1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mакедонска Фудбалска Репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од Pelikuna, 10 октомври 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Немаше ваква тема па добив зелено светло да отворам :) За составот што да кажам?Нема да ги набројувам.Кој од кој поголемо дрво е.Знам дека може да се појави некој и да праша како можам да не ги подржувам?За тоа друг пат.
    Селекторите многу пати се сменија но резултатите не.Губиме од послаби репрезентации,и што би рекле Македонија игра само едно полувреме а другото ги нема никаде.Секој натпревар е прича за себе,а кога доага некоја јака репрезентација како Шпанија сите одат да ги гледат звездите а не Македонија со исклучок на ретки навивачи што до некаде и ги разбирам.А ако направиме добар резултат ке се зборува со денови и денови.
    Состојбата и од Марс може да се забележежи каква е.Посојано тонење на ранг листата.

    Друго,што мислите за состојбата во репрезентацијата,за играчите,за резултатите?Поради што е вака?Какви промени треба да има,дали треба да се сменат некои играчи во составот и да се повикат нови млади таленти кои сакаат да играт во прва постава?
    Кога јас би била селектор не само што би повикала некои од младинците кои сакат да играат навистина па дури и платите би им ги намалила на сите "звезди" во првиот тим па тогаш да се научат на памет.

    Имам прочитано последниве неколку денови статии од одговорните дека недисциплината е тоа тоа што дава лоши резултати.

    Па што мислите вие? :tmi:
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Слаба е. Ми се чини дека порано беа далеку подобри од сега. Со Естонија губивме неќна, мислам дека сме претпоследни во нашата група. Нема некои квалитетни играчи, всушност има, ама играта им е катастрофална, дали е до тренерот, раководството, незнам, ама моментално за никаде се.Можеби ако се смени тренерот, ќе има поквалитетна игра или ако се доведат нови, млади и надежни играчи, а до тогаш ќе си губат.
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    За слаба слаба е,времиња беа тоа кога со Англија ремизиравме,кога играше Шакири и неговиот гол против Англија секогаш ке го паметам

    http://www.youtube.com/watch?v=vsmYQPBMP8s

    Се менуваа селектори...Катанец,Јонуз а сега и Тошак а ние не можеме еднаш барем за бараж да се избориме за ЕП :fubar: не знам што е проблемот.Дали местат натпревари,дали не им се игра...ама битно брука сме.
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Премногу калкулантски, бледо, без страст, без пожртвуваност, така играат нашите фудбалски репрезентативци на поголем дел од натпреварите. Разбирливо е дека клупските настапи им се приоритет, но таква немотвираност кога станува збор за репрезентацијата, некогаш делува навистина срамно.

    Би цитирала нешто што го прочитав сега скоро на некој од форумите
    -Сега треба на фудбалскиве репрезентатици да им се забрани да играат 2-3 години, и по казна секој ден по 6 часа да ги гледаат натпреварите на кошаркарските репрезентативци од Литванија, па да научат како се носи националниот дрес.

    И се додека не се направат темелни промени во раководството на Фудбалската федерација, вака ќе стојат работите.
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ajде да видиме денес како ке се избрукаме на терен, ги жалам оние кои ке гледаат на стадион :x
     
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Зошто на овие ништожници, морони, дегени, дебили, кретени, ретарди, беди, патетики, мизерии, очаи, катастрофи, катаклизми... *набројува се’ понегативни епитети цел час* ... на чело со ретардо вели4е им укажавте толкава чест што дури и им отворивте посебна тема, простор, катче на уважен форум како овој?
    Пеликуна, ти нормална ли си!? :devil: :)

    *Со исклучок на Попов и Тричковски, секоја им чест. :bow:
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сите погрдни зборови на светот си ги употребил :D а гледам дека си фрлил око на бате Величе...Кутриот тој,мора да се сретне со тебе очи во очи па ке дојде до вистински двобој.

    Ја отворив за да не ја закашкуваме темата на Фудбалски натпревари.
    Најти Најти :D смири живци зошто треба да ги чуваш за во 19:30 :P
     
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    На неколку места со болдираното те поправав, проштевај. :angel:

    За тоа со вели4е, нема да е двобој, зашто за тоа се потребни двајца; а овде, ЈАС ќе го набијам во топ, и ќе го испукам на пуст остров, да се качува по дрва, и да бере кокоси и банани, малку ФИЗИЧКА РАБОТА во животот да осети, зашто очигледно во фудбалот не го прави тоа! :devil:

    За живците, кутрите тие, а не вели4е, одамна ги изгубив гледајќи ги нашите „херои“... :/

    ПС. Никогаш, значи НИКОГАШ не се пишува вели4е со голема почетна буква, грев е тоа! :!:
     
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Ауу 1-1 :rofl: Ова некој виц бре :D Дај боже да остане вака резултато барем да не се обрукаме.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Игравме без вели4е, очекуваше да загубиме? :^)
     
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Таман работа не сум јас песимист :^) Очекував победа дури ѓи спремив дресот и капчето за да славам на плоштад :rofl: Ај доста се фалев искрено немав живци да ја гледам утакмицата...јас сакам да гледам фудбал а не да гледам како некој се маи на терен како мува без глава.Чат пат само вртев за да видам резултат и едно време гледам 1-1 :o ќе паднев во кома :D Туку среќна сум бре барем успејавме да не се избрукаме мада ние сме навикната да се брукаме кога е во прашање фудбал.А мака ми е кога гледам толку убав стадион а едвај 5-6 души на него и некои галеничиња што ги мрзи да трчаат и не знаат основни финти а не пак друго...Си ја испразнив душата :D :D
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас искрена да сум се надевав дека ке изгубевме поштено а овие 1-1.Ова е за пофалба бе.

    Да се собереме сите форумџии одсега натаму да играме без величе(читај со мала буква) па можеби ке успееме да се пласираме на некое првенство :D

    Туку се влажнев цело време на Влатче Гроздановски и ме имнтересира нешто:

    ЗОШТО ТАКОВ ЛЕПОТАН ДО СЕГА НЕ ИГРАШЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАВА?
     
    На baguf4e и Nightwalker им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Многу неинтересна утакмица, после 10 минути играње исклучив, не можам бе јас нервите да си ги губам со нив. А, врв на се’ ми беше Благица Павловска :^) Па, таа незнае да зборува, а не пак химната да ја интерпретира. :Down:
     
    На Nightwalker и PetraPanka3 им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    КОПАЧИ,СЛАБАЦИ,ЛУЗЕРИи што и да кажам нема доволен збор за да ги опише овие суштества кои играат за Македонската фудбалска репрезентација :@ :@ :@ :@ :@
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Честитки на Луксембург.
    Честитки на пекарот за постигнатиот одличен гол. Честитки и на автомеханичарот што постигна одличен втор гол. Одлично изиграа и забарот, многу добра одбрана на земјоделецот, супер изигра во напад и возачот на градски автобус, а куварот имаше одличен шут. Чевларот и точкарот имаа фина игра, е малку полошо одигра водителот на локалното радио па поради тоа дадовме еден гол.
    Среќа наша фризерот што не влезе во игра, цел ден беше на работа сите луксембургчанки се фризираа конечно нивните момци играат фудбал, па не влезе во игра а е најака карика. Да влезеше он и најдобриот од луксембург т.е келнерот, кој не играше зашто слаб е мечов, нема потреба да си ја троши силата, ќе беше 10-1. Среќа наша.


    И конечно си тргаа нашиве од Луксембург, утре ајде сите да ги пречекаме под триумфалната капија, кај споменикот на победата (која 100 натпревари по ред не ја виделе |( )
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, baguf4e, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^

    Роси,не ги врегај дрвата :D
     
    На LilBaby и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  17. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Значи, ова не се дрва. Дрвата се барем малце попаметни.

    Честитки на Луксмбург, им го дадовме натпреварот како пар искористени чевли. |(
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Абе дрва се преблаг збор така да,да не ги врегаме дрвата кажаа горе поубаво,барем се попаметни :D
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Македонска фудбалска репрезентација: 10% талент, 20% забушавање, 70% гола вода :rofl:

    Единствената светла точка во македонскиот фудбал се рефлекторите :rofl:


    Шалата настрана, додека не се смени раководството на ФФМ се вакви порази ќе редиме еден по друг, жално е ова што се случува, срамота е држава без фудбал..
     
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    како што слушнав коефициентот да победи Луксембург бил 25
    епа сеа вие видете, ништо чудно и нашите фудбалерчиња да си ставиле по 1000 еуричи да тепа домакинот, и дома си се враќаат со околу 40000 евра. Што ве чуди, и ја би играла така, гарсоњера со тие пари ќе си купам ;)