1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Never Have I Ever (2020)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mishela, 4 јуни 2023.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    За неколку дена ќе излезе четвртата сезона од Never Have I Ever, па тоа всушност и ме поттикна да ја отворам темава.

    Мислам дека серијава заслужува да си има посебна тема, навистина опфаќа премногу теми вредни за дискусија. Од загуба на близок, до ментално здравје и формирање на здрави врски со родители, партнери, пријатели, почнување од почеток (во секоја смисла), притисоци со кои се соочуваат младите луѓе...

    [​IMG]

    За тие кои не се во тек - се работи за средношколката Деви, која по загубата на татко ѝ драстично се менува и некако преку ноќ добива желба да прави работи кои биле нетипични за неа. Од повлечена бубалица станува бунтовничка која ѝ задава милион главоболки на својата малку строга мајка.

    Креирана е од Минди Калинг и некаде како да читав во некое интервју, дека всушност голем дел од серијата бил базиран токму на нејзиниот живот, на времето кога и таа самата била тинејџерка.

    Ја гледате ли серијава? Пишете импресии, а за сите што не ја гледале, еве знак да ѝ дадете шанса. ^_^
     
    На simoncelicius и Hija.de.la.luna им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ја избинџав последната сезона во неколку саати.
    Баш ми се допадна крајот, сосема задоволителен.
    Ќе ми фали Деви со нејзините испади и бурни реакции, а и едно ваква абавна летна серија.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Вчера ја изгледав првата сезона. Дпбра серија е. Ама во почетните епизоди Деви премногу ме нервира.....
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.667
    Пол:
    Женски
    И јас ја завршив, многу ми е жал што заврши серијава. :doh:
    Им постави повисок стандард на останатите серии од жанров, тешко некоја друга серија да ја надмине во блиска иднина. Ама ајде да видиме. :)

    Ми се допадна крајот, клише или не, супер си беше. Навивав да биде така.
    Бабата ми беше омилениот лик во сезонава. Кој колоритен лик, не можам. Прејака е. Сакам ваква кул баба. :D

    Налини, знаев дека ќе заврши со типот. Никој не заслужува да е сам, баш се развеселив што си најде некој. Ме изненади постапката на Деви, кога се смува со типот што ѝ се свиѓаше на Еленор. Знам, јасно ми е како све бидна во моментот, и не можам да кажам дека не очекував да има драма со типов. Ама па до толку баш на најдобрата другарка да ѝ го направи тоа, знаеше дека ѝ се свиѓа и упорно. Ми стана жал за Еленор.
    Ама ете, кармата е кучка, па нејзе малтене исто предавство ѝ се случи кога Фабиола криеше за апликацијата за факс. Најмногу, значи најмногу од сè ми се допадна тоа што наместо да се разделат со holding grudges, си ги расчистија сите недоразбирања, си простија. Се случуваат срања, ама некогаш можеби и треба човек да премери на кантар дали вреди да се расипат односи за нешто минливо.
    А и како ѝ кажа Налини кога се трескаше од земја за факсот - некогаш работите се случуваат така како што се случуваат, за на крај да испадне да се наредат коцките дури и подобро од што сме мислеле на почеток.

    Најемотивна ми беше 9-та епизода. Не можам да ги најдам цитатите од Д-р Рајан, кога ѝ кажа нешто во смисла - види колку си сменета, види што сè успеа да надминеш во 4-те години откако си тука. Се изнаплакав квалитетно, ми погоди во некои лични ситуации, ме допре многу. :(
    Колку и да имаше материјал за ролање очи, мислам дека извадија супер сезона и убаво се заокружи целата приказна. Најмногу го мразам чувството кога ќе ми заврши серија што многу ја сакам.
    Ќе ми недостигаат ликовиве, сите до еден. :l:
     
    На senjorita-v, Lella и simoncelicius им се допаѓа ова.