Ме интересира каков град е Мелбурн, доколку сте биле споделете ги вашите искуства. А тие што не биле, можат да кажат зошто би сакале да го посетат Мелбурн.
Јас сум била во Мелбурн. Многу е убав, но времето е хаос. Значи таму имаш буквално 4 годишни времиња во еден ден. Те дува, те пече сонце, па ќе заврне, катастрофа ако реагираш на промени Мене од Австралија ми е омилена Канбера. Преубав град, мирен, чист, се е под дрвја, зеленило, феноменално.
Знали неостварена желба ми е да го посетам Мелбурн. Не знам оти ама заљубена сум во овој град иако го немам посетено. Тоа што најмногу ми се допаѓа е невобичаената клима,која претежно е влажна,а јас такво време обожавам. Се надевам во скора иднина дека ќе го посетам овој прекрасен милионски град.
Еве јас дојдов пред 3 дена Мелбурн,не ми се допаѓа баш,премногу мирно место,навечер по улици жив човек нема..куќичките се преубави..луѓето премногу работат,немало со кого да излезиш на кафе пример..и се е далекууу