1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Linked in

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 21 март 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.441
    Глупаво ми беше да ја отворам темава со наслов на кирилица, вака сметам дека е посоодветно.

    Дали поседувате профил на Linked in? Колку ви помогнал во вмрежување и пронаоѓање на работа и остварување на професионални контакти?

    Забавен факт, нашите на оваа мрежа обожаваат да ги набројуваат сите можни Ју јазици и истовремено да го користат за вмрежување од друг карактер ако ме разбирате. Дали ви се случило тоа и вам?
    Колку реално кај нас оваа мрежа може да подпомогне?! Затоа што знаеме дека сме мала земја каде што речиси секој со секого се знае и знаеме по кој принцип се "вмрежуваме" кога се работи за професионални ангаржмани.

    Забавното во се ова плус, е дополнително што можете да се запознаете со вашите идни работодавци.
    Моето забавно искуство е со истава мрежа е што ми овозможи да се запознаам кој тоа мене ме одбива за работа. :D Дечко со помало искуство од моето, помал една година од мене... Да потенцирам, во една од НАЈГОЛЕМИТЕ компании кај нас! Ах да... и мејлот беше со македонска поддршка, односно латиница со цртички, стрелки и врагови, а неопходност беше тешко баратање со компјутери, башка приватниот мејл му е на јаху. Профилот на мрежава му е како реклама за Топ шоп, у превод, знај дека ќе купиш срање.

    Иако се има и низа позитивни искуства со проекти кои се еднократно,но супер платени( почесто не доаѓаат од државава и не бараат многу и не бараат нали преселби,се може да се сработи со компјутер и интернет врска),но тие нели не се забавни. :D

    Чудесна земјо Македонијо! Бујрум на дискусија! :D
     
    На CarrieBradshow, Trendafilka, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Mене не ми помогнало. Не дека барам работа, туку никој ни случајно ме нема исконтактирано, а профилот ми е преполн со искуство и информации. Башка имам и над 500 конекции. Кај нас тоа не функционира баш како на запад. Кај нас за вработување функционираат само врски и партии, за жал.
     
    На eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  3. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Јас лично имам профил, на кој работам година време и ме исконтактирале два пати преку таа мрежа, а воедно и добив работна понуда благодарение на мрежава. На запад повеќе се користи, кај нас HR менаџерите не се се` уште запознаени со бенефитите од пребарување на мрежата, а воедно и луѓето, односно професионалците. Ви препорачувам да си направите профил, можеби и вас ќе ви се посреќи. :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да го пишам и јас. И воедно да прашам како да направам луѓе што не ми се во пријатели, да неможе да го гледаат профилот т.е работното искуството, волонтирањета, образованието? :^) Барав меѓутоа не се снајдов. Не би сакала до толку транспарентна да бидам :D
     
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Имам профил скоро 3 години, немам екстремно голем број на конекции, доволно ги има :). Редовно си го посетувам, го ажурирам по потреба, односно кога има нешто ново да додадам. Се приклучувам во групи кои ме интересираат, следам компании, ретко се случува да коментирам.
    Инаку кога бев во потрага по работа, забележав дека во два наврати потенцијалните работодавци ми имаа испратено join my network request, што всушност до некоја мера верувам и ми помогна да дојдам до работата :).
    Ептен си го имам скоцкано профилот, плус имам и препораки од претходни работодавци, што лично многу ми значат, пошто не го побарав тоа од нив како и од колеги и тоа од оние за кои мислев дека баш и не ме сакаат. Инаку од други колеги имам слушнато демек дека бараат од други колеги да им напишат препораки таму. WTF??? Тоа ми е дури и поглупо од молење за лајк на фејсбук.
    Нејсе, мене ми се допаѓа LinkedIn, па ко воли нек изволи.
     
    На Andzi4. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Не сум долго на мрежава, а сега за сега не гледам никаква корист од неа. Не верувам дека ке ми помогне во пронаоѓање работа. Едноставно кај нас тоа не иде така.

    Немам многу конекции. И незнам дали да пратам барање за конекција на некој што не го познавам?? :?: :?:

    Некој совет од поискусни како да "функционираме продуктивно" na Linked in?? :)
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Конкретно за наоѓање работа не верувам дека може да ти помогне директно, но индиректно да. Убаво среди го профилот, посебно истакни ги вештините кои ги поседуваш, образованието, некои други додатни способности, ако некогаш нешто си работела-краток опис за работата и обврските.....Не дека компанииве што вработуваат следат што и како се случува на мрежава, но се случува да „те гуглаат“ :D (изразов бе) и меѓу другите работи за тебе, да излезе твојот профил на LinkedIn. Така може некој да види каде и колку си работела на нешто, отприлика какво искуство имаш.....Со други зборови, помага во одлуката дали некој ќе те вика на интервју или не :) Гледај биди некако активна, поврзувај се во групи и мрежи што се од твој интерес, следи ги на пример компаниите за кои би сакала да работиш.....И слободно додади некого што не познаваш, јас моите контакти скоро пола не ги познавам :) Професионална мрежа е, не мора само познаници и пријатели да имаш во контакти.

    п.с. И јас многу слабо ја користам мрежава, не сум воопшто активна, а изгледа вреди да се биде поактивен. Дечко ми прилично посветува внимание на мрежава. Еден од контактите кој не го познава лично (менаџер во фирма од неговата дејност) се интересираше дали би менувал работно место, и дали е заинтересиран да работи за нив. Така да, некој може да се заинтересира за тебе.
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ве молам,кој знае да ми каже како можам да избришам пријател т.е конекција на Linkedin? Неможам да ја најдам таа опција.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Во сериозниот професионален свет верувам дека LinkedIn и сличните вакви мрежи се многу попродуктивни.
    Кај нас се` уште се сфаќа како мрежа за манијачење и наоѓање партнер(к)и, што е жално и патетично.
    Фејсбук со додадено CV, чувствувам дека така го третираат, што е секако погрешно.

    Имам и позитивно и негативно искуство, ми се закачи еден манијак кого едвај го откачив, еден од тие што очигледно не ја сфатиле поентата на мрежата, но од друга страна, додека барав работа се поврзав со многу луѓе од компаниите кои што си ги имав на ум за вработување и културно ги замолив преку порака доколку има некое отворено место и оглас, да ме имаат предвид.

    Една од тие компании, т.е. човек ми излезе во пресрет и навистина бев повикана на интервју, што пријатно ме изненади. Инаку, човекот никогаш не го запознав значи, едноставно ме препорачал и бев на интервју.

    Самата им пишувам на луѓе од компании и работодавци дека барам работа, не е само - еве имам профил, сега некој ќе ме најде и ќе ми понуди работа, иако и тоа е реалност да се случи.

    Како и секаде, и на ЛинкдИн има многу глуперди и срам ми е што ја газам земјата заедно со нив...
     
    На cresa-jagoda, ana992 и Abeja им се допаѓа ова.
  10. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Странските компании односно фирмите преку кои тие бараат работници го користат LinkedIn за т.н. headhunting. Обично тоа се прави само за високи позиции, за позиции со карактеристични критериуми за кои кај нас нема многу кандидати односно на огласите се пријавуваат кандидати кои не ги исполнуваат условите. Тогаш се оди на директно контактирање на тие луѓе кои веќе си работат (и ниту аплицираат и бараат работа), но самиот работодавец им дава понуда. За нашиве фирми не знам дали го користат LinkedIn за оваа намена :)
     
  11. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Како се брише контакт од LinkedIn?
     
  12. brightmoon

    brightmoon Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Влегуваш во Network - contact, долу излегуваат пријателите, ќе се позиционираш со стрелката кај пријателот и тука има опција Моre- remove connection :)
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sweet Justice

    Sweet Justice Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    На е-маил гледам порака (пр. Стојан Стојановски invited you to join on Linked In? Jас немам профил на Linked in. Прашањето ми е дали треба наменски на некого да му го напишеш еmailot за да го поканиш да се приклучи на Linked In или автоматски некако може е-маилот од другиот човек (корисник на Linked In) да прати покана за да се приклучам на Linked In.
    Значи, тој што ја испратил поканата е лице кое го познавам, не е непознато.
     
  14. bokilaz

    bokilaz Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    На LinkedIn има опција за додавање контакти преку e-mail сервиси како yahoo, gmail и др. Твојот контакт "Стојан" од неговиот профил ги има импортирано контактите од неговиот e-mail, меѓу кои си и ти, и има избрано опција за праќање покани. LinkedIn во една група ти ги покажува контактите кои веќе имаат профил за да им пратиш покана, и во друга група ти ги покажува контактите кои немаат сеуште профил и опција истите да ги поканиш да се зачленат. Слично како и со facebook.
     
  15. Ichbinschmetterling

    Ichbinschmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Имам профил на Линкедин веќе една година и можам само да кажам дека е многу корисен.Од кога се вработив во фирмата каде што моментално работам,во неполни 2месеци добив две работни понуди(од кои едната е за во странство,а другата за во Скопје). Сметам дека вреди да се посвети барем малку време и труд.
     
  16. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    Nekoj sto ima profil neka mi pisi vo poraka ne mi e nesto jasno vo vrska so koristenjeto na Linked In.
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    8.601
    Пол:
    Женски
    Го имам од скоро. Многу и не се потпирам на него, бидејќи овде секако не би ми користел. Доста е практичен со дативе, онака баш една детална слика дава.
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    8.601
    Пол:
    Женски
    1. Ама нешто што највеќе иритира е кога наводно се збори за проблеми што треба да се решат, ама всушност ним им е за вниманието, а не за решението. И се' на сe' едни исти х профили си комуницираат меѓусебно, одговараат само ако им чини (што не е во ред). Ако нешто си постирал/а, биди доволно свесен/на дека некоја наивна будала "троши" време за да ти искоментира.

    2. Навистина не знам која е поентата да си го расправаш на linked in цел свој живот (шо правиш во секој дел од денот), непотребни известувања што врска немаат и да направиш другите да те сожалуваат(..?).

    3. Најредок профил на личност што сум сретнала е што постојано помага на луѓе да најдат работа (ама и тука тешко сите да најдат, илјадници коментари од луѓе од цел свет што не се дочитуваат). Ама пак од друга страна, читам искуства за луѓе што некако се прилагодиле (иако до негде биле приморани самите) и се впуштале во сосема поинаква струка од нивната. И само тоа е вредно за читање.

    Имам приметено дека некои профилни навистина не се погодни за ваква социјална мрежа..
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Одличен е Линкдин, ако знаеш што правиш, се разбира. :)

    Како и сите други социјални мрежи, не може само да направиш профил и да очекуваш да се случи нешто. А и се разбира, мора да покажеш дека навистина се разбираш во тоа што го работиш.

    Јас сум скоро секојдневно таму. Порано бев поактивна, но сега немам баш време и откако почнав да одбивам повеќе понуди за соработка, намалив на активност оти не планирам да го ширам ова што го работам сега.

    Благодарение на Линкдин, запознав супер луѓе, проширив мрежа на бизнис-контакти, често ме контактираат регрутери од Мк и од странство и добивам понуди за работа (иако наоѓањето на работа не ми е примарната цел зошто го користам) и најдов, т.е. ме најдоа неколку прилично океј луѓенца со кои уште соработувам.
     
    На cresa-jagoda, MarigoldA, ForeverYoung и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Некој период размислувам да направам профил на LinkedIn, па ме интересираат какви искуства имате на мрежата.

    Дали ви имаат понудено работа? Или пак се имате вработено преку мрежава?
    Како функционира, се одвива процесот.

    Ме интересира конкретно за вработување во Мк преку LinkedIn.