Често ја спомнуваме козметиката на Nacomi низ дискусии, па мислам дека редно е да отвориме една тема во која надолго и нашироко ќе си збориме за нивните креми, серуми и сè друго поврзано со нив. Nacomi e полски бренд за препаративна козметика, а кај нас може да се најде онлајн на некои од веб-продавниците за козметика и во ДМ. Дали сте користеле нешто од Накоми и какви впечатоци ви оставиле нивните продукти?
Пептидниот го имам. Ептен лесна структура, течна како водичка. Кога го ставам како масно ми е лицето, некако чудно не можам да опишам, ама за кратко се впива. Заради ова не го користам во последно време редовно, а и не сум видела некоја разлика од него, во смисла на затегање некое.
Витамин Ц ми е одличен, некаде пишував низ темите. Салицилна не користам, а за пептидниот серум - не знам на кој точно мислиш? Јас го имам Telomere therapy и супер ми е. Не е течен, конзистенцијата му е иста ко на класичен крем за лице. Хидратантен е, лесно се впива и не ја остава кожата мрсна.
Да, да, од yeppeuda го нарачав овој. Го немам видено досега во ДМ. Мислам дека беше 900 и нешто. Ајде баш пиши впечатоци од овој серум со пептиди. Одамна го гледам во ДМ, ама сè некако завршувам со нешто друго на крај. Планирам конечно да го земам кога ќе ми се потроши овој, па ќе видам како ќе се покаже.
Јас моментално го користам витамни ц серумот. Вака нешто посебно ефект да гледам и не баш. Единствено ми се допаѓа што не е конзистенција како класичен серум туку повеќе како крема, па нема чувство на затегање после него туку напротив како да хидрира.
Го користам Ницанамидот од нив со15% и немам мислење, зошто некое денови лицето ми реагира одлично на него, и после неколку денови, како да не сум го користела. Во смисла, видно ќе ми ги намали порите, за после недела две да се врати на старо. Го користам 4-5 дена во неделата, само навечер. Понекогаш самостојно, следено со крем, понекогаш под ретинол. Мириса пријатно, со течно-леплива текстура. Процентот му е појак, мислев ради тоа ќе дава некои резултати, ама кај мене општо земено не даде. Подобар од Ревокс секако, но не би купила второ шишенце за сега.
Витамин ц го користам еве почнав второ шишенце и ми е топ. Сега ги земав ниацинамидот со 20% и ретинол 0.25 па ќе видиме како ќе ми се покажат
Мене овој крем за лице ми е на листата за купување, мислам дека за периодов ќе ми биде супер. Немам акни, ама би го купила и покрај тоа. Креми и серуми со нијацинамид ми се топ за мојава кожа. Неодамна пробав тестер и ми се допадна како се покажа. Лесен е, гел-формула има и пријатен е, немав чувство дека ми ја затегаше кожата.
јас ја имам Golden rays City, таа во плава кутија што е. Убава е, меѓутоа остава сјај на лицето, што мене лично не ми се допаѓа, повеќе сакам мат креми. Лесно се размачкува и не остава бели траги, и е малце потечна споредено со други СПФ што сум користела. Задоволна сум ама не би ја купила пак, само заради сјајот.
Јас го користам веќе 3 недели, вака добар е не ми прави иритации, го користам само наутро понатаму би пишала повеќе
Мене ми е супер серумов. Имав некои пигментации кои се повлекоа, стануваше збор за нешто ситно и не многу воочливо. И си требаше време малку. Веќе трет месец го користам наутро и приметувам дека тенот ми е многу порамномерен, флеки од акни ми се повлекуваат доста побрзо... Фин ми е серумов ептен и најмногу ми се допаѓа што е кремаст. Се надевам дека ќе ти се погоди.