1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mojoт брат

Дискусија во 'Психологија' започната од hristinnnna, 8 март 2014.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Оваа тема ме поттикна да ја отворам однесувањето на брат ми, за коа што не знам што да правам,тешко ми е.
    Има 10 години и е 5то.Али е мноогу наивен, многу.Да му кажеш некоја глупост во која никој не би поверувал он би се замислив.Одличен е ученик, нема проблем тоа.Али ме нервира тоа што зборува литературно, додека јас само на училиште, и тоа ниту таму.Излегува со другарчиња и збора литературно како некој дипломат.Ми иде тогаш да го изгазам аман па.Го карам нонстоп.Не е затоа туку е зато, не е убаво туку е убо ама не сфаќа дека мајтап му прават сите надвор токму поради тоа.Излегува надвор, си носи топка и сеа наместо и тој да игра другите му ја земаат и мајтап му прават, а тој наместо да се кара трпи и изнервиран си иди дома.Не знаме да се бори, не знае да се искара, само ќути, не сака никој да навреди..Дома е исто мирен, душа.Многу е добар со сите.да те навреди, нема шанса.Во иста смена сме на училиште и се дешава да слезам и да го видам како седи во клупа со остантите женски а сите машки надвор.И јас коа ќе му згрмам да излези, тоаш ме послушва.Вчера тато го караше зш ги скинал фармерките.па се тргачеле на училиште сите машки, и јас му викам на тато нека се тргачи поарно отколку настрана да седи мирен.Ептен се израдвав тогаш.Игра кошарка, многу е добар во тоа, не е некој без другари, беше и за нова година со другари, го викаат нонстоп да излегва не е некој ќутук, али ако продолжи вака во идинина као тинејџер сите ќе го измејваат.Знам, имам таков во клас, и многу ме боли и ми се плачи коа ќе ми текни што му следи доколку не се смени.И мама и тато нонстоп го караат али не е то то.Му ги читав и разговорите на фб со други деца, се фатив за глава жими се.Многу е наивен, многу.
    :fubar:
    Ве молам, вие едниствени ми сте.Како да го сменам барем малку, неќам во иднина да биди исмејуван и користен на сите можни начини? :sweat:
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ајде феминки стварно помагајте. Мојот брат е прво одделение а збори претерано. Јас ни кога сум во друштво не зборувам од типот "бич, фак оф", а тој и дома. Го караме сите, му велам "миличко бе така не е убаво". Тој си продолжува со пцовките. На другарите за сѐим верува, а тие поголеми и мајтап со него. А многу е талентиран. Црта прекрасно, секој ден добива петки на раче, се дружи, ги учи песните и расказите, сам работи на компјутер. Ќе се отупи ако продолжи да се однесува грубо спрема фамилијата. :(
     
  3. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Седни и разговарај со него, советувај го да не верува на секој. Не му мисли секој арно. Иако тој е сеуште мал и не сфаќа. Мислам дека човек оцврствува благодарение на искуствата во животот. Не можеш некој кој е роден тивок, срамежлив и со добра душа да го натераш да се кара и тепа со другите деца, едноставно таква му е природата. Не верувам дека ќе се смени, барем не сега, можеби кога ќе почнат да му вријат хормоните во пубертетот. Сепак можеш да му кажеш дека ти како постара имаш повеќе искуство во животот и дека не треба да молчи кога некој го навредува, охрабрувај го да се бори за своите цели, кажи му некој пример, еве за твојот школски другар. Пофалувајте го дома кога ќе има некој успех, работи на неговата самодоверба, можеби тоа ќе му помогне да се опушти малку.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, зошто го караш дека збори литературно? Тоа е баш убаво, и понатака во животот тоа може само да му биде предност. Остави си го. Сигурно посветува доста внимание на часовите, учи, па затоа си зборува литературно и тука јас не гледам ама баш ништо лошо. Треба да го караш ако збори погрдни зборови, пцовки итн, а не за ова.
    Второ, не те сфатив баш најдобро, прво велиш нема другари, го зафркаваат, па после велиш има другари, славел нова година со нив, го викале за секаде? Тука малку не си ми јасна. Ама најверојатно проблемот е што е тој многу наивен и добар, односно он си е културен и не сака да се кара. Ама мислам дека има доста деца што на негова возраст се такви како него. Не знае се' уште да се брани.

    Мое мислење е дека ти, а и твоите родители не треба да му викате и да го карате. Не постигнувате ништо со тоа, само може да правите поголем револт во него. Како што на децата на улица им преќутува, а во себе се нервира, така прави и со вас, кога ќе му свикате тој се нервира, а си ќути. Така што тука ништо вие не правите поразлично од останатите. Треба разговор. Ама не формален, туку разговор секојдневен. Ти си му сестра и пробај смирено да се зближиш со него. Пробај да му ги објасниш некои работи, да осети доверба во тебе. Пример дека не треба на се' да верува и да му објасниш дека кога ќе осети неправда треба да се бори за своето, а не да се повлекува. И што е најбитно да му објасниш дека може и дозволено е културно на вербален начин да се избори за тоа што смета дека треба да биде негово. И не да биде твоето само монолог. Туку дијалог, прашај го што мисли он за тоа, па потоа кажи му што е правилно. И никако немој да му збориш зашто вака си направил, или да го осудуваш или па недај боже да му збориш дека е глупав или слично. Тоа никако. Он си е многу паметно дете според твојов пост ама не е воспитуван да се однесува така како останатите.

    Не е ова така тежок проблем, само треба доста внимание да му посветите, доста разговор и ќе почне да се подобрува.
     
    На blonde_supergirl, FotoLina3, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171

    Океј, може не се искажав добро.Си има другарчиња, али повеќето од нив му е само за корист.Демек, ела ајдсе само земи ај топката, ти не ни требаш.Како и шо објаснив погоре.А тие другарчиња со кој шо славеше нг, му се најдобри, си ги сака и ништо не би му рекле.
    А за ова со литературново, да сретнам јас или да имам другар кој ќе збора литературно жими се би се изнасмеала, можда не во лице не сум таква, али ќе си велам сама шо му е на овој бе, добар е или настран малку.И затоа ми е, не сакам да го гледам понатаму затворен во 4 зида и сите да му прават мајтап, неможам.
    Ќе пробам вака со добро, можда ќе допрам некако до него, да се надеваме.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Значи сепак си има другари со кои постојано си се дружи и вистински си го сакаат како другар. Тогаш воопшто нема проблем. Само треба да го посоветуваш да се тргне од тие кои го навредуваат и повредуваат. Односно да бира со кого ќе се дружи. И да не биде тоа по секоја цена.

    А тоа што го велиш за литературниот говор... хм, ајде ќе го препишам на твоите години. Понатака нема да размислуваш вака, верувај. :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Не ми се верува дека имаш 17 години и ваков став. Место да се трудиш да го промениш,учи како да бидеш своја и поразлична,а не да го(се)менуваш за да се вклопиш некаде. Детето е на добар пат. Зошто да не биде добар? Зошто да не зборува литературно?

    Се се тоа доблести,кои што ќе му се најдат во животот. Не го правете детето огорчено,дека другарчињата му се од корист.

    Како што реков, важи и за тебе, не прави нешто само за да се вклопиш некаде.

    [​IMG]
     
    На blonde_supergirl, Silver.E, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.593
    Пол:
    Женски

    A со негови 10 години каков сакаш да биде :o Не ми се верува во оваа што го читам :x
    Знам тешко е и постојат многу такви деца ретки се тие што на негова возраст не се наивни верувај.
    Нека си зборува литературно зошто да не што има врска тоа, единствено што треба е да го подучуваш да си го искажува секогаш своето мислење и да не се кара со другарчињата за глупости,нека им помага нека се дружи каков и да е со тек на време додека расте верувај дека ќе почне да созрева и да сваќа ќе почуствува самиот на себе кога некој го исмејува и помижава,ќе почуствува кога е во право и ќе размислува подобро а засега ти предлагам дане очајуваш и да не го тераш на сила да се вклопува таму каде што не му е местото :)
     
    На Aryana, Silver.E, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Драга, вие постарите браќа и сестри некогаш некогаш сте удави! Ама не можам да ти кажам колкави удави! Ова го зборувам од лично искуство. Брат ми (постар од мене) ми ги правеше истите глупости како што му ги правиш ти на брат ти. Прво, остави го детето нека си зборува литературно, тоа не е ниту срамота ниту ништо, баш секој треба да го следи примерот на детето. Второ не се сите личности исти, некои се поповлечени, некои се поотворени, различни сме сите. Не може да се однесува како што ти би сакала да се однесува. Трето, со кое право му отвараш и му читаш негови лични пораки? Сакаш да те замрази па да престане да ти се доверува? Да изгуби доверба во тебе? Четврто, ти мислиш ако не си ти тука покрај него, тој нема да порасне и нема да созрее како што треба? Демек, ти ако не си да му кажуваш кога да излезе надвор, што да игра, со кого да се дружи, што да прави, тој ќе пропадне! Ќе порасне тој и без тебе, ќе созрее и без тебе. Немој уште толку да му го отежнуваш растењето и созревањето. Нека прави она што тој сака да го прави. Јас знам дека вие постарите чувствувате некаква обврска да ги заштитувате помалите, ама од лично искуство ти кажувам со овој начин само ќе му го задушиш духот. Не му стој како орел над глава, остави го детето малку да диши, не е ни улаво ни глупаво. Иако можеби ти е тешко да поверуваш ама МОЖЕ ДА СЕ СНАЈДЕ И БЕЗ ТЕБЕ, ДАЈ МАЛКУ ОЛАБАВИ СЕ ТИ А ОЛАБАВИ ГО И НЕГО.
     
    На Istata od vcera, blonde_supergirl, Rhaenys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171

    Ај не чади толку жити се.Ако твојот брат седел над тебе 24/7 тоаш не можеш и за мене истото да го кажваш.Едноставно не ме знаеш.
    Второ-Какви лични пораки би имал со своите 10 години ај појасни.
    И трето-кај реков дека сакам да игра по мои правила и дека сакам да го променам ради мој кеиф, зашо мене така ми текнало и ајт.Сакам да го сменам баш ради него, ради тоа дека не сакам да иде исмејван, вреѓан, наречен секако, и одбегнуван.Тој секако ќе порасне и без мене, и ќе се снајде али зошто коа веќе има некој кој го сака и сака тој да оди на подобро,да се понаша како да нема никој, мислам нема смисла.И тоа ако јас не се грижам и не ме боли за ова, тоаш кој би?Сигурно нема комшијата.
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.593
    Пол:
    Женски
    Mораав да прокоментирам на оваа
    Со оваа што го напиша гледам дека ти не прифаќаш мислење на други туку се држиш само до твоето напишано,да точно е ние не те познаваме но советуваме како треба да биде т.е кажуваме наше мислење.Не чуствува дека тој е така затоа и така се однесува 5то одд е сеедно му е се,остави го за 2 години ќе видиш колку тој поинаку ќе размислува кога самиот на себе ќе почуствува,неможе секое дете да биде исто и само да се брани,да некој мора да ги подучува но се со време ... твое е само да му кажуваш што треба а што не,гледај твојата грижа да не прерасне во нешто друго и со тоа што го кажа феминката погоре да те замрази детето... 10 години детски игри така да тоа што мислиш дека го исмеваат и вреѓаат не го сваќај толку сериозно !
    Aryana-извини што реплицирав на твоево мислење но морав :)
     
    На Aryana, Silver.E и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Детето е добро, ама за тебе е наивно ?
    Зборува литературно, ама е не знам што.
    Па, дајте му нека се дрогира, може тогаш ќе е нормален за вас. |(

    Туку, и ти се дете, кому кажуваат овде...тоа е.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Прв болд: не можеш да ми се обраќаш на овој начин зошто сум каде каде постара од тебе, не скокај веднаш. Ама ајде мала си ќе те сфатам, такви ти се годините. Втор болд: Зедов за право да коментирам на основа на нешто што ти си го пишала погоре и си побарала совет, не реков дека те знам, не ни сакам да те знам. Трет болд: Не можеш да го менуваш, тој си е индивидуа сама за себе, сите луѓе се различни.Четврт болд: Работата е во тоа што тој и без ти да му стоиш над глава нон стоп ќе оди на подобро разбираш. Нормално е дека ти си му сестра и ти најмногу го сакаш и му мислиш најдобро, ама ти немаш никакво право да се мешаш во однесувањето на брат ти (нормално ако не се екстремни ситуации - ако користи дрога, пуши, се пијанчи, се тепа). Со сила сакаш да направиш нешто од брат ти што не е. Најдобронамерно ти кажувам, остави ги работите нека си течат сами, не се напнувај за глупости. Ќе видиш дека се глупости кога ќе посозрееш малку и кога ќе видиш дека брат ти пораснал во прекрасна личност. Можеби сега ти е тешко да разбереш, кога ќе созрееш ќе увидиш самата.
     
    На Hipica и Silver.E им се допаѓа ова.
  14. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    За наивноста може да поразговарате и може да се смени детето.....А и уште е мал па можеби и кога ќе попорасне ќе се смени самиот...А ова за литернатурно шо зборува ОМГ |( ...ова во проблем го ставаш?Да бидам искрена 2-3 пати требаше да прочитам за да сватам за шо се работе баш поради тоа шо не ти беше литературни напишано...(нај искрено)...Ако сака детето така да си зборува оставете го...сеа ти сакаш да не го исмејуват и др ама пробуваш да го смениш детето? Шо ако него не му е убаво така,неможе да се навикне и слично?..
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Мојот брат е прекрасен човек и активен спортист. Не сака многу да учи, но солиден е и се труди многу во животот. Помал е од мене, но можам да научам многу од него. Тој е моја мотивација и мојата гордост. Го сакам најмногу на светот и никој не може да го земе неговото место! Уште од мали сме заедно и се подржуваме во се и се браниме. Како што расте се повеќе се одалечува од мене, но сепак тука се заедничките моменти на прегратки, гледање филмови заедно и одење на тренинг. Те сакам брате најмил мој! ♥
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.742
    Пол:
    Женски
    Брат ми е 10 години помал од мене.
    Не бев среќна кога добив брат, имав желба за сестра, а и влегував во пубертет кој ми беше доста бурен период. Потоа како порасна, а јас одраснав од овој период се зближивме, па сега тој влегува во пубертет и почнуваме пак да се оддалечуваме. Си се караме, разликата во години не ни е пречка. Тој сака и да се тепа со мене, јас немам желба за тоа, мрза па ти, па го скокоткам дур се откажи зошто има многу скокот. Во многу апсекти се гледам себеси во него, воглавно зошто на доста сличен начин врвиме ист период, и поради тоа знам дека ќе му помини.