Кој аранжман е подобар за вас организираното агенциско патување или приватното патување изрежирано лично од вас? Сакате однапред да имате организација без вие да се мачите, од каталог одбирате интересна однапред дадена понуда, одите уплаќате за сместување и превоз и одите на однапред позната тура на патување. Водичот ќе ви објасни се, ќе ве однесе на местото на вашиот одмор и ваше е да се опуштите и да уживате. Или пак сакате ваш приватен аранжман за одредено патување. Вие ќе си одредите кое место сакате да го посетите, преку интернет или пријатели ќе си резервирате во хотел, мотел, приватен апартман и со сопствен превоз ќе си отидете, може па и на самото место да барате сместување и вие ќе си бидете водичот на патувањето Кој е вашиот избор за патување? А и зошто тоа е вашиот избор? Што е поисплатливо од финансиска гледна точка?
Дефинитивно приватно. Најпрво од финансиска гледна точка е барем 30% поефтино (според моите рачуници, секогаш кога споредувам така ми излегува). Втора работа е што јас одам кога сакам, ако патот е долг застанувам каде сакам, јас си го организирам времето. Сметам дека за тие пари што би ги дала на агенцијата, ќе најдам поубаво сметување од тие што би ми нашле. И последно ..... многу поспонтано e и доаѓа некако поавантуристички
Па искрено повеќе ми се допаѓа приватно патување, ем што можеш да одбереш кој ден каде одиш, што сакаш да посетиш што не. Истотака мислам дека и од финансиска гледна точка е поисплатливо зошто агенцијата како посредник и организатор сигурно зема добар процент. Но од друга страна туростички дестинации кои за прв пат ги посетуваш подобро е организирано патување, од причина што ете одиш на ново место каде сепак интернетот и мапите неможат да послужат доволно добро да го запознаеш местото. Поинаку е со туристички водич кој сепак ина има далеку подобри познавања за таа дестинација. Приватното патување е подобро за веќе запознаени места, кои претходно се посетени и нормално ќе умееш да се снајдеш, да најдеш сместување, да се снабдиш со продукти, ги знаеш плажите и сл.
Факт е дека преку агенција ти е се организирано, и да имаш пари најубаво е така. Но, многууу ама многууу поефтино е да се оди приватно. Еве другарка се врака сега од бугарија, они платија 130 евра за 9 ноќи во хотел, а јас за 11 платив 66 евра..па сега удрете математика.
Беше во хотел 11 дена? По 6 евра на ден? Што хотел ќе е тоа Ако си била во апартман ти а таа хотел тоа е друго. Инаку многу зависи кај идеш, што сакаш, хотел ил апартман итн. Пример во Грција апартман/студио подобро е сама да бараш, посебно годинава кога ги гледам аранжманиве каде каде се поскапи дури и точно дупло повеќе преку агенција да одиш. Јас со моите одевме стално или сами баравме или ќе најдевме добра куќа ќе разменевме меил/број па за идната година сами се договаравме. Еднаш имавме доста лошо искуство 3ти август, шпиц сезона плус сабота кога е навала на Грци и наоѓањето сместување беше од тешко потешко. Али затоа хотел па преку агенција со која идат моите последниве години и попусти им даваат и доаѓа многу поефтино отколку сам да си резервираш преку интернет. Еве јас сакав годинава Макарска и си гледав соби и на интернет и рачуницата иста ми доаѓаше како и преку агенцијата, а и не сум била таму од кај да ја најдам вилата меѓу илјада други вили Па си уплатив преку агенција, па газдата беше таму ми даде и попуст и топ ми се погоди. Друго тврдам дека за апсолвентска екскурзија е многу исплатлива опција преку агенција, познаници мои пробаа сами да одат на своја изрежирана апсолвентска со кола ги фати тродупло, а плус на многу места кога одиш организирано и посетуваш знаменитости картите ти се поефтини. Се вратија без ќор денар а тврдеа дека поефтино ќе ги фати А за аранжмани за далечни ексклузивни патувања е исто ефтино сам да си организираш, ќе букираш ефтин лет, ќе си одбереш хотел и шибаш. Посебно преку странски, најчесто гледам германски агенции кои се живо џабе е добро да се отиде некаде, плус имаат такви добри понуди да тешко е да одбиеш. Пример лани колешка отиде во слободен апартман во Шпанија за 7 ноќи прв ред на плажа за 200 евра, кога сакаа да продолжат уште 3-4 дена им рекоа дека апартманот е 300 евра за ноќ. фатиле промоција некоја се офајдиле Кај нас само ласт минит понуди, друго промоции тапа! Тука гледаат да те ошурат многу агенции, не да ти дадат понуда за и догодина да им се вратиш.
Приватно е многу поубаво и поефтино. Ако сте со сопствен превоз каде ке сакате таму може да одите, не сте заковани за едно место. А зошто да одите со организирано агенциско патување и на некој да му дадете маржа? Без врска. Кога гледам по ова агенциите 250 евра 7 дена во Олимик Бич. Зарем не им е нешто во ред? Јас и дечко ми баш си го направивме есапот и свативме дека многу голема пара се заштедува ако одиме приватно на одмор. Разликата е 250 евра за 7 дена во олимпик бич без јадење, а приватно ни излегува по 100 евра смештај, и 30 евра патарина и бензин= 130 евра. Има голема разлика.
Зависи каде одиш. Сум била на одмор и преку агенција и во сопствена режија. Нормално, поубаво е кога одиш преку агенција, се' е организирано и подредено. На пример, за во Египет или Шпанија многу поевтино се фаќа преку агенција. Аранжманот во Египет пред 4 - 5 години ме фати некаде 420 евра, значи зборувам за превоз, 10 ноќевања со појадок и вечера. Инаку само авионскиот билет до Каиро е 446 евра, а да не зборуваме како самите би се снашле од Каиро до Шарм ел Шеик или Хургада. Па потоа треба да имате резервирано хотел, итн... мачење е, навистина. За Шпанија исто. Аранжманите се прифатливи, како на пример онаа турата која ја вклучува Венеција, Верона, па 7 ноќевања во Лорет де Мар, и на крајот се заокружува со Ница и Монако. Во зависност од временскиот период цената на аранжманот е некаде од 370-480 евра. Авионскиот билет со аеродромски такси до Барселона навистина чини 133 евра, меѓутоа отворете и проверете го сместувањето. Дури и во најевтините хостели нема да платите помалку од 20 евра за ноќевање. А каде е храната, шетањето, итн... Значи за подалечни дестинации како Египет, Шпанија, па дури и Турција сум за агенција. Нормално дека не би задолжила агенција да ми средува за во Грција, затоа што е вистински грабеж. Истото студио преку агенција чини 60 евра од ден, а на лице место можеш да го исценкаш приватно за 25-35 евра. Бугарија и Црна Гора се исто така подобри и поисплатливи кога сами си планирате и организирате. Понекогаш е авантура кога одиш во сопствена режија на одмор. Потребно ти е само малку истражување и добар план. И уште подобар back up план.
Приватно дефинитивно.Прво поевтино ти се фаќа,второ ако одиш преку агенвија којзнае кај ке те сместат и со сопствен превоз ако одиш можеш да се прошеташ во околните места.Ние секоја година одиме приватно и наоѓаме прилично евтино сместување
Не секогаш приватното сместување ти е поефтино одколку организираното, можеби за поблиските дестинации како што се нашиов Охрид каде што на приватно е многу поефтино потоа Грција, Бугарија па и Црна Гора али за подалечните многу потешко. Еве конкретно во Бугарија можеш да најдеш смештај и тоа во Несебар за 5 евра, а и хотелите во Бугарија се прекрасни. Кога станува збор за подалечна дестинација како Шпанија, Египет, Турција многу поубаво си е организирано си одиш си уплаќаш пари и се останатото е на туристичката агенција. Кога станува збор за авионски превоз многу е поефтино организирано си знаеш се качуваш во авион, слетуваш те пречеува превоз дирекно до хотелот ни да се замараш ни ништо.
Од финансиска гледна точка поубаво е приватното патување. А тоа и повеќе ми се допаѓа. Иако се е на твоја рака, јас повеќе би приватно
Дефинитивно ПРИВАТНО! во некои случаи е поефтино, а агенцииве знаат и да зезнат (од лично искуство кажувам)
Поубаво е приватно, али со агенција се ти е обезбедено, нема што да му ја мислиш.. Видете што ми се случи на мене... Ова лето не планирав да одам на одмор.. Ама братучетка ми ќе оди во Турција, па синојка ми кажа ако сакам да одам со нив.. Се согласив, остануваше само да праша дали има уште слободни места во агенцијата... И сабајле им се јавила да праша, и и кажале прво пари да дадам, па они после ќе проверат дали има место, а ако нема место парите не ги враќаат... Можете да замислите ??? Па кој е будала да даде пари и после да му кажат - нема место !
секоја поблиска дестинација би рекла дека е подобро да се оди преку приватно сместување и во сопствена режија. Можеш по пат да застанеш каде сакаш, да се задржиш колку сакаш да правиш што сакаш да стигнеш кога сакаш притоа да најдеш место кое тебе ти се допаѓа а не на други и да заштедиш. Ајде сега агенциите нудат и само сместување без превоз но сепак би рекла јас каде сакам таму ќе преспијам, а и впрочем некако не им верувам на агенцииве. Но, ок мора да постој секогаш но, доколку идам некаде подалеку и авионски тогаш би го препуштила сето тоа на некоја агенција (со тешко срце) и би идела организирано
Мене отсекогаш подобро ми било агенциско патување, сакам кога е се организирано, па дури и малку поскапо да излезе. Сепак зависи и од местото на кое патуваме, за подалечни дестинации секако дека организирано е многу подобро. И од лично искуство, секогаш подобро сум си поминувала кога сум одела преку агенција. Сепак не треба да се заборави дека агенциите често знаат да не прелажат, затоа треба да се внимава.
Кога одиме на блиска дестинација одиме приватно, но кога одиме подалеку дефинитивно сакам агенција се да ми среди, да не се змарам а ништо, когае пристигнам да не лутам ниту за сметување, ниту ова каде е ниту она каде, со водич, не дека приватно не можеш да земеш водич или да читаш од книги и дрн дрн, ама сакам да одам да уживам а не да муја мислам.
Ми се има случено таква далавера со една ДА ЈА НАРЕЧАМ туристичка агенција и некако после тоа немам ама ич доверба. Своја режија најубаво, делиш трошок за превоз, смештај, јадење пиење со друштво и нормално нешто за тебе лично да ти остане некој денар да си имаш за трошење и тоа е тоа. Таков одмор поминав летово, и искрено еден од поубавите и поискулираните одмори ми е!
Во 90% случаеви идам со туристичка агенција. Последното летување во Херцег Нови го поминав во организација на туристичката агенција Ариес од Битола
Во 95% од случаевите идам со сопствен превоз. Веќе смачено ми е со автобус. Агенцијата си става плус провизија, автобусите кој како ќе ти се погодат, некад нема застанувања, некад нема клима во автобусот, често им се случува да заобиколат нешто од програмата што е предвидена....Така да само со кола да си отидеш е најубаво.