1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mобинг од сопствениот родител

Дискусија во 'Правни совети' започната од genkisi, 22 јуни 2013.

  1. genkisi

    genkisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Со татко ми и брат живееме во иста куќа со посебни влезови и заеднички двор.Куќата ни е физички поделена а дворот е заеднички.Додека мајками беше жива се беше во ред иако имаше некои ситни недоразбирања но откако таа почина татко ми се ожени и сега имаме големи проблеми.
    Да напоменам дека сум во брак и имам две возрасни деца.
    Во што се состои проблемот.
    Најверојатно под влијание на маќеата таткоми почна да ни прави големи проблеми а тие се состојат во тоа
    што отворено ми се заканува дека ќе не избрка од дома но бидејќи знае дека тоа не е можно не навредува,не колне а понекогаш се заканува и со секири,ножеви и др.Неколку пари сме го пријавувале во полиција но од таму не преземаат ништо.
    Откако го повикаа во полиција сега тој почна да не пријавува како наводно ние сме го навредувале него и маќеата и тоа беа основа и докази.За да не дојдеме во контакт со женами скоро да не излегуваме во дворот освен по потреба но и тоа не помага.Сите комшии се на наша страна зашто го знаат таткоми каков човек е и дека и на нив им прави проблеми па велат да го тужам и дека ќе сведочат во моја полза.
    Па барам некој совет зошто ова трае веќе долго време а не гледам некој излез.Со женами се чуствуваме како да сме во домашен притвор.
    И со брат ми ги има скоро истите проблеми но во помал обем
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    genkisi Мобинг не е соодветен збор за ова, зашто мобинг е психичка тортура на работно место, а колку што сватив ова тебе дома ти се случува.
    Е сега во врска со тужбата ќе те посоветувам да почекаш малку пробај да разговараш со него како двајца воздрасни.
    Не срамота, мене ми е греота кога ќе слушнам вака синови со татко не се сложуваат се даваат на суд или не знам што се не.
    Не одете одма на опција тужба, знам најлесно е да се каже во лутина тоа, но размислете долгорочно, ќе има многу поголеми последици( не само што ќе се утпате од давање пари на судски трошоци и адвокати и состојавата за живеење нема да ви стане поподнослива).
    Кажи ми средено ли ви е прашањето со имотот, дали ви има препишано дел од куќата на вас, зашто мене ми личи дека за тоа се овие проблеми и кавги, како што велиш потикнати од маќеата.
     
  3. genkisi

    genkisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Физичка делба на куќата е извршена пред 5 години,значи секому припадна соодветен дел а дворот е поделен на 3 еднакви дела и за тоа имаме добиено судско решение .За физичката делба имаме платено данок од околу 18000 ако е тоа важно.
    Откако таткоми се прежени се обидуваше на разни начини да ја оспори таа делба па дури одеше и дотаму што се обидуваше да извади уверение дека дека не бил пресметлив кога се вршела делбата но откако не успеа во ништо прибегна кон овие работи што ги кажував.
    Да напоменам дека при физичката делба судот одреди јас и брат ми да му исплатиме одредена сума пари на таткоми бидејќи при истата нас ни припадна поголема површина од куќата и татко ми со тие пари купи стан во Дојран.
    Што се однесува до советот да најдеме заеднички јазик сум пробал многупати но не успеало бидејќи е многу тврдоглав а ќе се навратам малку назад да ви го опишам таткоми.
    Значи тој бил вистински диктатор.Постојано ја тепал мајками,баба ми и нас како деца.Значи мене лично ми оставил многу трауми од детството а мајками почина поради него од срцев удар.
    Сите роднини и комшии го знаат каков човек е.
    Ете баш денес мене ме сретна на улица и ми рече дека наскоро ќе ме прати кај мајка ми(на оној свет).
    И сега како јас да се однесувам?
    Најмалку 10 пати ме пријавува во полиција кажувајќи дека сум го тепал(без материјални докази),дека сум го навредувал(исто така без докази).
    Не е ли тортура и срам да ви доаджа дома полиција и да ве испитува без никаква причина и да ви отвара
    досие и после тоа се се сведува на опомена.Па господине јас и женами сме академски граджани и почитувани лудже а маќеата никогаш во животот не работела ништо и има една вонбрачна ќерка која исто така е мажена за еден господин кој ништо не работи а имаат 3 деца кои постојано бараат пари од татко ми а истиот на моите деца(неговите вистински внуци) не им купил ниту еден сладолет.
     
  4. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    18
    Потполно те разбирам, но постои ли можност да го продадете својот дел, секако ако ви одговара и не по било која цена, или пак тоа е целта на ваквото однесување на вашиот татко. Сепак се прашувам, ако во минатото не ја почитувал мајка ви, како и успеало на маќеата да се однесува како од приказните. Мислам дека ви е потребно да составите стратегија и да го смените своето однесување, секој има слаба точка, обидете се да му ја погодите. Вие сега само трпите, еден ден нешто ќе пукне во вас или братот. Правилото е УДРИ ИЛИ БЕГАЈ, па макар тоа бил и сопствениот родител.