Огромна фама се крена за серијава, па ете кој ја има изгледано досега нека каже мислење. Романтична комедија која се фокусира на врската меѓу двајца навидум сосема спротивни особи со сосема спротивни гледишта на животот. Joanne е модерна и кул девојка со модерна и кул работа, додека Noah e баш религиозен човек со доста сериозна работа. *Искрено јас не се воодушевив нешто многу од серијава, мислам дека ако не се кренеше олкава фама немаше ни да ја гледам. Сите сцени се случуваа пребрзо, недефинирано, многу инстанти одлуки за кои во реален живот би требало доста време за да се донесат итн. да не навлегувам во детали. Севкупен впечаток ми е дека серијава е океј за опуштање, но на моменти и досадна.