Majorel

Дискусија во 'Барање работа' започната од GirlLove, 11 мај 2023.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.183
    Допаѓања:
    16.418
    Ваши или туѓи искуства.
    Бидејки сакам да побарам работа како Customer Care, со германски јазик.
    Како иде со повици, како оди тоа со Quality Control на повици, на колку месеци идете на тренинг поради квалитетот на повици и сл.

    https://www.vrabotuvanje.com.mk/Profil-na-Rabotodavatel/592795/
     
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.084
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересираат детали за оваа фирма, учам Германски па тие ми се опција бр.1 штом доучам уште малку. Мене веќе ме контактираа преку LinkedIn ама не сум на тоа ниво на Германски, јас имам завршено А2, мислам дека треба минимум Б2. Инаку условите што ги кажа беа добри и брзо тече селекцијата, има некој тест и одма 5 минутен разговор со менаџер од Германија, после се знае дали си примена или не. Има тренинг тоа е период 20 дена и мислам дека рече пробен период 4 месеци.[/QUOTE]
     
  3. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    3.656
    Пол:
    Женски
    И мене исто ме контактираа преку Linkedin за позиција крижа на корисници со познавање на англиски и германски плата околу 60.000 со можност за работа од дома, но ни јас не знам добро гермаски па ги одбив.
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    8.836
    Пол:
    Женски
    За овие детали не знам конкретно, ама неколку фирми барат корисничка поддршка со германски јазик (Транском, Хелу, Вебхелп, Телеперформанс) и сите функционираат на ист/сличен принцип (BPO, корисничка поддршка), така што топла препорака да не се ограничуваш само на Мајорел, особено ако немаш искуство или освен ако имаш препорака баш за таму. Најчесто се работи мултиканал (телефон, мејл, чат, поретко само едно, освен ако не е комплициран проект во однос на процедури). За тренинзи, повици, QA, нека пише некој што работи таму, зашто секоја фирма има своја интерна процедура за тоа како се оценува работата (иако СЛА се слични во индустријата), и откако си оперативна, немаш тренинзи туку рифрешер (според оценката на работата или ако се воведуваат нови процедури). Плата тешко да е 60 илјади, освен ако нешто не зависи од проектот, смените, или ако немаат променето поради инфлацијата (до лани беше 45-46 , што не е лошо). Со среќа.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    31.462
    @Abel Транском е поранешно Сити Конект. Дали знаеш дали се тие истите хрвати(мислам беа) и името му е само сменето или?
    Не е темата за тоа, ама Сити Конект кога беа другарка моја имаше интервју со тој хрватот и многу неубав однос од негова страна, нељубезен однос и на крај ни чао не кажа ни ништо шо јас се зачудив. Инаку јас бев во собата слушав, онлајн беше интервјуто. И не ја примија тогаш бидејќи и рекоја акцентот него не го бендисал шо го имала

    П.с можи да се премести мислењето пошто не е за Мајорел.
     
    Последна измена: 11 мај 2023
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    8.836
    Пол:
    Женски
    Да, Транском ги презема (се споија двете фирми под брендот Транском, кои луѓе останале, кои не, не знам). Зависи од луѓето нормално, ама најбитно е со какви проекти располага фирмата (краткорочни или долгорочни) бидејќи ако нема ресурси да те префрли на друг проект откако еден ќе заврши, тоа не е добро бидејќи остануваш без работа. Инаку, секаде има секакви.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Дали се работи во три смена на корисничка поддршка? И како е распоредот, колку пати работиш втора и трета
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Да, работиш и трета смена ако те стават од 23:00 до 07:00 така нешто беше, не сум точно сигурно.
     
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Инаку Мајорел во Македонија можно е да пропаѓа полека, бидејќи во Германија веќе пропадна и Телеперформанс веќе го купија Мајорел тука, значи ќе се под истата фирма :)
     
    На Seli20, GirlLove, Spicy Senorita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Еве и на фб ставиле.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0263.jpeg
      IMG_0263.jpeg
      Големина на фајлот:
      264,6 KB
      Прегледи:
      76
    На Seli20 и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Дали има шанси да се вработиш во фирмава со МИНИМАЛНО познавање германски јазик?
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.175
    Пол:
    Женски
    Не

    Ептен добро В2 а најчесто С1 ниво
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MKS

    MKS Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,

    Дали некој знае нешто повеќе за Transcom или Majorel (aka Teleperformance)? Знам дека ниедна работа не е лесна, еднаш се изгорев во call центар, ама можеби би се пробала пак. Имам завршено преведување на Филолошки со англиски и германски јазик, арно ама не можам да најдам работа, call центар ми е најверојатно повторно единствен спас, а речиси два месеци сум невработена... секаков совет и секоја информација се добредојдени
     
  14. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Јас работев во Транском и го препорачувам од аспект на плата, бонуси итн… Не знам сега конкретно што те интересира но кол центар ко кол центар, имаш и повици и четови и мејлови за решавање, и некогаш знае да е доста напорно ама па платено.
     
    На MKS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Само да напоменам дека исто германски треба да знаеш на ниво Б2/Ц1, не можеш со минимално разговорно ниво да се вработиш.
     
    На GirlLove и MKS им се допаѓа ова.
  16. MKS

    MKS Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Како што кажав веќе работев во кол центар, нема многу разлика од кол центар до кол центар и тоа ми е јасно, таа е работата. За жал во моментов сум ограничена со опции, а ми треба работа и сакав да знам дали би ги препорачале. Фала ти многу за одговорот!
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    8.836
    Пол:
    Женски
    Зависи со што си се изгорела. Работата е секаде таа, ти зависи од проектот, инаку ако е omnichannel ќе ги работиш сите канали (телефон, чат, мејл) или барем два од овие. Исто работното време ти зависи од проектот, Мајорел/Телеперформанс (кои не пропаднаа, туку се споија исто како и Вебхелп/Концентрикс) мислам дека одат три смени (не знам дали на сите проекти), пошто го имаа или Букинг или Водафон. Транском имаат нон стоп огласи баш сега, со германски барем многу е полесно, исто е за туристички проект (може они да го имаа Букинг), со тоа што мислам дека немаат ноќна смена. Платите се тие, Транском во огласите ги ставаат платите, за италијански знам дека е 47000, за германски може да е повеќе, сѐ останато + си се бонуси, празнични дневници. Сите се редовни и коректни со исплата, за другото ако си работела знаеш како оди. Најголем обем мислам дека имаат баш со германски, мада и другите не заостануваат, таква е природата на работата.
    Пс. За германски има доста работа, за превод и по јазичните училишта, зарем толку не можеш да најдеш, најмногу огласи има баш за германски јазик, да не речам 80%.
     
    На bookslover и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Се слагам со германски сега секаде бараат скоро има дефицит.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    8.836
    Пол:
    Женски
    Да не речам скоро па сите огласи се за германски :D:D Ама да не се обесхрабруваме :D:D
     
    На MKS и bookslover им се допаѓа ова.
  20. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.609
    Пол:
    Женски
    Никако обесхрабрување, секој со својата среќа :D
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.