Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Not so Pretty (TV Mini Series 2022)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од raww, 28 април 2022.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.915
    Not so Preety е документарна серија која ги истражува козметичките производи кои сите ние ги користиме на секојдневна база.

    Засега само првата епизода ја изгледав и бев во ШОК од тоа што ставаме ние на нашето лице а не сме ни свесни. Првата епизода беше за производите кои ги користиме за шминкање но исто така и бебешкото пудро на Johnson and Johnson.

    Голем дел од производителите за изработка на шминките користат Talc, вака кажано не изгледа опасно, но тој Talc кој се користи со себе секогаш носи и АЗБЕСТ. По откривање на оваа информација и испитување на производите е окриено дека тие во себе го содржат овој минер кој предизвикува рак. Уште поголем шок за мене е тоа што многу нормално сите фирми кои ги продаваат овој произод негираат за ова и сеуште им е во продажба и покрај сите докази и испитани материјали.

    Да преминеме на Johnson and Johnson, оваа фирма уште во 1970-тите години била обвинета за постоење на азбест во нивните производи, покрај негирањето тие и самите понудиле и нашле начин како да се заштитат од обвиненијата. Нивиот начин бил тој што место на добар микроскоп кој зумира до 1.000.000х користеле од 500х и место секој примерок да е испитан, испитувале на 20т Talc само едно минимини лажичка со Talc.
    Но и покрај тие нивни убедување дека не е вистинито за нивните производи да предизвикуваат рак, продажбата им паднала незначајно, па тие го прават следниот чекор и ангажираат маркеинг тимови кои ќе ја зголемат продажбата кај Африканското населиние, а зошто? Затоа што тие луѓе ги немаат потребните финансиски средства за лечење како белото население во Америка. И сето ова е ДОКУМЕНТИРАНО.

    Многу луѓе кои ја користеле бебешлата пудра и заболеле од рак, ја тужеле Ј&Ј фирмата, но за да се спасат од плаќањето на оштета, отвараат подружница која ја прифаќа сета одговорност за ова и таа подружница прогласува банкрот..само за да не исплатат никаква оштета.

    И да не заборавам уште поболно што беше за мене е фактот што оваа фирма во 2000 година ги тестирала овие минерали врз афрички затвореници, со тоа што на дел од нив им биле пренесени преку неколку инекции во грбот.

    Во 2020г, после сите напади врз компанијата и опаѓањето на продажбата, бебешката пудра решаваат да ја повлечат од Америчкиот пазар, но само од тој. Во сите останати земји тие се продаваат.

    Производите со Talc од продажба ги повлекле Claire's откако нивните потрошувачи испитале дел од нив и пронашле азбест.
     
    На theunforgiven, NoirSerpentine и MemoryOfUniverse им се допаѓа ова.
  2. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.915
    После епизодава земав да ги проверам шминките што ги користам и во пудрата, прашкасите шминки видов дека има Talc. Многу е поразувачки фактот што не знаеме што воопшто користиме, а нема ни кој да не заштити.

    Во самата емисија исто така беа споменати и брендовите на Dior, Estee Lauder, Loreal, Colgate.
     
    На koritsaki, MemoryOfUniverse и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  3. MemoryOfUniverse

    MemoryOfUniverse Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Има.
    Беше во продажба “зеолит за конзумирање“, но само еден месец откако кажавме на интернет yahoo.answers за доброто, го снема и на интернет продавниците, не можеше до 200 грама паковање да се дојде, и се уште го нема (го таложат во складишта, све што е корисно и добро, за криење).
    --- Прво правило: “КРИЈ ЃИ ТАЈНИТЕ“
    Научив и сега само на мк форуми ќе ви пишувам, и без веб-сајтови. (имам нешто и јас што правам)

    Зеолит има 6 агли како саќе од пчели под електронски микроскоп, ќелии, во комбинација со хлорела алга (за екстремни труења и кориандер и цимет), алгата (10-100 пати помала од клетка крв) го “лепи“ отровот што организмот што не може да го раствори или абсорбира, и се “заглавува“ во келиите на зеолитот, со активност или после време испаѓаат сите токсини или отрови преку кожа, бањање/капење или стружење отпаѓа се'.
    Дневно повеќе од доволни се:
    -- Зеолит 2-3 грама
    -- Хлорела 1 грам (со диабетес 4-8 грама, лек)
    -- кориандер 0.5-1 грам (опција за ектремни отрови како “жива-елемент“, олово...)
     
  4. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    4.353
    Пол:
    Женски
    Го гледав документарецот пред 2/3 недели. Бев во шок за бебешката пудра. Колку треба да бидеш нечовек да продаваш производи кои се опасни поготово производ кој се користи за бебиња.

    Често гледам документарци баш од тие причини, што повеќето даваат информации општо за некои работи, што всушност се дешава со човечкиот живот. Какви ли се сознанија, теории, тајни и судбини има.
     
    На Осе и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    21.437
    Колку што има опасни супстанци во козметики, толку и ваквите "чудесни" лекови не се за верување.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.700
    Допаѓања:
    6.631
    Јас искрено порано поима сум немала за штетните состојки во козметиката, многу ретко сум се шминкала, но нели шампон, дезодоранс, гелови за туширање, скинкер користиме сите. Прв пат на таа тема се информирав од @Biodevojka и веќе кога ја спомнав, баш би сакала да го слушнам нејзиниот коментар на темава.

    Откако ги прочитав штетните состојки што ги имаше постирано во темата за "Декларации на козметички производи.." почнав се повеќе да истражувам и да забележувам дека во се што сум користела а и за што и да се фатиш на рафт да земеш е преполно со парабени, силикони, ПЕГови, нафтени деривати, алуминиум во дезодоранси и стикови. Цел живот користев дезодоранс со алуминиум и од време на време ми се појавуваа болни топчиња под мишки, чувствував толкава болка што не можев да ја кренам раката и буквално еднаш плачев од толку што ме болеше. Потоа шампони, креми полни со силикони..

    Баш скоро и реков на снаа ми да и купам убав природен шампон на внука ми (3,5 години), не она била дете, требало специјален детски, нежен шампон за нејзе. После видов земала од Johnson баш, кога ја видов декларацијата, сите лоши состојки собрани на едно место, не се сеќавам сега точно, ама сигурно ги имаше сите овие погоре што ги спомнав. Луѓе бе, тоа е страшно, мене толку жал и страв ме фати, детенце на таа возраст да се труе со такви состојки и да му навлегуваат во кожата. Како уште функционираат ваквите фирми, па ко за беља приметувам дека баш во бебешките продукти има најмногу штетни состојки!

    Јас не користам најприродна козметика, пример еве користам антиперспирантна крема и спреј за нозе од Орифлејм зошто стварно ми делуваат, ама не ги користам секојдневно па затоа не обрнувам толку внимание. За гелови за туширање користам од Балеа иако знам дека се можеби агресивно формулирани, ама сепак е производ што се измива. За лице, коса, тело - за производи што се впиваат, гледам да се што поприродни. Веќе не користам ни дезодоранси со алуминиум, па уште сум во потрага по некој што ќе ми одговара.

    Мислам дека е потребно да се крене свеста за оваа тематика, за производите и состојките кои ги содржат кои секојдневно ги користиме зошто тоа се се наталожува во организмот и нема веднаш, ама може за 10, 20 години да направи проблем. Да се кренат тужби против ваквите компании плус луѓето сами да престанат да ги купуваат нивните производи и тоа да ги примора да ги сменат состојките што ги користат. И од друга страна, природната козметика барем малку да ги намали цените, за да стане попристапна и за обичниот човек. Ќе рече некој, ама природно е, затоа е скапо, добро да, ама еве Алверде се супер природна марка а цените им се и повеќе од одлични, значи може.
     
    На koritsaki и Осе им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    21.437
    Јас еве сум пробала неколку производи на Алверде и жими еден што се погоди.
    Земав пудра баш за мој тип на кожа. Пудрава се сушеше у истиот момент на нанесување во грутки, немаше шанси да ја размачкаш убаво и изгледав ко песок на лице да имам. Две употреби и ја фрлив.
    Молив за веѓи земав зашто со моите ретки веѓи молив ми е неопходно нешто. Нијансата беше погодена ама текстурата ужас. Премеко беше моливчето и колку и да го остриш, оставаше темна и дебела линија и беше грдо.
    Како кал да имав на веѓи.
    И едно за отстранување шминка ми направи проблеми со кожата, црвенило, чешање.
    Едно за пилинг на усни ми се има погодено у ситуации кај што ми се испукани усните а морам брзо да ги оправам. За другите производи 0 од мене.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.746
    Пол:
    Женски
    Не може да направиш make up look кој ќе трае со Алверде. Имав пудра пред некоја година и беше ужасна. Би купила само прашкасти производи, и производи за тело и коса.

    Одбивам да го гледам пошто немам во план да прекинам да се шминкам, и сакам во животов да си купувам high end козметика која е далеку од природна. А и производите што ми го одржуваат лицево во нормала не се природни, мислам дека го уништив кога форсирав природна козметика и масла.
     
    На Munchmallow20 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.700
    Допаѓања:
    6.631
    @Munchmallow20 @cooll Искрена ќе бидам, шминката на Алверде ја немам користено зошто не се шминкам, освен еднаш што имам пробано една пудра во стаклено шишенце и можам да кажам дека совршено ми легна, како порцелан ми го направи лицето и ми траеше цела вечер. Јас повеќе коментирав за продуктите за скинкер што им се, тие ми се супер погодени. Инаку нормално е, колку и да е природна некоја козметика, можно е да сте алергични на некоја состојка или едноставно да не ви одговара. Јас па имам обратно искуство, како тинејџерка чат пат се шминкав и ставав од ББ кремата на Гарниер, првите неколку пати лицето ми изгледаше совршено, за после тоа да ми се направи ужас и од тогаш таа ББ крема ја немам купено..
     
    На koritsaki, Munchmallow20 и cooll им се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Освен Алверде има и други марки со пристапни цени на пример Др. Конопка. Оваа марка ја обожавам има преубави формули на сите производи а не се воопшто скапи. Кремите за лице се 370 мкд, серумот тука некаде, има гелови за тушиање итн. Може да ги најдеш на сајтот на Белина. Имам скоро сѐ пробано од оваа марка и од сѐ сум била презадоволна.
     
    На blueeparadise и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.678
    Допаѓања:
    106.838
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise

    И јас исто како Биодевојка ти ги предложувам производите на Др.Конопка. Одлични производи за многу поволни цени. :)

    За шминка на Алверде зборувате , мене исто многу ми се погоди една пудра течна, ама ме нервира што добрите производи ги повлекуваат и веќе не можат да се најдат. И криво ми е ако нешто ми се погоди а потоа не го произведуваат веќе.

    Од кога @Biodevojka се зачлени на форумов и почнав да ја следам , јас почнав да користам природна козметика кога се работи за производи за лице тело и коса и навистина нрјзините совети ми ја препородија кожата.

    Само за декоратива тешко ми е да најдам особено добра маскара или потрајна течна пудра и со добра неутрална нијанса, некогаш порачувам од eccoverde таму има најмногу избор на декоратива ама од се што сум пробала можам да кажам дека сум била презадоволна од пудрата во прав од Др.Хаушка.

    Баш ме заинтересира оваа документарна емисија да ја погледнам , каде ја има на интернет поточно?
     
    Последна измена: 2 мај 2022
    На Biodevojka и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.915
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    И јас од љубопитност би сакала да ја видам. Фала богу што веќе отворено се говори за сѐ, за сите состојки и производи. На почетокот кога го отворив блогот (пред околу 8 години) мака мачев да им објаснам на луѓето, ме гледаа како мрдната да сум.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.700
    Допаѓања:
    6.631
    Да, ете не ми текна на Конопка и Леврана на пример. Од Конопка сакам да ја пробам маската за лице "против" пори, само ми е страв да не ми го исуши лицето зошто имам нормална/комбинирана кожа. Иначе, да ја искористам приликава да те прашам зошто не знаев во која тема да пишам, дали си ги пробала и дали си задоволна од производите на Леврана (освен СПФ кремата). Поконкретно ме интересира за овие:

    Screenshot_20220503_010842_com.android.chrome.jpg

    Screenshot_20220503_010715_com.android.chrome.jpg

    Screenshot_20220503_010502_com.android.chrome.jpg
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.678
    Допаѓања:
    106.838
    Пол:
    Женски

    Таа маска ја користев лани и многу ми се допаѓаше, имаше разладувачко дејство, се нанесува во подебел слој и иако е за комбинирана мрсна кожа не ја суши кожата, баш е хидратантна. И пилингот е супер го имав пробано.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга од Леврана за жал само кремите за сончање ги имам пробано за ова другово не можам да говорам затоа шо не сум ги пробала. Инаку маската од Конопка зелената за пори воопшто не ја суши кожата. Јас ја имам користено и бев премногу задоволна.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    10.746
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода - Makeup, и немам храброст да продолжам понатака. :sweat: Се исплашив за талкот, и решив да исфрлам шминка што го содржи. Само не ја давам худата. :worried:

    Е сега не знам дали истото важи и за Mica?

    Дали пудрава за бебиња ја имавме кај нас? Јас само бекутан користев во минатото. :sweat: