дали некој досега се пожалил на некои несакани ефекти.