Mе изневерува ли?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од barbie24, 1 ноември 2012.

  1. barbie24

    barbie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за совет. Значи, одиме со дечкото 3 години, супер ни беше се до сега, од неговите сум супер прифатена а и тој од моите, но сепак нешто се случува... Имено, открив дека повторно користи еден стар број од мобилен кој му беше неактивен 3 години, и му го кажав тоа, а тој ми вика дека му го дал на другар? исто, открив дека има паралелен ФБ профил (прво како го отвори заради игри и јас знаев, ама сега продолжи со него, а јас не сум му пријателка и ме има бликорано занчи не можам да гледам ништо), а има и куп други профили на други социјални мрежи....Луѓе ве молам помогнете ми и кажете ваше мислење!!! Не знам веќе што да правам!
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    ме изневерува ли?

    Looks like, his пашка, likes to шета. Јеааааааах

    [​IMG]
     
    На chips.for.free му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    ме изневерува ли?

    Па „мириса" на изневерување,а ако не е,натака тера..
     
    На barbie24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    10.999
    Пол:
    Женски
    ме изневерува ли?

    Дали те изневерува само он знае може флертува со девојки , па сега за сега е мирен како и да е сумњива работа зборувај со него и се нека ти покаже и стариот профил имаш право на сомнеж ...
     
    На barbie24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    ме изневерува ли?

    Не ги сакам чепкањето по друг мобилен и компјутер,ама за да не се „јадеш",би те советувала да си провериш кога ќе ти дојде неговиот друг моб при рака-ама не пред него секако,а сега „свиркај си" да се опушти,не му прави тензија,да се подзаборави работата и.....акција :D
     
  6. barbie24

    barbie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ме изневерува ли?

    Благодарам, така и ќе направам! Иако не знам, нешто од внатре ми кажува дека само флертува со некои други, ама не сфаќам зошто го прави тоа??????? Стабилна и среќна ни е врската досега, барем јас така мислам
     
  7. barbie24

    barbie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ме изневерува ли?

    Благодарам на сите мислења до сега девојки!
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    238
    ме изневерува ли?

    Јас ќе бидам отворена и директна и затоа те замолувам да не ме сфатиш погрешно и да не ми се налутиш, ова е за твое добро (и се` што ќе ти кажам е од лично искуство).

    Значи сето ова што го наброја дефинитивно покажува дека многу нешта не штимаат во вашата врска. Најверојатно е дека те изневерил, а и да не е тоа случајот, толку мистериозност, криење, лажење значат само едно - непочитување. А зошто една убава и паметна девојка би била во врска со некој којшто не те почитува и којшто смета дека си наивна и може да те врти околу малиот прст? Извини за ова наивна, ама логично, она оправдување го дадов бројот на другар не е малку патетично? Ако веќе ме лаже некој, барем нека се потруди да смисли интелегентна лага. Блок на фб? Повеќе од очигледно.

    Јас би те советувала да седнеш и трезвено да си размислиш за вашата врска. Симни ги розевите наочари и види ги позитивните и негативните работи. Потоа одкога ќе си ги средиш мислите, седни со дечко ти на разговор. Убаво, коректно, смирено напрај му муабет. Кажи му што те мачи, што си сфатила, кажи му дека го сакаш но дека не си наивна и дека не би сакала после толку долга врска да те лаже, ако ништо друго сигурно си заслужила искреност, без разлика колку и да е болна истата. Мислам дека доколку има љубов и почит, ќе ти каже што како е. Исто, доколку после разговорот мислиш дека се` уште те лаже или крие нешто од тебе, побарај веднаш (во тој момент) пред тебе да се логира на вториот профил и да ти ги покаже пораките (секако не да ти даде пас, туку сам да си отвори). Доколку нема што да крие, ќе се согласи, доколку негодува има нешто. Ако почне да се брани со финти од стилот на - па треба да се има приватност во врската - ја има, бидејќи не му бараш пас туку му велиш сам да отвори, без да му го гледаш пасот. После тоа ако сака нека си го смени. Ако каже дека не му веруваш, кажи му ги твоите причини...Само храбро, разумно, смирено и со коректен тон, без дерење, врескање, плачење, навреди и слично.

    Ако ништо од ова не успее, или ако после се се` уште се сомневаш, мој совет би ти било - бегај подалеку. Верувај ми, не е исто да раскинеш 3годишна врска и 6годишна. После боли многу повеќе.

    Уште еднаш се извинувам доколку мојот пост ти беше навредлив и остар. Не ми беше тоа намерата, единствено сакав да споделам некое искуство со тебе. Се водам по принципот дека кадешто има чад има и оган. Доколку се е ОК, нема потреба од толкава мистериозност. ОК се и 10 негови профили, се` додека самиот ти кажал за нив. Се` што е дознаено од друго место не мириса на искреност. А после 3 години, би рекла дека искреност е најмалку што заслужувате и двајцата.

    Извини уште еднаш ако на некој начин те навредив.
    Со среќа, биди храбра и смирена. Тоа што не те убива те прави посилна нели :*
    Поздрав.
     
    На mrchatorka, Pelikuna и barbie24 им се допаѓа ова.
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Изнајми детектив. Јас сум против детективи но во ваква ситуација би изнајмила. Со среќа! :)
     
  10. andjela.p

    andjela.p Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Apsolutno sre soglasuvam so Trnche i uste kje dodadam spored ova sto go pisa ne ocekuvaj deka kje se ispostavi deka se bilo ok i bez vrska si se grizela. Mozda ne te izvaral onaka bas, ali deka flertuva so nekoja ili nekoi toa 100%
    [mod-kirilica:1mnhv0bg][/mod-kirilica:1mnhv0bg]
     
  11. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Па прашај го зш те блокирал од фб-то, прашај го кои му се социјалните мрежи, зборувај со него ЛИЦЕ В ЛИЦЕ...
     
    На barbie24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 22.30.04.06

    22.30.04.06 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    И јас би сакала еден совет...Одам со дечко ми 1 година и се до сега е супер..Само нешто ме мачи...Не сака никој од неговото друштво да знае за мене, исто има 3 профили ( наводно за игри ),не сака да си кажиме ни password, ништо, како се да крие од мене...Што би можело да значи тоа? Можно е да ме изневерува?Некако издржувам да не избувнам во некои ситуации, ама понекогаш сум толку љубоморна што само му поставувам прашања и тој упорно ги одбива :( ...Некој совет што да правам ??? Однапред благодарам
     
  13. mrchatorka

    mrchatorka Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    53
    Вака, ако никој не знае од неговите другари за вас тоа значи дека не си му важна и си му за разбибрига...многу е веројатно е дека има и други како тебе . Второ нема потреба да си знаете password, па мајку му стара треба ли да имате некоја интима?! Јас сум во брак 8 години па на фб не си ги знаеме лозиникте, евентуално на маил и толку.

    Најдобро е да си разговараш каква врска имате, и да ја обелодените оред народот, ако не секој на своја страна. Немој да бидеш будала и да му дозволуваш да те влече за нос и да си пополнува време со тебе.
     
    На 22.30.04.06 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    268
    И јас истото го сумњам...Има ли некои тактики со кои можам да се послужам а да не дознае тој?? Ве молам ако имате некои предлози, или што било да споделите..
     
  15. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    253
    Тактики нема девојки. Јас секогаш сум за искрен разговор, прашајте си смирено што и како не оди во вашата врска, ако ве малку почитува ќе биде искрен и ќе ви објасни се. Можеби само се паничите за џабе. Дознавањето на лозинки и скришно гледање по телефон нема да ви помогне.
    А тоа што ја крие вашата врска пред друштво е многуу лошо, јасно ти дава на знаење дека не си му битна и дека како пар никогаш нема да функционирате.
    Повеќе профили незначи ништо, тоа таму не е реалност. Гледајте го неговото однесување спрема вас во друштво, кога сте сами, како се однесува со други девојки кога и дваицата сте заедно. Тука тој може да се издаде, дали често се врти по девојки, дали флертува со нив.
     
  16. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    само разговор лице влице и толку!
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.666
    Допаѓања:
    19.773
    Пол:
    Женски
    од ова сто писа не се може да се каже тоЧно :x може те изневерува али малце со писување или слиЧно....стварно вака не се може да се каже дали те изневерува или не :x разговарај со него најубаво :^)
     
  18. Eli-.-s

    Eli-.-s Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    lugje imam i jas eden mal problem..
    vcera sedevme i mu go pobarav mob da mi go dade,
    toj mi rece nemoze sto kje ti e, jas na sila go zemav
    i vidov poraka " mnogu si poznat i na tv te ima :P " ova
    poraka mu bese pisana poradi toa sto slucajno go videle na tv,
    go prasav od kogo e mi rece drugar. Zvonev toj mi go trgase mob
    od raka i na kraj od tamu mi spustija. Posle 5 minuti stiga poraka
    "kje ti se javam za 10=15 minuti na faks sum",cekav pomina pola saat
    i nikoj ne se javi. Posle toa go ubediv da se javi on i se javi edno devojce
    i on go pobara drugar mu i ona rece greska e i on ja prasa kako moze
    koga vcera pisale od ovoj br poraka i ona vika epa ja toa neznam ja ne
    sum pisala nisto, i posle toa on mi go dade mob i jas i se javiv i ja izvregjav.
    Sto moze da e razbotava? sovet mi treba , zosto poslednive 4 meseci mn e laden
    so mene i ne mu e voopsto gajle dali ke mu raskinam, samo mi veli nisto ne e gotovo.
    toj ne saka da raskine koga jas ke spomnam a od druga strana se desava ova..
    inaku ideme skoro 2 godini i bas ni e super, ali ova u posledno vreme ://///
    [mod-kirilica:kqry2p3d][/mod-kirilica:kqry2p3d]
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991

    Си има резерва, ко и секој еден. Твое е дали сакаш да откриеш или ќе оставиш така. Викаат што не знаеш нема да те повреди. Ти си му сигурна затоа и не сака да те пушти, барем не засега. Активирај се и дознај.
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.658
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Женски
    така е,ангажирај се и ќе ја дознаеш вистината.сакал да се извади во ситуација,го вмешал дури и другарот,ако бил чист од чиста љубопитност ќе прашал кој е на телефон а не да си нагаѓа :x