NU House се наоѓа на булеварот Климент Охридски, веднаш до книжарницата на Матица. Тоа е убаво уредено местенце во кое се јаде - Нутела. Палачинки, колачиња, вафли, кифли, ролати, тостови... сето тоа полнето со кремот на Нутела. Јас не сум била ама во план ми е да појдам после диетата. Дали вие сте биле и како ви се допаѓа?
Ја видов темава тазе и морам да прокоментирам. Значи јас бев таму пред месец дена, баш беше отворено скоро. Полни се ентузијазам отидовме и се разочаравме. Прва работа сите работи се минијатурни а цените не баш. Другар ми јадеше едни мафини со нутела. Немаше нитела како фил, ни во тестото имаше еден тенок слој одозгора премачкано и тоа е тоа. Јас земав амерички палачинки кои не можат ни вода да им носат на оние од О ла ла. Таму бре пливаат во Нутела палачинките, тука кај се помали имаше по трошка нутела само ставено и толку. Поскапи плус. И за крај другарка ми зема нутела торта. Тората имаше вкус на тиква акко ми верувате. Цела чоколадна, фина, мека, скапичка и со вкус на тиква. Еднаш и никогаш повеќе тука. Да знаете колку се израдував кога слушнав што отвориле ама кога пробав, катастрофа. Затоа О ла ла му е мајката.
Па не сум била, затоа што еве сега прв пат слушам за местово. Ама ќе појдам да видам и да пробам, чисто од радозналост.
и јас сакам кремчиња да си јадам,но мое мислење е дека некои премногу се оптоваруваат со нутела,нутела па нутела,како да е единствен крем на светот без навреди ќе ве молам,хаха голем поздрав и многу бакнежи до сите
Сите се "пренапнаа" со оваа нутелава. Де, што е толку посебно, не знам. Мене воопшто не ми се допаѓа.
http://www.olala.mk/ Еве им ја страната, можеш да си разгледаш Инаку што се однесува на темата, сеуште немам отидено во Nutela House, ама после критикиве што ги прочитав се предомислувам. Се додека сум задоволна од палачинките во О ла ла, не ја менувам со ништо друго.
Баш пред некое време ја заприметив кога бев на поминување и си реков еј, Нутела, што ли ќе е ова ,ама некако пусто ми беше внатре, празничко а и на брзање бев и не влегов. А искрено, по критикиве што ги прочитав, ќе тркнам и јас до О ла ла да видам што има, ама според менито што го видов ми се допаѓа се, а и цените се пристојни. Инаку и јас незнам сите што толку гледаат во таа Нутела. Убава е, не викам не, ама за разлика од Нутела, мене поубави кремови ми се Лино лада и Финети.
Незнам зашто ама јас и не обожавам Nutella...Си ги јадам сите кремчиња и најубав ми е Луна...така да нешо спешл не ми е баш нутелката
Не знам зашто толку ја хејтате али мене ми е баш ок. Сега цената е 100ден за палачинка со дупло крем али постојано има гужва. Ми се пријаде...
Аууу, од таму поминувам секој ден, а да не го видам дуќанов, цццц.... Каков страшен пропуст До душа не очекувам премногу, јас и од о ла ла се разочарав, така да може подобро да не идам тука, а?И што е најважно нутелата ја сакам во најчиста можна форма, само нутела и лажица, и ладно млеко Среќа што немам дома, иначе сега како би и влегла... Сепак ќе отидам чисто да пробам, нема да издржи јуначко срце
Битно надвор на менито немаат цени, зошто нема ни да влезеш да видиш што има. Премногу е мало, како ќенефче, јас сакам да јадам во просторни места каде што нема да ме притискаат ѕидови. Плус не сум збесната по нутела, златен Агрокрем и домашни палачинки.
Јас бев разочарана. Ништо посебно за таа цена. И палачинката што јас ја јадев, имаше една лажичка нутела, и плазмата за која доплатив, не ја ни осетив додека јадев, од што имаше малку ставено.
Заљубена сум во Нутелата, ама после вашиве коментари почнав да се предомислувам во врска со тоа место. Македонска работа, шо сакаш? Кога бев во Италија пред неколку години видов вистински јадења со Нутела што се. Превкусно нешто
Јас кога отидов со другарка ми толку многу се разочарав, послугата им беше катастрофа. Им нарачавме вафли и рековме за носење да ни ги запакуваат е тогаш тек настапи шоуто ахахаха се изначудивме. Замислете во некое пластично кутивче ни ги ставија и двете потоа во ќесе сакаа да го стават тоа па им падна нутелата се размачка наоколу тотална катастрофа. Дефинитивно беше најлошата послуга што ја имам видено до сега и вафлите кога ги пробав бајати им беа само ги ставиј на тост и маку ги загреаа. Се на се КАТАСТРОФА !!!
И мене искрено не ми се свиѓаше. Како да беа со вода намачкани палачинките, а не со нутела. Јас и дечко ми ја исхејтавме, а мислевме дека е нешто УАУ. О ла ла for life!
Искрено местово воопшто не ме воодушеви.Пред се,претерано е мало и нема место 5 луѓе комотно да си седнат и да јадат.Цените им се малку напумпани,а производите ништо посебно.Имам јадено палачинки и нутелата требаше буквално со лупа да ја барам внатре.Втор пат не ни помислувам да одам и да јадам нешто таму...