Вчера на 05.08.2022 на Нетфлих излезе нова серија според книгата/ стрипот на Неил Гејман, The Sendman. Ја немам читано книгата иако оддамна сакам, така да планирам да ја почнам серијата. Го изгледав трејлерот и баш ми изгледа примамливо за гледање. Има некој што ќе ја гледа? Еве трејлерот
Конечно нешто добро на Нетфликс. Ми изгледа дека викендов ќе ја изгледам цела... Btw The Sandman треба да стои.
Ние само што ја почнавме, на 1 ва епизода сме, малце slow е почетоков но рано е да се каже, на секоја серија и давам 3 до 4 епизоди.
Да ве прашам вас што имате поголемо искуство со Нетфликс. Дали можам да најдам филм на англиски со македонски превод? Сакам да учам англиски па поради тоа прашувам.
Предобра серија, ме изненади колку ми е интересна за гледање, и ликовите и приказната, се надевам дека ке има добар успех да добие втора сезона бидејќи така чув нешто Нил Гаиман дека рече, треба убаво да перформира да добие втора сезона. Се надевам нема да остане на една.
Очекував повеќе. Серијата е стварно ок, има потенцијал, веројатно втората сезона ќе биде уште подобра ама мене лично оваа сезона ми беше некако тажна. Всушност, секоја од епизодите во суштина ми беше тажна. Ми беше жал за Грегори, ми беше жал за девојката на Костантин, ми беше жал за сите гости во ресторанот, ми беше жал за Јунити, ми беше жал за Лита, епизодата со Смртта ми беше исто тажна.. Едноставно, серијата ми беше тажна. Не мрачна, туку само тажна.