1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Money Heist (La casa de papel)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mishela, 15 октомври 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Не видов тема за оваа серија, па не би било лошо да имаме. Верувам дека не сум единствена што ја гледа, па да дискутираме на тема La casa de papel.

    [​IMG]

    Станува збор за мошне интересна акција, криминална драма, склопена во (засега) две сезони.
    Третата се очекува во 2019-та година и ја има на Нетфликс.

    Не сум баш љубител на вакви серии искрено, па прво што ме привлече да ја загледам серијата беше Шпанскиот јазик; ми здосадија „класичните“ серии што кружат по Нетфликс и ТВ, па оваа беше вистинско освежување во тој поглед.
    И интрото, т.е. најавната шпица е предобро склопена. Мене ме привлече макетата и убавата песна, па пуштив да видам дали вреди да се гледа нешто вакво како за промена.

    Приказната се врти околу долго осмислуван „маестрален“ план за најголемиот грабеж во историјата, на човекот кој себе си се нарекува „El Professor“.
    Негова цел е да провали во Royal Mint (Национална печатница за пари) во Шпанија и да испечати 2.4 билиони евра (скромно :rofl: ).
    За таа цел, собира и обучува група деликвенти и нивната „мисија“ започнува...

    Серијата ме освои по првата епизода, одамна немав гледано нешто толку добро и нешто што ми држи внимание до крај, без да посакам да земам телефон во рака и да скролам насекаде.
    Пред некој ден ја завршив серијата и останав буквално mind-blown.
    Подобра серија немам гледано во последно време, барем не ми текнува на некоја таква после Breaking Bad (не ги споредувам, не се воопшто слични).


    Дали некој друг ја гледа(л) серијата? Пишете импресии и коментари, па да развиеме некој муабет. :)
     
    На Campari, PaLaVa, senjorita-v и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    35.982
    Ми се допаѓа. Само 3 епизоди имам досега гледано, па немам материјал за зборење многу. Професорот како лик е интетесен.
    Две сезони се , така?
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Јеее, ќе има со кој да муабетиме значи. :D

    Да, две сезони. Третата во најава за догодина. Се надевам нема да им текне да ја прекинат. :tmi:
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Ги имам изгледано двете сезони, мислев со 2та сезона завршува приказната , но сигурно ради големата заинтересираност решиле да снимаат уште сезони, само немој да ја развлечат па да ја уништат на крајот.
    Иначе многу интересна серија,уште кога излезе на Нетфлекс лани во декември ја препорачав во темана препорачајте интересна серија .
     
    На dunika и Mishela им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.289
    Пол:
    Женски
    Jaс и маж ми бевме како маѓепсани додека ја гледавме, 3 дена од кревет не станавме.
    Мене многу ми се допадна, ептен е различна и поради јазикот уште поинтересна за гледање. И приказната е многу интересна, убаво осмислена, детално.
    Сите ликови ми беа омилени, немав некој конкретно кој ми беше најомилен, се приврзав за сите.
    Би ја гледала дури пак, за да ги опфатам детално деловите кои мислам дека ги испуштив од превише возбуда да ја изгледам побрзо и да видам како завршува.
    Мене ми е една од омилените серии, дефинитивно ја препорачувам.
     
    На cresa-jagoda, Elen4e_sonce, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Па ако добро се сеќавам, ти ми ја препорача. :lol:

    Долго ми стоеше букмаркирана пред навистина да почнам да ја гледам, ама не зажалив, ова буквално. Немаше досаден момент, атмосферата цело време е тензична и напната ама не нападно, туку онака да те тера да набљудуваш до крај што ќе се случи следно.

    Мене омилен пар ми се Токио и Рио, ептен ми се срцки двајцата. :D
    [​IMG]

    Најинтересен лик после Професорот, дефинитивно Берлин. Не можам да одгатнам дали го мразам или не. Многу интересен лик. :)
    До душа, секој си носи своја приказна, ама овие тројца први ми паднаа во око.
     
    На PaLaVa, cresa-jagoda, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Ми се гледа интересна серија, ќе ја ставам на листата за гледање. А колку вкупно сезони ќе има, најавено е?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Не знам колку сезони планираат, само знам пред скоро прочитав објава дека од Нетфликс потврдиле оти сигурно ќе има трета сезона. За понатаму не се знае.

    Со оглед на тоа што се случи во финалето, поим немам како би течеле настаните понатаму и баш ме интересира што смислиле. Само да не ја упропастат.
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Додека почнам да ја гледам може таман ќе излезат сите сезони што треба :D
    Колку мразам кога чекам да излезе епизода или сезона. Вака наеднаш се кога е излезено :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Carissa

    Carissa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Јас и серијава сме прав пример за Стокхолм синдром.
    Почнав да ја гледам со мала доза скептичност, и веќе после првите минути ми се пикна под кожа. На моменти ги мразев сите, на моменти плачев за нив, од Токио редовно ми се качуваше притисокот, се воодушевував на паметот на El Profesor, сочувствував и со киднаперите и со заложниците.. сума сумарум, една од најдобрите серии што сум ги гледала.

    Препорачувам, гледајте ја и да знаете дека ништо не е така како што очекувате дека ќе биде. :)


    Темава ме потсети уште еднаш да ја погледнам една од најубавите сцени, и после толку долго време откако ја завршив серијата пак се наежив гледајќи го видеово... :)

     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, MayDiamonds и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    Многу ми се допадна серијата, една од подобрите на нетфликс. Иако крајот ми беше многу како сапуница...ама целата приказна е супер.

    Бај да веј малки офф топик..но има нова серија на нетфликс Елите се вика и е со дел од глумците од La Casa de Papel :)
     
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Серијава ја “смачкав” за неколку дена уште кога излезе.Ја ставам во омилени за 2018та.
    Не дека е некое ремек дело,ама комплексноста на ликовите,поврзаноста помеѓу толку различни карактери,па и зачинетоста со љубов во целата таа напната ситуација ја прави заразна за гледање.

    Првата сезона ми беше малку стерилна,ко да тапкаше во место,ама втората имаше баш случки.Крајот,т.е пресвртот е маестрален.

    Се шпекулира за 3та сезона,каде “ел Професор” ке изрежира нов напад,ама сеуште не е потврдено.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Не ли е потврдено уште @dunika? :(
    Не се сеќавам каде на кој портал читав пред околу еден месец отприлика, дека е обновена за уште една сезона.

    Јас имам поделено мислење, од една страна многу би сакала нова сезона, а од друга пак ми нема смисол после таков крај. :)
    Ај баш да видиме.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Според последните статии што ги читав,не беше сеуште официјално @Mishela
    Сепак,приказната се заврши,со ептен фер разрешница,и не гледам никаква потреба од продолженија.
    И да има,би била со сосем нови ликови,и Професорот како “мозок” на операцијата.
    Баш дека е заразна,брзо се гледа,без здив буквално и ги тера гледачите да бараат уште.
    Продуцентите биле ептен затекнати,не очекувале толкава популарност и широка маса на гледачи.
     
    На Mishela и ane.bella им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Една од подобрите серии кои ги имам гледано, а можам слободно да кажам дека ми е фејв за 2018.
    Ретко која серија трае толку кратко (од сите серии кои ги имам гледано, оваа е една од ретките со само две сезони, најчесто се 5-6 па и 9+ сезони) а е толку комплексна и интересна. Самото дејствие е едноставно, а ликовите се одлично разработени, врските меѓу нив и нивното минато.
    Мора да кажам дека и актерската екипа е фантастична, Токио и Берлин се неверојатно секси, особено гласот на Берлин.


    Не го гледав целото интервју, рандом пуштив на средина и Професорот и Токио објаснуваат дека ке има трет дел ама не знаат што ке се случи. Алекс Пина само им рекол дека ке е mind blowing.

    Јас сум убедена дека трета сезона ке снимаат само поради популарноста бидејќи дејствието е целосно затворено. Мислам дека и во следната сезона (или следните сезони) ке гледаме некој грабеж, ја би се обложила дека ке има дијаманти во приказната. Доколку следната сезона се базира на настаните по грабежот ке бидам ептен разочарана и сето тоа ке биде форсирање поради гледаност.

    П.С. Ја гледав по препорака на @1209 - ја прочитав рецензијата и знаев дека ова е серија по мој вкус.
     
    На cresa-jagoda, Elen4e_sonce, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Јас читав изјава кратко по тоа интервјуто што го постирала @Rebecca_R, а и сега скоро имаше пак некои известувања околу новата сезона, па затоа си мислам дека сепак ќе има продолжение.

    Колку ќе биде издржана третата сезона ќе видиме, читав теории на фанови и некои се навистина запрепастувачки, ама има и такви кои сакаат бајка и очекуваат приказната да продолжи фокусирана на...глупости. Барем според мене.

    Јас не сум фан на усилени приказни, ама серијава има потенцијал. Па да видиме.
     
    На ane.bella и dunika им се допаѓа ова.
  17. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Серијава како и секоја шпанска што ја имам гледано е навистина многу добра. Знаев за неа уште пред да биде ставена на Нетфликс и брзо пред да се дознае за неа ја изгледав оргиналната верзија. Нетфликс има скратено неколку сцени и ја има поделено во две сезони, додека оргиналот е само една со мислам 13 или 15 епизоди по 60 мин.
    Како и да е не сум среќна што официјално е потврдена 3 сезона бидејќи серијата беше перфектно финиширана. Шпанците знаат за доста и не развлекуваат серии за да ги уништат,но штом падна во рацете на Нетфликс... Ми нема поента да продолжат нешто што е завршено, но ете останува да видиме што и како ќе направат.
     
    На Someonespecial и dunika им се допаѓа ова.
  18. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    4.413
    Пол:
    Женски
    И за мене една од подобрите серии што ги имам гледано. Буквално во еден здив ја изгледав :) Рио и Токио ми се омилени, ептен ми се срцки и мене :D
     
    На cresa-jagoda и ane.bella им се допаѓа ова.
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Да ви се придружам во тимот на обожаватели на серијата.. Уф навистина немам зборови, ја изгледав во еден здив, 2 дена не станав од кревет и буквално не трепнував дури гледав.
    Една од најдобрите серии кои сум ги изгледала, а сум гледала прилично многу бидејќи овој жанр на крими мистерии ми е омилен.

    Цела група секој посебно ме освои но морам да признаам дека Берлин и Професорот ми беа омилени ликови во секој поглед.
    Сцената кога ја пеат Bella Ciao ме наежи до срж дури и солзи пуштив кога професорот престана да го пее делот кога се зборува за смрт поради тоа што знае дека Берлин ќе умре..

    Да не спојлам понатаму се изнаплакав уште толку и на крајот кога се случуваше разврската мислам дрка пола живот ми се скрати..
    Искрено најмногу сочувствував со Берлин и затоа ми беше омилен лик.
    Крајот беше повеќе од маестрален, би рекла дека таков крај навистина е како јаготка на шлагот па нема потреба од понатамошно развлекување ама од толку што ми се пикна под кожа серијата искрено се израдував кога дознав дека ќе има и 3 сезона. Прочитав некаде дека серијава била номинирана и за Еми, епа навистина го заслужуваат, се надевам дека им отиде во рацете.. :clap:
     
    Последна измена: 8 ноември 2018
    На cresa-jagoda, Elen4e_sonce, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Сакам да ја почнам серијава.Ја спуштив прва сезона али ми дава само 13 епизоди а на imdb пишува дека има 15 епизоди:wasntme: