Колку што видов ваква тема нема, ако има слободно нека оди во канта темава. No poo method скратено од No shampoo е метод каде што косата се мие без шампон. Односно може да се мие само со вода или во зависност од скалпот дали е сув или мрсен со сода и јаболков оцет. Луѓе кои што го користеле овој метод велат дека се задоволни и кажуваат дека во првиот месец косата е мрсна и дека разликата се приметува после 3 месеци, кај некои и порано (во зависност од косата). https://thenopoomethod.com/start-here/ Дали би пробале? Дали има некој што пробал? Ако има нека каже нешто повеќе.
Пред неколку години читав за овој начин на миење коса, кој наводно бил добар за оние кои имаат проблем со многу мрсна коса. Јас имав некој проблем при воспоставување ред со миењето коса и сакав да направам целосна детоксификација на влакното и да почнам да го применувам ова, но искрено ептен ме одврати помислата да ставам оцет. Особено јаболков, кој ми мириса ужасно и ми создава нагони на гадење. Не знам колку и дали би бил ефикасен овој метод ако се користи како средство за миење коса на редовна база, но прочитав доста успешни стории низ други форуми. На себе имам пробано да мијам коса само со сода бикарбона, без оцет и без други додатоци, но не ја исклучив целосно употребата на шампон и регенератор/маска. Еднаш неделно на пример, миев коса само со сода и косата како за чудо изгледаше многу фино, но ме фати некоја параноја дека ќе ми се уништи скалпот (имам многу чувствителен скалп), па прекинав. Баш ме интересира дали има некоја која го пробала ова. Највеќе ме интересира дали содата го неутрализира мирисот на оцетот? Навистина не поднесувам мирис на оцет, па би го прескокнала овој дел од рецептот.
Читав за содата дека може да го направи скалпот сув. Па после користење на сода, да се стави јаболков оцет дека ја прави косата помека и е добар за скалпот. Јас почнав пред 3 дена само со вода. Доколку издржам ќе ви пишам резултати.
И јас имам чувствителен скалп, било што да ставев, колку и да ја миев од било кој продукт отпосле ме чеша, ми гори и како акни излегуваа и се нервирав. На интернет прочитав за плакнење на косата со јаболков оцет. После шампонот, додека седи регенераторот истурам по скалпот разреден јаболков оцет и многу ми помогна. Од што читав, оцетот ја враќа нормалната ph вредност на косата, на водата со која што се миеме била околу 7, а на косата 4-5 некаде и од киселоста на оцетот се враќало назад. Само треба да се разреди со вода максимум 1:1 однос, или повеке вода и помалце оцет.
Како и да е, разреден или не, не можам да го поднесам мирисот на јаболков оцет, многу ми смета и не го употребувам. Знам дека е корисен, но сепак не.
Јас го имам пробано ова пред некоја година. Едно 2 - 3 недели ја миев косата само со вода ама прекинав. Косата ми беше без животна, без волумен и личеше на мрсна ( а не беше ). Плус тоа ми беше и потешко за расчешлување. Со оцет немам пробано да ја мијам, премногу ми мириса. Не можам да го поднесам тој мирис.
Толку сува и третирана коса имам што без ништо не би можела да поминам. Оваа метода- да! Ама за нетретирана и НОРМАЛНА коса би можел да се проба да се примени овој метод.
Јас пробав само со вода, ама 3 дена, повеќе не издржав. Косата само ми беше мрсна, а лесно ми се чешлаше. Некогаш кога ќе бидам по слободна ќе го пробам, ако можам да издржам повеќе ќе пишам резултати.
За виткава коса пак, која и прородно е посува. препорачуваат co-wash метод, каде што косата ќе ја миете само со регенаратор, без шампон. Јас не би го можела тоа.
Да ја живнеме малку темава. Јас сум на овој метод веќе месец и пол. На секои три дена ја "мијам" косата со вода и регенератор, на последното плакнење ставам една лажичка јаболков оцет во литро вода и тоа е тоа. Мирисот не се осеќа на оцетот бидејќи е многу разреден. Еднаш на две недели ја мијам со шампон, бидејќи имам виткана коса со крупни локни кои си бараат средства за дефинирање (leave in регенератор, гел и крем за локни), па сепак внимавам да не се натрупаат резидуи на скалп и влакно. Читам декларации на се' што ставам на коса да нема алкохол, сулфати и силикони освен на шампонот кој има сулфати за да ја исчисти убаво косата. Имам природно суво влакно, густа и тешка коса, а скалпот од мрсен-помрсен. Еве последниве две недели, значи после цел месец со овој метод милам дека можам сто години да не ја измијам! Лкните се лудница, косата и скалпот се чисти и здрави. Најтопло препорачувам, да видите што е лезет.
Не знам дали ке делува на тенко влакно. Инаку има фб групи каде покажуваат лудница резултати. Најдов регенератор брз сулфити, но имам добри резултати и со Еуген Перма и Џон Фрида колекциите.
Да се самоцитирам, да кажам дека оваа година кога бев на одмор, решив да ја пробам оваа метода. Од секојдневното миење на косата со шампон (па и со регенератор после секое миење) многу ми станува шкрта (нема соодветен израз за пона кога косата ви шушка кога ќе ја фатите меѓу прсти). Малку време се три недели за да се осети ефект. За ситуацијата (сол и сонце), искрено и годеше на косата. Ама да требаше да се појавам меѓу луѓе...,цк...не.