Lyric Meaning(толкување на текстот)

Дискусија во 'Музика' започната од SashaFierce, 10 август 2011.

  1. SashaFierce

    SashaFierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам сите некогаш сме биле љубопитни да го знаеме вистинското значење на песната која ни е омилена и мислите кои се вртеле низ главата на текстописците додека ја пишувале истата. Иако секогаш може да го побараме на интернет, но ретко кога има дадено баш за таа песна. Јас предложувам да се обидеме на наш начин и видување да откриеме што се крие позади секој стих :)
    Ќе започнам со песната "Countdown" од Бијонсе:

    Oh, killing me softly and I'm still falling
    Still the one I need, I will always be with you
    Oh, you got me all gone, don't ever let me go
    Say it real loud if you fly
    If you leave me you're out of your mind
    Во овие стихови се искажува љубовта која сеуште ја чувствува после толку години поминати заедно

    My baby is a 10
    We dressing to the 9
    He pick me up with 8,
    Make me feel so lucky 7
    He kiss me in his 6
    We be making love in 5
    Still the one I do this 4
    I'm tryna make us 3
    From that 2
    He still the 1

    Тука има малку игра со зборовите и бројки поради која е причината оваа песна да се вика Countdown. Јас мислам дека е опишан нивниот ден, а особено ми се свиѓа делот "i'm tryna make a 3 from that 2". Сакам да си мислам дека Бијонсе ќе ни роди едно бебе и да не израдува :rofl:

    There's ups and downs in this love
    Got a lot to learn in this love
    Through the good and the bad, still got love
    Dedicated to the one I love, hey

    Still love the way he talk, still love the way I sing
    Still love the way he rock them black diamonds in that chain
    Still all up on each other, ain't a damn thing change
    My girls can't tell me nothing, I'm gone in the brain
    I'm all up under him like it's cold, winter time
    All up in the kitchen in my heels, dinner time
    Do whatever that it takes, he got a winner's mind
    Give it all to him, meet him at the finish line

    Овие стихови се доволно јасни. Има љубов како и првиот ден,без разлика на што и всушност тоа е целата поента на песнава.

    Me and my boo in my boo coupe riding
    All up in that black with his chick right beside him
    Ladies, if you love your man show him you the fliest
    Grind up on it, girl, show him how you ride it
    Me and my boo in my boo coupe riding
    All up in that black with his chick right beside him
    Ladies, if you love your man show him you the fliest
    Grind up on it, girl, show him how you ride it

    Ова е мојот најомилен дел од песната, али не му наоѓам некое посебно значење.


    Па тоа е уствари во целост песната. Тоа е моето толкување :) Па феминки, will you give it a try? :*
     
    На daylight и Cynthia им се допаѓа ова.
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    663
    Dubioza Kolektiv -Suti i trpi

    Povuci, potegni,drz ne daj,
    svaki dan borba,znam,
    ti se ne predaj,ne daj
    da budes u toru *bee*
    belaj, ne laj,
    istini u oci gledaj, u oci gledaj...

    Dok narod zivi na hljebu i vodi,
    ti sutis i trpis kao da ti godi,
    pucaju suplje o nacionalnoj slobodi,
    sve se to na kes svodi, na kes svodi!

    Disemo na skrge, zalosne nam vrbe,
    nema brige dok moroni o tebi se skrbe,
    lobanje nam tvrde, predugo vec trpe,
    statue i kipovi, niko da se mrdne.

    Svako svome jatu leti i drugih se boji,
    svako trci po svoj barjak sto ponosno stoji,
    i na kraju nije bitno u kojoj si boji.
    Samo jedan izbor imas drugi ne postoji.

    Oni dolaze po svoje i ne pitaju,
    dok umorne oci tvoje samo lutaju.
    Oni dolaze po svoje sve svojim smatraju,
    Dok ti patis oni samo sebe gledaju!

    Opet novi izbori,
    opet nove lazi,
    sto su rekli jucer, to danas ne vazi,
    sto udarci su nizi sve su vam drazi,
    motike i hljeba,
    to je sve sto narod trazi.

    Cijenjeni biraci, pamuka beraci,
    mazohisti sto bitno vam je ko najvise tlaci,
    dok vas siba bicem, vi govorite jace,
    ponovo birate da povecaju harace

    Oni dolaze po svoje i ne pitaju,
    dok umorne oci tvoje samo lutaju.
    Oni dolaze po svoje sve svojim smatraju,
    Dok ti patis oni samo sebe gledaju! 2x

    Na funkciju ti dovesces i sina,
    tvoja familija fina,
    za vladu kadra ima,
    nepotizam i korupcija su svima
    i otac i majka,
    bez njih ko bez zraka,
    amandman na amandman,
    niz je beskrajan,
    sva ta birokracija - sjajna zanimacija...

    Целата тематика на песната е исцрпена од реалниот живот, политиката, корумпираноста и глупоста на простиот балкански народ, кој од страв или од срам, не сака да крене глас и да си ги побара своите права. Од друга страна, имаме гниди од политичари кои си доаѓаат по своето и не ги занима ништо друго, освен сопствениот џеб, кожна фотелја и полн стомак.

    Македонијо, ти си бисер балкански...

    ...како не...
     
    На sadangel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Браво за темава :) Баш пред малку се мачев да го одгатнам значењето на една песна од placebo, па ми текна да отворам тема, ама SashaFierce ме претркала :)


    http://www.youtube.com/watch?v=UlyOLwfwjiQ

    Pure morning - Placebo


    A friend in needs a friend indeed,
    A friend with weed is better,
    A friend with breasts and all the rest,
    A friend who's dressed in leather,


    Машко-женско пријателство, Тој си има некоја мака, па другаркава се наоѓа да го утеши и опушти ( со марихуаната). Со тоа што акцентира дека е девојка и облечена во кожа, сметам дека иако му е само другарка, сепак го привлекува.

    A friend in needs a friend indeed,
    A friend who'll tease is better ,

    Девојката е кокета, или тој би сакал да го заведе (who'll tease)


    Our thoughts compressed,
    Which makes us blessed,
    And makes for stormy weather,


    Не размислуваат гласно, односно не споделуваат што се им се врти низ глава, или постои нешто што кријат, еден од нив бар. Па на некој начин се благословени, со тишината, и не ги комплицираат работите. Но ваквото однесување придонесува до одредена тензија помеѓу нив, а можеби се мисли и на сексуална.


    A friend in needs a friend indeed,
    My Japanese is better,

    Во овие стихови можно е да реферира на некоја појака дрога ( Мy Japanese is better), најверојатно Јапонска,( метадон- кој е создаден во Јапонија, или хероин увезен од таму о.О ) ,

    And when she's pressed she will undress,
    And then she's boxing clever


    Boxing clever е британска фраза, која би можело да се преведе како манипулација. Или во буквална смисла boxing clever е техника во боксот која се користи за да се избегне удар. Па така девојкава под притисок од другарот да проба и да му се придружи, се предава на страста, како начин да го избегне тој чин. Или едноставно не сака да биде гледач на сценариото што следи предизвикано од дрогата.

    A friend in needs a friend indeed,
    A friend who bleeds is better,


    Се надева дека ќе добие менструација но...

    My friend confessed she passed the test,
    And we will never sever,


    таа го поминала тестот, односно тестот за бременост бил позитивен, и никогаш нема да се разделат.


    Day's dawning, skins crawling [repeat three more times]

    Брајан (вокалот) изјавил дека песнава е во врска со чувството на депресија и исклученост од светот.
    "Pure Morning" is about that time of day when the sun is coming up and you�re coming down. Everybody else is getting ready to go to work and you�re feeling incredibly dislocated from the rest of the world. "

    Можно е да се мисли на негативните последици од хероинот,кои доаѓаат со утрото. "skins crawling (лазење)"хероинот исто така предизвикува чуство на чешање, па овој стих може да се однесува на тоа.


    Pure morning, [repeat this three more times]

    Morning ,прочитав во некој обид да се толкува песнава, дека е име или вид на хероин. (Pure) Чист хероин.
    Исто така morning се изговара исто како и mourning=жалење, оплакување, меланхолија

    Се изначитав мислења за значењето на песнава, пошто ме прогонуваше одамна и сега кога пак се потсетив на неа морав да ја дешифрирам :) СУма сумарум, тоа е.
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.887
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    5.348
    Да не пишувам сега цел текст тука, за да биде постот попрегледен само ќе ставам линк од текстот и ќе го протолкувам.

    Една песна од Еминем што ми е една од поомилените.

    Spacebound


    http://www.lyricsmode.com/lyrics/e/emin ... bound.html

    Незнам, многу ми значи песнава и се пронаоѓам во неа. Мислам дека се работи за тоа дека тој бил многу повреден во минатото (во љубовта) и од тогаш неможе да верува на никоја друга зашто се плаши дека ќе му ја изневери довербата и повторно ќе го повреди. Тој сега е навидум студен, но пронашол некоја девојка која за него е волшебничка зашто почнал да и верува но и вели да не го повредува зашто тој потоа ќе и се одмазди, ќе и покаже како е да се биде повреден и дека љубовта е зла. Потоа тој ја искажува неговата преголема љубов кон неа, како се чувствува кога е со неа а како кога е без неа и дека чудно е како кога ќе ја добиеме таа личност што ја сакаме, чувствата наеднаш се менуваат. Ги сакаш кога тие не те сакаат и обратно. Тој не ја барал кога ја пронашол, мора да било судбина.. Е сега делов кога вели по една година и 6 месеци не сваќам баш за што се работи, најверојатно одел со таа девојка и сега таа го оставила а тој сеуште ја сака премногу. И кажува колку ја сака но дека сега е предоцна да ја спасат нивната љубов... Тоа би било тоа отприлика. Не е многу тешко да се протолкува песнава според мене, ама предобар текст и значење има..
     
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.790
    Браво Блу, Space Bound ми е една од омилените негови песни поради текстот, секако.

    "So after a year and 6 months it's no longer me that you want
    But I love you so much it hurts, never mistreated you once!"
    Тука некаде си со толкувањето. Тој кажува дека таа не го сака него веќе (подвлеченото), иако тој копнеел по нејзината љубов. Натака имаш добро сфатено.

    Омилениот дел ми е:
    "And I would've done anything for you
    To show you how much I adored you.
    But it's over now, it's too late to save our love.
    Just promise me you'll think of me every time you look up in the sky and see a star.."
    Се гледа суштината во стиховиве, толкувањето тука е излишно. Но мене ми се многу мили поради тоа што се поклопуваат со моите чувства. Колку е тоа за радување не знам, ама .. :wasntme:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.831
    Допаѓања:
    161.254
    Пол:
    Женски
    Како зависник од музика и личност склона кон анализирање на скриеното значење зад секој облик на уметност, па така и со музиката – често ми се случува да не можам некои песни доволно да ги испофалам на секое можно место за длабокото значење зад нивните стихови, кои понекогаш одат и со исто толку вредни сцени од соодветниот спот. Па, мислам дека во категоријава фали вакво место :angel:

    Значи, во темава постирајте ги вашите омилени meaningful песни, со линкови плус некој збор за нивното значење и порака. Не е важно дали се домашни, странски и од кој жанр, важно е со симболиката на текстот и можеби и содржината на видеото да ве погодиле – со емоции во кои се пронаоѓате, некоја мотивациска порака, порака за некоја силна кауза во општеството што се согласува со вашите ставови...
    Дозволена е и мала дискусија и надоврзување ако некоја поставена песна и мислењето за неа предизвика интерес и кај друг член.

    Да почнам јас со првата што ми доаѓа на памет – Imagine од John Lennon, песна која според мене никогаш не треба да биде заборавена и најголем евергрин токму поради своето значење. Химна на пацифизмот, космополитизмот, мирот како највисока вредност и еднаквоста на луѓето пред сите конвенционални општествени основи кои нѐ делат. :bow:

     
    На LivingGlam, eliesaab, kjukli и 15 други им се допаѓа ова.
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    1.938


    Многу жална, емотивна песна.
    Се работи за абортусот каде девојката абортирала и без трага исчезнала.
    Легендата кажува дека многу години подоцна на концертот во Шведска на Давор Поповиќ му се причинило дека ја видел од бината, го оставил микрофонот и слегол кај публиката. Но љубовта од студентските денови не ја нашол и никогаш повеќе не ја видел.
    Овие прекрасни бебиња се најдобрата порака против абортусот.
    bbe1-630x440.jpg
    bbe3-630x437.jpg
    За жал секој ден бебињата се убиваат со илјадници абортуси.
    Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус и бројот на родени деца речиси се изедначува со бројот на абортирани бебиња. Како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена.

    И Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно. Особено е застршувачки податокот за 2008 година кога на 30 илјади бебиња животот им беше прекинат со абортус. Истата таа година биле родени 22 945 бебиња.

    Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблагопријатно, најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.
    Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена.

    Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен! Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

    Да ги спасиме животите на бебињата од абортус. Да ги заштитиме овие невини, најмали суштества кои не можат да го дигнат гласот за заштита на својот живот.
     
    Последна измена: 27 април 2017
    На Rama, butterfly*, Anna-Banana и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    26.190
    Пол:
    Женски
    Одлична тема, мене многу ме погоди Take me to church, за жал многу погрешно сфатена песна.



    Во песнава се искажува гневот кон црквата која ја прикажува сексуалноста, генерално, како нарушување на единството меѓу Бог и човекот, како нешто најодвратно... Особено хомосексуалноста, а тешко е да се увиди во песнава бидејќи се користи she, а машко пеe. Но така е бидејќи иако песната е за хомосексуалноста најмногу, пејачот не е геј, па затоа не користи he.
    Воглавно, песната се спротивставува на тие конзервативни ставови дека да бидеш „чист и безгрешен“ е единствениот начин на кој Бог ќе те прифати. Затоа тој вели, дека единствено во тој чин е чист и безгрешен, онаков каков што Бог вели дека ќе го прифати.
    In the madness and soil of that sad earthly scene
    Only then I am human
    Only then I am clean
     
    На Angie24, Mishela, LivingGlam и 14 други им се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    16.531
    Пол:
    Женски
    Прекрасна тема :l:
    HIM - фински love metal бенд чија музика ме има провлечено низ многу лоши моменти, и без разлика на тоа кого и што слушам во моментот, секогаш им се навраќам.
    Фронтменот, Ville Valo, како најголема инспирација го посочува Edgar Allan Poe, што може и да се забележи низ текстовите на нивните песни. Сите песни кои ги имаат издадено ги има напишано лично тој, и низ нив се слуша меланхолија, темнина, болка, помешана со среќа, љубов, и убавина; совршена комбинација на црно и бело, или како што и самиот вели: светлина и мрак, јин и јанг, добро и зло, љубов и омраза. Текстовите се секогаш мрачни метафори поврзани со подлабоки емоции, личности и настани.
    Во моментов би ги издвоила:


    If you want to save her
    First you have to save yourself
    If you want to free her from the hurt
    Don't do it with your pain
    If you want to see her smile again
    Don't show her you're afraid
    Because your circle of fear is the same



    I unlit the light to embrace the dark
    To be near but not to turn into you, my darling
    Forever we're lost in our souls' storm
    Reflections of each other's faults


    In joy and sorrow, my home's in your arms
    In a world so hollow
    It's breaking my heart


    Love's the funeral of hearts
    And an ode for cruelty
    When angels cry blood
    On flowers of evil in bloom
     
    На elimkd и boo3 им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    101.659
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)
    Навистина, факт е дека музиката има големо влијание и значење во нашиот живот.
    Зошто баш одредена песна е изборот кога сме тажни, друга не тера да станеме и танцуваме, трета ја потпевнуваме махинално...и сл. кога подлабоко ќе размислиме има добро образложение :)
    Омилени имам неколку..
    Иако темава има за цел да ја образложиме скриената порака зад нашата песна генерално, сепак сметам дека значењето за мене е едно, за тебе друго, за трет сосем трето... Па да си кажам за себе :D
    * Песнава ме освои уште од дете, може и не разбирав целосно што пее, но како минува времето, сеуште ми е N.1. Нема облачен ден во кој сум емотивно наоштрена а да мине без бар неколку пати да ја пуштам и да пејам заедно со Стинг :)


    *Кога и да ја слушнам се расплакувам. Значењето е повеќе од јасно :u:


    * Животот е чуден,сложен,тежок,нејасен... Во најтешките моменти не води надежта во вербата дека имам сила над самата себе и дека сепак, од мене зависи
    Ме мотивира


    *Зар има нешто поубаво и посвето од љубовта во животот :inlove: Има, дефинитивно тоа е искрена, чиста,взаемна љубов.
    Жалиме за пропуштени шанси, недокажани зборови, загушени емоции...но никогаш за искрено почувствувана и некому дадена љубов ..
    А тоа низ неколку стихови мајсторски е отсликано


    * Да си ја пронајдеш животната цел и да ја оствариш е бесценето.
    Јас мојата ја пронајдов


    Мммх, би можела да пишувам на темава уште мнооогу.
    Секој период од животов, секој значаен настан, секоја личност која била дел од него можам и ја асоцирам со некоја мелодија, песна или бар стих..
     
    На elimkd, Feminka22 и boo3 им се допаѓа ова.
  12. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски

    Inside my heart is breaking
    My make-up may be flaking
    But my smile still stays on
    My soul is painted like the wings of butterflies
    Fairytales of yesterday will grow but never die
    I can fly - my friends
    The show must go on
    Маестрално дело за сите векови!!! И покрај сите препреки, скршени срца и солзи, насмевката останува и животот продолжува.


    Never cared for what they say
    Never cared for games they play
    Never cared for what they do
    Never cared for what they know
    And I know
    Затоа што на крајот на краиштата не е важно како не гледаат другите, туку како се гледаме ние самите!!


    We don't need no education
    We don't need no thought control
    No dark sarcasm in the classroom
    Teachers, leave them kids alone
    Hey, Teachers, leave those kids alone
    ......
    I don't need no arms around me
    I don't need no drugs to calm me
    I have seen the writing on the wall
    Don't think I need anything at all
    No, don't think I need anything at all
    All in all it was all just bricks in the wall
    All in all you were all just bricks in the wall
    Децата треба да се учат КАКО, а не ШТО да размислуваат!!
    Don't be another brick in the wall.

    *Отворам простор за натамошно надопонување. :)
     
    На Mishela, elimkd, LivingGlam и 9 други им се допаѓа ова.
  13. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    омилена ми е ме расположува ме крева ми дава надеж за некое поубаво место среќно место и убави чувства и позитивна енергија :f::sun:.
    Прави да заборавам на проблемите и да се чувствувам слободно како птица :):)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    101.659
    Пол:
    Женски
    Една песна која пред малку ја слушнав и пораката е баш јасна и комплетно сликовито доловена преку спотот


    Дечково е осомничен по пронаоѓањето на телото на девојката..
    Вели дека ја оставил безбедна и жива крај реката.
    А сцената на крајот ..
    Пораката е јасна!
    Колку го познавате оној на кого му ја давате довербата?!?
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.584
    Допаѓања:
    25.853


    Moќна песна за внатрешната емоционална сила. Куршумите се зборовите на омраза упатени кон нас, пораката е дека треба да бидеме bulletproof, и силни како титаниум, дека треба да останеме исправени на нозе и да не потклекнуваме на туѓите осудувања и кога луѓето го мислат најлошото за нас. Исто така оние кои осудувааат се оние кои всушност паѓаат пониско.

    I'm criticized but all your bullets ricochet
    Shoot me down, but I get up...

    Cut me down
    But it's you who'll have further to fall...

    Raise your voice, sticks and stones may break my bones
    I'm talking loud not saying much
     
    На Mr. Right, Lella, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.890
    Допаѓања:
    125.749
    Пол:
    Женски


    Run with my hands on my eyes
    Blind, but I'm still alive
    Free to go back on my own
    But is it still a home when you're all alone
    Is it still a home when you're all alone

    All the king's horses and all the king's men
    Couldn't put me back together again


    :)

    Текстот на една песна е она што ме фаќа во мрежата да неможам да престанам да ја слушнам. Мислам дека цитираниот дел кажува сам тоа што треба.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    71.237
    Пол:
    Машки
    @Someonespecial , брaвo зa темaвa. :clap:



    Chandelier. Песнaтa и спoтoт кријaт мнoгу пoдлaбoкa пoрaкa oткoлку штo изгледa нa прв пoглед. И без видеoтo е јaснo декa стaнувa збoр зa девoјкa кoјa сaмo се зaбaвувa и oпијaнувa сo цел дa јa пoтисне тaгaтa и депресијaтa. Вo делoт вo песнaтa се спoмнувa декa служи и сaмo зa "зaбaвa" зa мaжите.

    Party girl, don't get hurt
    Can't feel anything, when will I learn?
    I push it down, I push it down.
    I'm the one "for a good time call"
    Phone's blowin' up, they're ringin' my doorbell
    I feel the love, I feel the love.

    Сo сaмoтo тoa штo служи зa зaдoвoлствo нa мaжите, се чувствувa мизернo и се oпијaнувa сo цел дa јa пoтисне тaгaтa вo себе.

    But I'm holding on for dear life
    Won't look down, won't open my eyes
    Keep my glass full untill morning light
    Cause I'm just holdin' on for tonight.


    Нa пoчетoк нa нoвиoт ден тaa е свеснa зa свoите пoстaпки и срaм и пoвтoрнo нaoѓa нaчин дa пoбегне oд тoa.

    Sun is up, I'm a mess
    Gotta get out now, gotta run from this
    Here comes the shame, here comes the shame.

    Вo спoтoт, преку девoјчетo Меди, Сиa јa oпишувa сoстoјбaтa нa умoт, депресијaтa, тaгaтa (рaсфрлaнa и стaрa куќa, трчaњетo нa Меди нaoкoлу, пaѓaњетo, криењетo пoзaди зaвесaтa и сличнo).
    Денес, пред тoчнo три гoдини Сиa гo oбјaви спoтoт и сo песнaтa музичкaтa кaриерa и` тргнa вo нaгoрнa линијa и цел свет дoзнa зa неa. Oттoгaш рaбoтите се сменијa нa пoдoбрo, кaкo штo нaпишa и нејзиниoт менaџер нa Фејсбук. :l:



    The Greatest. Сиa oвaa песнa и спoт гo пoсвети нa жртвите oд геј клубoт вo Oрлaндo. Пред дa пoчне спoтoт е нaпишaнo: We Are Your Children кoјa е глaвнa пoрaкa декa и тие луѓе се дел oд светoт и не се ништo пoрaзлични oд oстaнaтите.
    Пoтoa, Меди пo лицетo исцртувa сoлзи вo бoите нa винoжитoтo кoјa е зaштитнa бoјa нa хoмoсексуaлците. Вo спoтoт имa 49 децa и секoе дете претстaвувa еден изгубен живoт oд вкупнo 49-те жртви oд тaa нoќ. Песнaтa зaпoчнувa сo клубскa музикa кoјa гo aсoцирa клубoт вo кoј тие се нaoѓaле. Вo песнaтa Сиa пее тие дa не се oткaжувaaт и дa ги бaрaaт свoите прaвa кoјa и тaa сaмaтa ги пoддржувa:

    Don't give up, I won't give up
    Don't give up, no no no.

    Вo рефренoт тaa пее...

    I'm free to be the greatest, I'm alive
    I'm free to be the greatest here tonight.

    ...мислејќи декa тaквите геј клубoви се единствените местa вo кoи хoмoсексуaлците се чувствувaaт слoбoдни и се чувствувaaт живи - не се oмaлoвaжувaни и нaвредувaни зa сексуaлнaтa oриентaцијa.
    Пoнaтaму, некaде нa срединa нa спoтoт кaде сите децa игрaaт пoзaди нив се нaoѓaaт дупки oд истрели кoи aсoцирaaт нa oружјетo сo кoе се пукaлo вo нив, a нa пoдoт дoлу се пoстaвени клубски тoпки кoи пoвтoрнo гo aсoцирaaт клубoт. Нa крaјoт нa песнaтa, вo еден мoмент сите децa пaѓaaт, oднoснo "умирaaт" и вo еден мoмент Меди ги oтвaрa oчите и сo тoa кaжувa декa тие и пoнaтaму ќе ги бaрaaт свoите прaвa и ќе се бoрaт зa истите. Пoтoa, нa некoлку рaзлични местa ги пoкaжувaaт децaтa легнaти нa пoдoт aсoцирaјќи нa мртвите телa нa жртвите, a нa крaјoт oд спoтoт Меди плaче зa сите изгубени живoти oд кoбнaтa нoќ кoјa се случи лaни.

    Oд oвие две, The Greatest имa мнoгу длaбoкa пoрaкa и кoгa гo гледaм спoтoт некoгaш ми е жaл зa луѓетo.
     
    Последна измена: 6 мај 2017
    На bella.s, Lella, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    31.170
    Пол:
    Женски


    Ретко моќна песна која ми буди чудни емоции

    Паоло е толку многу внесен, пее со целата своја душа, ја возвишува слободата, ги обвинува политичарите кои ја имаат сета моќ на светот да го контролираат народот

    Вметнат е легендарниот говор на Чарли Чаплин од филмот Големиот диктатор од '40 тите години на минатиот век

    (To those who can hear me, I say, do not despair
    The misery that is now upon us is but the passing of greed
    The bitterness of men who fear the way of human progress
    The hate of men will pass, and dictators die
    And the power they took from the people will return to the people
    And so long as men die, liberty will never perish
    Don't give yourselves to these unnatural men
    Machine men with machine minds and machine hearts!
    You are not machines, you are not cattle, you are men!
    You, the people, have the power to make this life free and beautiful
    To make this life a wonderful adventure
    Let us use that power!
    Let us all unite!)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.088
    А оваа?
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.402
    Допаѓања:
    134.954
    Пол:
    Женски
    Ја верувам дека сите за Деспасито се прашуваа што ли значи лириксот на песната..

    Despacito
    Quiero respirar tu cuello despacito
    Deja que te diga cosas al oído
    Para que te acuerdes si no estás conmigo
    Despacito
    Quiero desnudarte a besos despacito
    Firmar las paredes de tu laberinto
    Y hacer de tu cuerpo todo un manuscrito
    (Sube, sube, sube… sube, sube!)

    Всушност песнава цела означува бавен секс... Самиот пејач на интервју кажал :) И има логика, кога ќе се преведе на англиски :D