Гледав огласи на интернет за оваа фирма. Еве линк. https://nativeteams.com/careers Имаат канцеларии во Битола и Скопје. Дали некој бил на интервју или работел таму?
И мене ме интересира, често им се вртат огласи. Ме контакира минатата година еден дечко, ваљда си бараат фриленсери да се осигураат преку нив, но друго конкретно што нудат и работат и не знам баш. Еден познаник пред скоро се вработи, support или така нешто, се стигнувало до 50.000ден наводно, што за почетник и не ми е баш веројатно.
Мене ми нудеа да ме препорачаат овде, ама мислам дека беше некоја позиција во стилот на Business Development Advisor (Sales), нешто што работев во моментот, а барав друга работа и инстантно одбив. Многу често ми излегуваат нивни огласи, нешто што не ми се допаѓа баш, ама и што не мора да значи ништо, може не се лоши како фирма. Инаку, не ме чуди да се стигнува до 50 000 денари, па и не би рекла и дека е некоја висока плата плата тоа. Рачунај support најчесто се работи во смени, втори, трети, може и да се менува прва, втора, трета, ноќните саати се додатно платени, ако работи сабота исто, и затоа е и толкава платата.
Јас само знам дека немаат постојани канцеларии туку закупен простор и одат таму по потреба, т.е. не е задолжително. Fully remote работат.
Дечко ми требаше да се вработи овде како BDR, не е напорно, без повици е, само мејлови и линкдин и имаат високи плати какошто имам инфо. Океј фирма се искрено, он беше задоволен ама доби поубава понуда со повисока плата.
Дали тоа е Business Development Representative и што точно се работи на таа позиција. Дали треба некое предзнаење.
Да тоа е. Инаку на него му бараа искуство со CRM, 2+ години на иста или слична позиција, познавање на линкдин, мејлови итн. Мислам дека најмногу пресуди тоа што има искуство во таа област.
Дали во фирмава се бара перфектен англиски, ќе може ли инфомрации од тие што работат или работеле тука?