Manifest Интересна нова серија, многу ми се засвиѓа. Потсеќа на серијата The Crossing. Жанр: Драма Кога Montego Air Flight 828 слета безбедно по турбулентен, но рутински лет, екипажот и патниците беа ослободени. Но, во периодот од тие неколку часа, светот имал веќе пет години - и по жалост за нивната загуба, нивните пријатели, семејства и колеги се откажале од надеж и се преселиле. Сега, соочени со невозможното, сите добиваат втора шанса. Но, како што нивните нови реалности стануваат јасни, се отвора подлабока мистерија, а некои од вратените патници наскоро сфаќаат дека можат да бидат наменети за нешто поголемо отколку што некогаш мислиле дека е можно.
Jas ja gledav serijata!! Ki go zadrza celoto vnimanie vo poslednite 2 dena. Ima nekoj druh dostapen na forumot za da komentirame poveke?
4 сезони изгледав за два дена. Обично не ме интересираат вакви работи и не гледам ама немаше што друго и пуштив. Се беше поврзано и едвај чекав да видам што ќе откријат следно. Некако заврши 'недовршено' ама пишуваше дека финални епизоди ќе има сега во 2023 па ќе видиме дали конечно ќе откријат тоа што го бараат од почеток.
Ја почнав неодамна и ја оставив. Првата половина од прва сезона ептен ме влечеше, потоа некако завлекоа, тотално изгубив желба да продолжам да гледам. Темата беше баш интересна, различна.
Прва серија ми е со дечко ми и премногу ни се свиѓа, јас по кој знае кој пат ја гледам и секогаш ми држи внимание Проблемот е што сме при крај а имаме многу различен вкус за серии и филмови, знаете некоја друга слична на Манифест што баш држи внимание ?
Јаа завршувам втора сезона. Не ми е јасно како може серија со толку добар почеток, во наредни епизоди ко ривердејл да ја направат? Се нервирам, стварно има потенцијал за добра серија, ама од епизода до епизода глупост до глупост. Нетфликс енд шит, стварно имав високи очекувања
Првите сезони беа топ. После се повеќе развлекуваат. Крајот многу ме разочара, некако многу глуп завршеток. Толку мн епизоди и на крај не го ,,затворија кругот,, страшно мн се изнервирав. Не сакам филмови без точка на крај
Да, 62 епизоди вкупно. Првата сезона и втората до пола ги изгледав во 1 ден од шо ми беше интересна. После почна да ме нервира ја завлечкаа некако без врска стана досадна ама морав да ја догледам, баш е неизвесна до крај.