Озбилно нема уште тема за серијава Верувам дека има барем 10тина гледачи и обожувачи на форумов, па мислам дека се заслужуваме тема каде ќе си коментираме. Кратка соджина Спојлер Мајк Рос е брилијантен дечко, но за жал откако бил избркна од колеџ останал сам на себе да снаоѓа во животот. Сон од детството на Maјк е да стане адвокат но тој сон му останал само сон, откако тој бил фатен како продава испит по математика на ќерката на Деканот. Природно интелигентни и со фотографска меморија, Мајк зарабодува за живот со преземање тестови за други луѓе, особено LSATs. Харви Спектер е еден од најдобрите адвокати во Њујорк, кој неодамна е промовиран во главните партнери во неговата фирма, и е принуден од политиката на компанијата да си вработи соработник. По случајно интервју со Мајк, Харви е импресиониран од него, неговот енциклопедиско знаење на законот, и од неговата вистинска желба да се биде адвокат, и го ангажира него. Но сепак посоти проблем-фактот дека Мајк нема диплома по право, и поради тоа што фирмата вработува исклучиво Харвард студенти, и двајцата ќе мора да ја кријат таа тајна.... Серијата моментално ја прикажува втората сезона. Првата има 12 епизоди, и должината на епизодите е 40минути со исклучок на пилот епизодата. Aко ме прашувате мене и тие 40 ми се премалку, би сакала да гледам 120 минути по 20 епизоди во сезона Следната епизода е за 2 недели, 4тата епизода од 2рата сезона. http://www.youtube.com/watch?v=H0JP1Dq5ZNM http://www.imdb.com/title/tt1632701/
Да, немаше тема за серијава, се мислев да отворам, ама сум заборавила. Добро е што ти текна Хипстер. И јас едвај чекав да почне, сезонава е супер, многу дешавки, Спојлер се нервирам за Мајк и Рејчел, па добро не мора да и каже, нека си ќути и готово, да ја лажел, пих.
Спојлер И мене ме нервираат, мислам дека Мајк пресериозно го свати тоа дека дека Рејчел направила нејзиниот бивши да го избркаат од фирмата. А пак Дона? Колку и да го обожавам Харви не нервира што не ја забалежува Дона, а баш се створени еден за друг.
Ја обожавам серијава, затоа што секогаш знаат кога треба да ги заплеткаат работите,уф предобра епизода одвај чекам петок за да ја гледам 5тата. Спојлер Незнам за вас, јас се згазив од смеење на сцениве
Баш со другарка ми дебатиравме кој е посекси Јас сум Мајк фан. Не сум за постари типци Нешто слаба сум со време периодов и уште не сум почнала со 2ра сезона баш ми е криво, едвај чекам да се подослободам и да уживам. Таман и ќе ми се насоберат епизодички мх мх
Спојлер Ееееј зашто Дона мораше да си оди, баш ми е жал. Ама по толку време поминато со Харви човек би помислил дека би изиграла попаметно.
http://www.youtube.com/watch?v=7JqaSHDDTFc Спојлер Mum`s the word само тоа ќе кажам за 5тава епизода Нешто ми смрди дека Даниел и не е така невин во однос со случајов не? Очите на Харви му беа крвави во последната сцена, иаку очекував уште подраматична сцена, но сепак тоа е Харви. Но погледот на Дона на крајот ми беше како сака да каже, you have not seen the last of me И подобро да биде така,зашто ја обожавам Дона и хемијата измеѓу неа и Харви неможе да не остане забележана. Во следната епизода ќе почне изгледа серијата mourn about Dona. И која ќе му биде сега секретарка, is gonna be scrued
Спојлер Епизодава беше каде кад порелаксирана од претходните две, ама подбро зашто срце ќеме стегнеше ако нешто ептен лошо се десеше. Имаше доста смешни моменти Ама затоа од следна епзода, БАМ hits hard! http://www.youtube.com/watch?v=ov50VFQ2 ... r_embedded Неможам да дочекам
Фан сум на серијата од самиот почеток, иако засега барем, првата сезона ми беше подобра, понапната и понеизвесна. Има време за втората, може многу да изненади. Засега е ок. Јас сум Харви тим, Мајк ми е сладок, Харви ми е СЕКСИ! И женските ликови ми се допадливи, посебно Рејчел и Џесика. Џесика ми е права дама, кул, одмерена, ладнокрвно секси кучкеста. Рејчел и Мајк прават одличен пар. Каква сексуална тензија лежи таму, јухуууу, се надеваме ќе ја дочекаме експлозијата наскоро.
Возбудлива епизода, во право време и на право место. Штотуку почнав да се предомислувам во врска со интензитетот на Suits, кога не' дочека вакво изненадувања во 7мата епизода Sucker Punch. Целиот концепт беше предобар и неизвесен, Спојлер иако се работеше за пробно судење, односно подготовка. Морам да кажам дека Харви направи мудар избор кога се реши за спогодба. До пред 5 минути им беше страв дека ќе изгубат на суд. Минутка потоа добиваат спогодба која им одговара на сите, и одеднаш се крена напумпаното его на Џесика и Харви. Во комбинација се исклучително лоши, две суети кои се тепаат и никаков позитивен само контрапродуктивен резултат. Уште се мислеше дали да прифати, се испозанесе човекот, ќе оди на суд. Убаво му рече Мајк, мисли малку и на другите, не само за себе и својата репутација. Грешка секако беше направена. Признај си ја. Луис ми станува еден од најинтересните. Го обожавам тоа човече, многу е потценет како работник, и покрај неговите приватни маани. И за разлика од другите, јас сум на чело да дојде Хартман. Баш сакам да видам што ќе направи со фирмата. Некако, покрај Џесика не го гледам како некој голем негативец како што се обидуваат да го претстават. Џесика е подеднакво толку лоша, ако не и полоша и побескрупулозна. Ве поздравувам со песничката, кога Харви боксираше: http://www.youtube.com/watch?v=9gnabY-7 ... r_embedded
Харви е жежок, ама оти не спомнавме дека и саундтракот им вришти?!? Melting... http://www.youtube.com/watch?v=txS5VT605pc
Има ли не некој на кој не му дојде да му ја смачка фацата на Тенор од мавање,малку ми беше тоа што го направи Харви,малку. Поиритантно суштество од овој Тенор нема. Инаку Спојлер Дона ќе се врати во некоја епизода понатака, мислам така прочитав некаде. Трендафилке гледам и тебе ти се бендисува саундракот во Сјутс, еве ти страна каде ги објауваат сите песни од серијата. http://songsinsuits.tumblr.com/ Jaс се заљубив во џезот што го слушаше Харви претходната епизода, ама таа било специјално за серијата снимено Се надвам само дека Џесика ќе си остане таму каде што си е, ме иритра Даниел Следната епиозда ќе биде малку порелкас, но мене ми се допадна промото, интересна ќе биде. Незнам зашто неможам да го постирам промото, го има не јутуб Suits 2x08 Promo "Rewind" (HD)
Moре жени зашто не кажувате дека сте направиле тема за мојата моментално омилена серија??? М? Трендафилка лани ми ја пофали, од прва епизода ме фасцинираше. Ама многу ме нервира една работа. 12 епизоди по сезона, во втората и 10 колку што знам. Ват д фак? Зашто толку малку. А изборот на глумци, Мајк и Харви се ррррррррррррр Јас па сум Харви фан, не дека е убав физички, ама човече која харизма ја има. Паѓам на газ од некои негови потези Мајк е срцка. Ја обожавам и Џесика, жена со став и стил. Фантастична е. И се воодушевувам. Даниел ми е одвратен. А додека Луис, хммм еден од најинтересните ликови дефинитивно. Можеби и лик којшто е најдобро вклопен. Спротивност на Харви. Физички непривлечен, многу мани има карактерно, не го сакаат жените, мажите уште помалку, ама кликерчето и те како му работи. На моменти ми доаѓа да му плукнам во фаца, на моменти го сожалувам, а друг момент ми доаѓа да му аплаудирам за идеите. Интересно е што доста добро се прикажани многу ситуации од правниот свет. Како правник ги заразив сите колеги со серијава. Зараза е, а и никој не кажал досега негативен збор за неа. Ме нервира што Мајк моментално е без цурица, ама очекувам да се спанџа пак со колегиницата. Не ми е изгледана последната епизода, чекам превод југословенски Арно ама за Дона ми е мубаетот. Иделе со Харви? Ме збуни една изјава на Харви која мислам на Мајк му ја кажа. Се се заборава и се поминува од минатото. И ја погледна Дона. Хммммм... Што мислите? И да музиката и саунтракот е одличен!!! :up: Харви секогаш слуша одлични плочи во канцеларијата
Добра епизода! Спојлер И го спопика Даниел на Џесика, не дека не се очекуваше тоа од него. Ми падна жал за Дона кога ја напна Луис, DO YOU LOVE HIM? Е ај не. И Дона се исплаши од затвор, не сака да ја признае грешката, ама целосно заеба. Не сакам да ја сменат Џесика, баш и одговара позицијата, оној Даниел ми е мало патетично човече, некако нема моќ во него.
Спојлер Се согласувам и јас сакам да го стават Даниел за главен на фирмата. Баш ме интересира што ќе направи. Џесика е лошка реално, јака на јазик и потези иако крие една страна каде е многу слаба и кревка, посебно ако ја фатиш на феминистичка база и посегнеш по лицата кои и се драги. Јес да ме интересира што се случува со приватниот живот на Џесика, ништо не зборат за тоа. Добро реално за ретко кој зборат за приватниот живот. ЗНаеме за Мајк и за Даниел, другото е енигма малку по малку дознаваме, како во епизодава за Дона. А Даниел е многу дволичен, ужасно дволичен. Има големо влијание, улизувач е ќе ги добие гласовите на партнерите мислам дека. Ама знак прашалник е како ќе ја води компанијата, неможе да претпоставиме вооопшто. А Луис ми доаѓаше да го плукнам кога ја замараше Дона, бесчуствително копиле, ама кое на крај потклекна. Многу добра епизода, една од подобрите оваа сезона. Судењево беше и повеќе од добро. Него трејлеров за следнава епизода е интригантен. Мајк ме чуди, старо друштво, погрешни постапки хммм. И што значи појавувањето на Дона? http://www.youtube.com/watch?v=EN-jkHA44Ko
^ Ова е епизода во која дејствието се случувало пред 5 години демек. Инаку јас не сакам вакви епизоди, дури ни во хумористични серии не ми се интересни. Тогаш помислувам дека сценаристите немаат доволно свежи идеи, па ова секогаш е добар back up plan како да заштедат на време и да ја поминат неделата до следната епизода.