Навистина јака комедија..Ја препорачувам на сите,вчера се изнасмеав Норбит уште како бебенце бил оставен пред кинески ресторан кој воедно бил и сиротилиште и бил одгледан од газдата,господин Вонг.Тој таму се спријателува со Кејт,добро убаво и мило девојче но нивното пријателство престанува кога Кејт е посвоена па Норбит повторно останува сам.За да не се осеќа напуштен и осамен за него се грижи дебелата Распутиа која со текот на години се претвора во застрашувачка жена,со еден збор ЧУДОВИШТЕ..Таа го присилува Норбит на брак и така тие се венчаваат.Норбит не може да ги издржи животните неправди,ама баш тогаш во градот се враќа Кејт неговата пријателка која што од господинот Вонг сака да го откупи сиротилиштето.Норбит повторно се заљубува во неа а и таа во него,ама Распутиа и вереникот на Кејт имаат други планови и застануваат до патот на нивната среќа.